Здраво на сите, ова ми е прв пост на форумов, па ми треба ваше мислење.
Ми доаѓа време за ново возило, што ми треба него:
- Способно за лесен до среден офроуд (со можност за афтермаркет модирање покасно), не сум ловџија или офроуд фанатик, сакам до викендичка во зима по мраз и снег да стигнам без многу размислување, планинарам и возам МТБ често и завршувам во села со тесни и стрмни патишта, планинарски домови, национални паркови, земјени калливи патишта и сличнен незгоден каменест терен
- Компакта големина, практично за маневрирање и паркирање, не ми треба чудовиште офроудер што не го собира во катна гаража или импровизирани паркинзи во државава и околината. BAW 212 T01 го отпишав заради ова
- Прифатливи перформанси и комфорт на автопат, бучава, потрошувачка. Не сакам на 120 КМ/х да треба да викаме во кола за да правиме муабет. Не ми треба прејак мотор за беснеење по асфалт, трпелив возач сум, адреналин кикот не го добивам од загрозување на живот на недолжни луѓе
- Солидна литража на багаж - за тој сегмент на возило се разбира
- Евтино за одржување и сервисирање
Моментално листата ми е овие три возила: Subaru
Crosstrek 2026 2.0i e-BOXER, Jeep
Avenger 4xe и Dacia
Duster Extreme 1.2 hybrid-G 150 4x4
Subaru Crosstrek 2.0i e-BOXERИскрено ова ми е првиот избор. Јапонско си е јапонско. Перманентен едноставен механички и докажан AWD, солидна опрема, 2.0 атмосферец без додатни компликации како турбо или задна осовина на електрика што покасно ќе зажалам со сервисирање. Треба да е најдобро од останатите две за комфорт на автопат. Потрошувачката му е најлоша но нешто што можам да го игнорирам бидејќи тоа е цената за перманентниот AWD.
Тоа што ме премислува е
- цената - со таа опрема што би ја одбрал би дошло некаде 43-4К евра што мислам дека е премногу за овој сегмент на кола
- сум чул лоши муабети за дистрибутерот Толту. Колку е ова вистина? Како им е подршката и сервисот? Им се јавив пред некој месец ми кажаа одбери си опрема и ти нарачуваме. Успат ми понудија Haval Dargo како подобра опција
- Медиокритетен пристапен агол - како за возило што се рекламира како офроуд способно, пристапниот агол му е 18°. За споредба, Duster е 31°, Avenger 4xe e 28°
- Фабрички нема скид плејтс за заштита - дополнителен трошок
Jeep Avenger 4xe Ова ми делува како средина меѓу трите, најкомпактно, делува како да има добра технологија за цената. Знам дека повеќе е лајфстајл возило него теренски способно. Знам дека нема ни врска со Jeep, дизајнирано во фиат, произведено во полска што и можеби не е толку лошо читајќи за проблемите на амерички произведените. Цената му е 33200 евра за Upland и 37400 за North Face Edition
Тоа што ме премислива
- Стелантис групација - После сите хорор приказни од нивни возила ми звучи како ризична одлука. Колку што разбрав последнити ревизии на моторот го исфрлиле wet belt дизајнот. Колку е ова реален страв?
Dacia Duster Extreme 1.2 hybrid-G 150 4x4Можеби финансиски најодговорна опција во однос на тоа што се добива за 32500 евра. Го бие добар глас генерално но не знам колку од тоа е вистина. Опцијата за бензин/плин/хибрид делува интересно - 1000км домет со полни резервоари. Но ми делува најнекомфорно за автопат. На јутуб има доста луѓе што се жалат за багови во инфотејмнт системот, рѓосување, генерално несофистицирано и штедено на све.