Автор Тема: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила  (Прочитано 3158 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7302
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #30 на: 14 Октомври 2026, 15:24:09 pm »
Авенџерот ако не смета тесниот простор на задни седишта е супер. Мене ми е мн лична.

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7249
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #31 на: 14 Октомври 2026, 15:24:46 pm »
Avenger има страшно подобар екстериер и дизајн…

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #32 на: 14 Октомври 2026, 15:28:30 pm »
Сите се сега пластики, модерно е,Т Рок е цел говно пластика внатре пример. Било што од Стелантис на грепка да ми падни нема да го возам не да платам пари за таков епски фушарлук.

Јасно е тоа се, но Дачиа беа буџет опцијата и им се прогледуваше низ прсти. Со овие цени сега некако лесно им поминуваат сите недостатоци. Да не споменувам што целиот драјв треин и мотор се нови и без доволно податоци за трајност.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5565
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #33 на: 14 Октомври 2026, 15:49:15 pm »
Daster беше едно од возилата кога бирав кола во кое влегов и не добив желба ни за тест возило. Реално за 30к+ да се возиш во таков ентериер нема смисла. Ме интересира дали познавате некој лично што ја има купено последнава генерација дастер за приватно возило?

Edit:
Ако може да му се верува и на AI продажбата на дастер е во пад 78 проценти. Тоа ја потврдува и мојата теза дека цената е многу висока за тоа што го нуди.
Hahaha a na toyotata enterierot kakov e

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Џовани Карбони
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18296
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #34 на: 14 Октомври 2026, 16:24:44 pm »
Мислам дека проблемот е што бараш мислење за различни класи возила.

Дастерот е доста поголем од Avenger и како единствено возило за секој ден има повеќе смисла од помалиот конкурент.

За изглед дефинитивно е подобар Jeep-от, ама исто така е ентри левел во понудата и очекувам да има иста количина на пластики како и Дастер.

Да не го умреа Renegade, ќе ти бркаше повеќе работа бидејќи чинам имаше верзии со добар AWD систем. Ме возеше член од форумов со Fiat 500x 4x4 на првиот снег на Водно пред 2 години, што е истото возило како и Renegade, колата немаше нити помисла да заглави со нормални зимски гуми. Комотно си правеше и AWD дрифтови што значеше дека убаво распределуваше сила напред и назад.

Како што го правиме муабетов, така и си сфаќам дека денешново време е тажно време за купување мал семеен теренец, зошто нема ништо а и тоа што го има е скапо.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6481
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #35 на: 14 Октомври 2026, 17:00:05 pm »
Реланоста е дека половен хц70 ќе ги надживее сите овие заедно. :)
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7302
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #36 на: 14 Октомври 2026, 17:18:56 pm »
Пристапот што го воведуваат да се има мал електромотор на задна оска е одличен, бидејќи во ретки случаеви би се користел.
Најголем проблем е што скоро сите теренци денес се всушност обични подигнати шасии.

Кој сака авантури, ете му и Исузу пик ап како опција :)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #37 на: 15 Октомври 2026, 07:19:56 am »
За 32к во Дастерот не ставија никаков мек материјал на потпирачот за раката на вратата, до толку е удрено на штедење.  :-X
Не знам на другите како е, ама кога веќе вака играме, јас дури и централниот наслон би го направил цел пластика.

Оди земи си Спортаж или новиот Селтос ко секој нормален и накриви капа. За мала разлика во агли на пристап и прекршување кои никогаш нема да ти се најдат до максимум не знам колку се исплаќа да земиш комерцијалистичко возило.

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #38 на: 15 Октомври 2026, 10:30:33 am »
Не го сакам спортажот, мнногу ми е во таа класа на заоблени позерски фамилијарни градски СУВ.

Како што ми гледа работава Vitara All-Grip GLX мануал испаѓа дека и не е толку лоша опција за 30к. Сигурен сум дека Миркат ќе ми дадат и некој попуст. Нека и помине гаранција ќе и закачам и лифт кит. Барем знам дека ќе земам бренд без контроверзии за разлика од европскиве 1.2 3 цилиндри турбо прдала

Стварно тажно време за купување возило

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7302
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #39 на: 15 Октомври 2026, 11:15:29 am »
Мн е Витарата застарен дизајн, главна маана мене ми е тоа.

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #40 на: 15 Октомври 2026, 11:28:04 am »
Мн е Витарата застарен дизајн, главна маана мене ми е тоа.

Тоа е и добра страна ако се прашувам јас. Тестирана и докажана платформа, евтина за сервисирање. Не ми требаат лед осветлувања и дигитални кластери и триста модени трактанци што не додаваат никаква вредност, ниту па ми требаат експерименталниве платформи со фушнати 1.2 3 цилиндрични турбо моторчиња што сум сигурен дека на подолго време ќе покажат еден куп проблеми. Ако Игнисот што го возам до сега е индикатор за издржливост (а реално сум му ебал матер и не покажал никаков проблем до 140к до сега), мислам дека Витарава е добар избор

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #41 на: 15 Октомври 2026, 12:17:23 pm »
Чим Игнисот си го бендисал ти чуден вкус имаш, затоа не поминуваат новите фенси сув трендови кај тебе.  :D

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6481
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #42 на: 15 Октомври 2026, 12:20:14 pm »
Штом не ти е очобол витарата земај, нормален мотор има барем. Мене ми е како кола од 2007ма шТо и тогаш била грдичка.
Нема некои опции, Субару сите knock knock jokes не се уопште мајтапи, Стелантис е прича за себе, дијагноза од доктор треба за да земиш нешто од нив, Дачиа беше убава опција ама не ти е по ќеф, а и гледам со цените мислат дека не се Дача повеќе.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4488
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #43 на: 15 Октомври 2026, 12:23:19 pm »
Дачија ценовно се на исто ниво како сите мејнстрим брендови. Која е целта на брендот не знам веќе.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен prchovina

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Дајте ми прос/конс (или алтернативи) за следниве возила
« Одговори #44 на: 15 Октомври 2026, 12:44:48 pm »
Чим Игнисот си го бендисал ти чуден вкус имаш, затоа не поминуваат новите фенси сув трендови кај тебе.  :D

Хаха! Игнисот го купив за 14к пред корона качувањата на цените на возила. Нема што да се мрчи за таа цена. Многу ми тешко што ќе морам да се одделам од него. А реално е многу потценета кола, максимално практична за големината. Можеш да го паркираш кај сакаш. 90 Коња на 800КГ празно возило е помоќно од колку што изгледа. Мало инаетливо магаре е. Сум товарел два М големина МТБ точаци внатре  со спуштени седишта и 2 XXL на кровни носачи со патник напред! Се качивал до планинарски домови Караџица, Љуботен, Чеплес со тројца внатре и натоварен без една грепнатинка или заглавување. 1000КМ на автопат извозени во еден ден без добивање ишијас и вкочанети колена, само мигрена од бучава :D. Просек потрошувачка 4.8 (не го возам секој ден низ град до работа). Никаков дефект до сега, само редовно сервисирање. Од опрема греење на седишта, добар инфотејмент систем, лизгачки задни седишта.

За изгледот на Витарата, ок ми е, не е лепотица ама па има некој по олдскул шмек. Побитно ми е да немам главоболки надвор од државава со рандом проблеми од модерен тек.

Како и да е, деновиве ќе ги пробам Дастерот, Авенџерот и Витарата па ќе споделам импресии