Автор Тема: Купување стан и уредување (Balanar)  (Прочитано 450 пати)

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #195 на: 18 Февруари 2026, 15:56:52 pm »
Мене агентката така и ми кажа - направи еден документиран план со прецизна локација на кабли (ѕидни и тавански) што ги сакаш и испрати ми го/испечати ми го.

Јас имам цел Excel (еден sheet - една соба) направено со детални позиции:

- двоен штекер на XXcm од ѕидот од кујната кон дневната, на XXcm од подот
- двоен прекинувач за светло (двонасочен) на 20cm лево од влезната врата, 100cm од подот (лев тастер за плафоњерки, десен тастер за XX). Двонасочен прекинувач бидејќи сакам и на другата страна од претсобјето да ставам ист т.е да контролирам исти светла
- висечко светло на XXcm од тој ѕид и XXcm од тој ѕид
и тн.

Само рачуниците ми се направени по димензиите на станот во брошурата, ги има димензиите на секоја просторија во cm, ама ќе треба да премерам и таму кога ќе се изѕида и прегради внатрешно, па да ги прилагодам моите рачуници.
« Последно менување: 18 Февруари 2026, 16:02:53 pm balanar »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9251
  • Пичлеме
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #196 на: 19 Февруари 2026, 08:06:57 am »
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?
Претежно на штекер, ама и да се како плотните, лесно се средува за на штекер.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4223
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #197 на: 19 Февруари 2026, 13:15:38 pm »
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?

На штек се фабрички, ама го кинеш шуко приклучокот  си ставаш WAGO клеми на кабелот од ѕид (не ставаат штеќер вообичаено), или со божур црево ги стегаш и терај наредни 20години до селдниот аспиратор.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2196
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #198 на: 19 Февруари 2026, 13:55:44 pm »
Аспираторите за во кујна - на штек се или со кабел се врзуваат (како плотната, на пример)?

На штек се фабрички, ама го кинеш шуко приклучокот  си ставаш WAGO клеми на кабелот од ѕид (не ставаат штеќер вообичаено), или со божур црево ги стегаш и терај наредни 20години до селдниот аспиратор.
Вака беше и кај мене само кабел пуштен па ја сам викнав иштемав дупка дозна мала ставив и си поврзав штеќер да имам, иначе можеш и на овој начин со вагото

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4223
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #199 на: 19 Февруари 2026, 15:46:09 pm »
Тоа сакав да ти кажам ама си удрил на потешкиот начин. Инаку аспираторот нема да го мрднеш дур работи. Обично од таму ја вадам и струјата за лед осветлување кај горните елементи кога ќе се монтира кујна.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #200 на: 21 Февруари 2026, 12:35:22 pm »
Имам едно прашање - пред некој ден потпишав договор на нотар за станбениот кредит и хипотеката, се потпишале и инвеститорот и банката.

Сега во листовите за предбележување (за станот, за подземното паркинг место, за подрумот) има забелешка дека на нотар тој и тој, договор за залог-хипотека тој и тој и ги пишува доверител - банката, а  хипотекарен должник - инвеститорот. Мене не ме пишува сеуште.

Белешката ќе се смени кога ќе се исплати целата сума на инвеститорот претпоставувам? Досега го имам платено учеството кон инвеститорот, остана уште станбениот банката да го исплати кон инвеститорот.
Па потоа се оди да се потпише купопродажниот договор и да се солемнизира на нотар, па тој нотар ќе ја смени белешката во катастар?
« Последно менување: 21 Февруари 2026, 12:42:52 pm balanar »

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3887
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #201 на: 21 Февруари 2026, 13:26:56 pm »
Ќе се потпише само преддоговор. Солемнизација на главниот договор ќе се изврши само откако зградата ќе добие технички прием.
Во преддоговорот ќе биде наведено кога инвеститорот ќе ја изгради зградата и ќе ја предаде во ваше владение со датум. До тој момент, на недовршен објект не може да се изврши солемнизација на договорот.
По извршувањето на техничкиот прием, ќе следи издавање на имотен лист на ваше име.
Дотогаш, ќе имате само лист за предбележување, кој е воден на име на инвеститорот.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3887
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #202 на: 22 Февруари 2026, 12:05:06 pm »
Аирлија нека е  имотните листови.Кој не легализирал гаражите,шупите, подрумите, спратовите има уште време
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #203 на: 23 Февруари 2026, 22:26:56 pm »
Епа денес исплатен и станбениот кредит кон инвеститорот, за кратко бев и мулти-милионер  ;D

