Е Витара е сосем друга платформа, нема врска со досегашната, го зеле само името. Да, почнува од 29900 за основна опрема. И подобро изгледа од хибрид Витарата. Ама мислам дека е рано сеуште за фул електрик возило кај нас.
За Крострек, да, класи над сите што ги споменавме е во дизајн. Голем душобол имам што Македонија не е баш најдобра земја да се купи, со лош дистрибутер и сервис.
Америчката Wilderness верзија па е уште подобра. 2.5L e-boxer 180 коња, 236мм висина од земја, со e-cvt што колку што разбрав е многу поедноставен механички од класичното цвт кај Субару, нема синџири да тријат цело време.



Во меѓувреме европскиве очајници нека ни продаваат 3 цилиндрични 1.2 литарски турбо прдала нашминкани да глумат авантуристички возила