Мислам дека проблемот е што бараш мислење за различни класи возила.
Дастерот е доста поголем од Avenger и како единствено возило за секој ден има повеќе смисла од помалиот конкурент.
За изглед дефинитивно е подобар Jeep-от, ама исто така е ентри левел во понудата и очекувам да има иста количина на пластики како и Дастер.
Да не го умреа Renegade, ќе ти бркаше повеќе работа бидејќи чинам имаше верзии со добар AWD систем. Ме возеше член од форумов со Fiat 500x 4x4 на првиот снег на Водно пред 2 години, што е истото возило како и Renegade, колата немаше нити помисла да заглави со нормални зимски гуми. Комотно си правеше и AWD дрифтови што значеше дека убаво распределуваше сила напред и назад.
Како што го правиме муабетов, така и си сфаќам дека денешново време е тажно време за купување мал семеен теренец, зошто нема ништо а и тоа што го има е скапо.