Чим Игнисот си го бендисал ти чуден вкус имаш, затоа не поминуваат новите фенси сув трендови кај тебе. 
Хаха! Игнисот го купив за 14к пред корона качувањата на цените на возила. Нема што да се мрчи за таа цена. Многу ми тешко што ќе морам да се одделам од него. А реално е многу потценета кола, максимално практична за големината. Можеш да го паркираш кај сакаш. 90 Коња на 800КГ празно возило е помоќно од колку што изгледа. Мало инаетливо магаре е. Сум товарел два М големина МТБ точаци внатре со спуштени седишта и 2 XXL на кровни носачи со патник напред! Се качивал до планинарски домови Караџица, Љуботен, Чеплес со тројца внатре и натоварен без една грепнатинка или заглавување. 1000КМ на автопат извозени во еден ден без добивање ишијас и вкочанети колена, само мигрена од бучава

. Просек потрошувачка 4.8 (не го возам секој ден низ град до работа). Никаков дефект до сега, само редовно сервисирање. Од опрема греење на седишта, добар инфотејмент систем, лизгачки задни седишта.
За изгледот на Витарата, ок ми е, не е лепотица ама па има некој по олдскул шмек. Побитно ми е да немам главоболки надвор од државава со рандом проблеми од модерен тек.
Како и да е, деновиве ќе ги пробам Дастерот, Авенџерот и Витарата па ќе споделам импресии