Сакав да прашам - дали некој може да ѕирне барем еден план за ел. инсталација (за една соба) и да ми посочи дали добро ми се опишани?
Ќе споделам и распоред на станот, секако.


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7293
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #204 на: 25 Февруари 2026, 08:50:52 am »
Се е до реализација. Ако електричарот не пушти соодветни кабли и сериски ги врзе сите штекери во соби или гинстави на иста фаза плотна, бојлер, рерна, клима...џабе.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11905
  • Архитект
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #205 на: 25 Февруари 2026, 12:04:54 pm »
Епа денес исплатен и станбениот кредит кон инвеститорот, за кратко бев и мулти-милионер  ;D

Сакав да прашам - дали некој може да ѕирне барем еден план за ел. инсталација (за една соба) и да ми посочи дали добро ми се опишани?
Ќе споделам и распоред на станот, секако.



Прати ми мене. Пиши ми на ПП.

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #206 на: 11 Март 2026, 15:55:53 pm »
Епа еден мал апдејт - денес конечно во целост е исплатен станот од мене кон инвеститорот, сега уште „само“ да враќаме кредити кон банката  :)

Вчера бев до објектот, добро напредуваат.
Мене ми останува да ја доиспланирам електричната инсталација и да им дадам план/цртежи. Исто да кажам што ќе купувам сам, а што ќе одберам од нивните понудени ѕидни и подни плочки, ламинат, санитарија, внатрешни врати. Мислам дека само внатрешните врати и плочките на терасата ќе бидат од нив.

Отсутен dudin

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 387
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #207 на: 12 Март 2026, 09:34:49 am »
Епа еден мал апдејт - денес конечно во целост е исплатен станот од мене кон инвеститорот, сега уште „само“ да враќаме кредити кон банката  :)

Вчера бев до објектот, добро напредуваат.
Мене ми останува да ја доиспланирам електричната инсталација и да им дадам план/цртежи. Исто да кажам што ќе купувам сам, а што ќе одберам од нивните понудени ѕидни и подни плочки, ламинат, санитарија, внатрешни врати. Мислам дека само внатрешните врати и плочките на терасата ќе бидат од нив.
Провери си на време што се става помеѓу ореградни ѕидови, ако мислиш дека не е доволно за звучна и топлинска изолација направи промени на време ако сеуште има можност за тоа. Ова е голем проблем во огромен дел од новите градби поготово звучната изолација, ставаат блок 12-16 и малтер и тоа е тоа гледај да го решиш на време ова јас имав проблеми во претходните станови со звучна изолација, ти го кажувам ова од искуство

Отсутен balanar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3045
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #208 на: 12 Март 2026, 10:09:11 am »
Помеѓу два стана ставаат блокови, камена волна (тервол) и двослоен гипс картон.

Ова знам дека не е само на хартија напишано, туку го имплементираат и што се распрашував кај луѓе што имаат станови од истиот инвеститор (и исто реализирано) - викаа дека се задоволни од звучната изолација. Дали ме лажат - појма неам.


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5860
Одг: Купување стан и уредување (Balanar)
« Одговори #209 на: 12 Март 2026, 10:15:09 am »
Провери си на време што се става помеѓу ореградни ѕидови

Ништо не се става... Цигла и малтер. И јас можам да му предложам да си обрати внимание околу тоа сега додека е во градба, бидејќи го имам тој проблем. Се што ќе преправаш подоцна ќе биде ем поскапо ем понеизводливо, се скратува простор и слично... Топлинска изолација секако ќе има околу тоа не мора толку да се грижиш ама звучна нема во огромен процент од новите градби. Ако е така како што викаш дека се реди тервол и табли тоа е супер.