Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 20343 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18158
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #120 на: 22 Јуни 2026, 00:31:30 am »
Чим вадиш и чистиш, испери од внатре кон надвор убаво со вода под притисок, особено во долниот дел на "пакетот" хладњаци :)
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #121 на: 22 Јуни 2026, 00:34:11 am »
Кога сум на самоуслужниве перални, не секогаш, ама пример на секое 3то или 4то перење, низ решетките прснувам со вапот према хладњакот и доле интеркулерот.


Иначе уште еден параметар не споделив од денешното тестирање, а тоа е дека во тоа оптеретување и тој буст од 1.33 бар, максимална температура на антифриз беше 86 степени.

А на рамно си држи 79 степени.
Затоа што новиот термостат Магнети Марели што го ставив отвора на 80 степени.


Иначе мислам дека за да го рокнам турбово, треба константно 4000+ вртежи да сум бидејки сега со оваа мапа сериозно повеке буст држи на 4000+, тогаш започна етапно да паѓа пикот од 1.35 бар, но и на 5000 вртежи во 4та сеуште имаше солиден буст како за мало турбо од 0.6 кај првата нагорнина што е кај Велес кај што се спојуваат автопативе.

Ама речиси никогаш константно над 4000 вртежи не сум.
« Последно менување: 22 Јуни 2026, 00:40:24 am FiLo »

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #122 на: 27 Јуни 2026, 18:10:25 pm »
Денес го искористив денот да го зачистам интеркулерот, премногу инсекти имаше налепено на него.

Чистено со четка површно и потоа со правосмукалка усисано. Друг метод во гаражни услови бидејки живеам во зграда немам.

Башка и на сликава со стрелките лево и десно што обележав, тие странични како гумена пластика не знам зошто беа навнатре и тоа поприлично, па вака со стеги ги затегнав и сега воздухот од напред целосно се насочува према интеркулерот.
Пус и таблицава беше неколку цм подоле, и нејзе ја кренав и сега целиот отвор е комплетно насочен да внесува воздух према интеркулерот




Плус го купив и овој адитив: https://www.wynns.eu/product/injector-cleaner-for-petrol-engines/#
Па следно кога ке наточам фулл резервоар 100ка од Макпетрол, ке го сипам и овој адитив.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #123 на: 12 Јули 2026, 19:49:23 pm »
Иако немам сеуште бројки од ОБД, сепак после 2 извозени резервоари со 100 октани од Макпетрол, каде со минатиот резервоар го имав ставено и адитивот, вчера бев до Струмица, Колешино, Смолари, а денес се вракавме преку Берово.

Со 4ца во кола плус ранци и торби во гепек, со клима над половина брзина пуштена, моторот во секој режим со 100 октани од Макпетрол ги полни вртежите без никаков проблем

Денес плус и од Струмица до Берово преку најтешкиот планински превој во Македонија, превојот Палазлија каде има постојано искачување со јак процент на нагорнина од околу 11 километри, и температура на усис сигурно 50+ степени, во ниту еден момент не се почувствува губење на силата.


После ремапов, дефинитивно 95ка бензин нема капацитет да испорача идеално работење на таа стејџ 1 мапа.

Отсутен Александар00

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #124 на: 16 Јули 2026, 15:43:39 pm »
Zdravo decki, gledam deka se zbori za fiat bravo pa sakam da ve prasam kade mozam da kupam dijagnostika odnosno tie kablite vo boja elm adapter itn itn, za da moze da se prabi proxy i kodiranje? Blagodaram

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #125 на: 16 Јули 2026, 16:07:52 pm »
Ибеј

Sent from my 2209116AG using Tapatalk


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18158
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #126 на: 16 Јули 2026, 16:41:40 pm »
Zdravo decki, gledam deka se zbori za fiat bravo pa sakam da ve prasam kade mozam da kupam dijagnostika odnosno tie kablite vo boja elm adapter itn itn, za da moze da se prabi proxy i kodiranje? Blagodaram

На Тему ги има, ги имам порачано ама ги немам пробано за жал.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #127 на: 16 Јули 2026, 19:53:48 pm »
Zdravo decki, gledam deka se zbori za fiat bravo pa sakam da ve prasam kade mozam da kupam dijagnostika odnosno tie kablite vo boja elm adapter itn itn, za da moze da se prabi proxy i kodiranje? Blagodaram

Од тему имам порачано две дијагностики, една најобична директно со кабел, а другата блутут, ама дали ке ти врши работа за тоа што го бараш не знам.

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #128 на: 19 Јули 2026, 13:30:33 pm »
Минатиот месец набавив задни плочки и глицерин бидејки 3 години се поминати од последна промена, а задни плочки бидејки не знам зошто, тие ги потроши, додека напред ниту дисковите ниту плочките се трошат. Како и зошто не знам

Набавени и филтри со масло за мал сервис.

Се е набавено од кај @Prcot.
Сега уште само со мајсторот да се договорам кога да ја извршиме промената.


Исто така да дадам и апдејт за сепараторот, потрошувачката на масло се врати исто како кога бев со мојот фабрички сепаратор, односно е помала отколку со новиот што го ставив. Чудно ама ете, со фабрички подобро работи отколку со нов.


Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #129 на: 06 Август 2026, 13:55:13 pm »
Попладнево направив други мерења и тестирања, односно како се однесува ремапот и 95ката бензин од Макпетрол при жешки услови.
Тестирано до Велес и назад.

Во текот на тестот, температурата на воздух надвор беше 35 степени, со уклучена клима постојано точно на пола, а резултатите се следни.

При крузање на рамно од 130 км/ч ги има следните бројки:
Притисок во усис 84 кPa, нема никаков буст
Температура на усис 46 степени
Агол на палење во моментот на сликањето е 24 пред TDC (ова генерално и варираше, ама бројките беа вакви, од 30 до 15 степени пред TDC)

Сега иде малку поинтересното.
За назад од патарина, педала до под за да се стаса до 130-140 км/ч најбрзо.
Аголот на палење отиде од -5 до -7, односно отиде после TDC, значи отиде во касние палење.
Веднаш штом стасав 130 и почнав по угорното да возам и се стабилизра бројките се:
Притисок во усис 137 kPa, односно 0.37 бари буст
Температура на усис 51 степен
Агол на палење 8 степени пред TDC


Потоа ја патосирав педалата и се осети дека моторот оди, ама ја загуби експлозивноста и така следните бројки беа:
Притисок во усис 233 kPa, односно 1.33 бари буст
Температура на усис 56 степени
Агол на палење отиде за почеток на 10 степени после TDC, за потоа да се стабилизира на 7 степени после TDC



Наредно е да истестирам со 98/100 октански бензин откако ке ја потрошам 95кава.




Денес го направив истиот тест, овој пат со Макпетрол 100 октански бензин.
Имав среќа повторно во моментот на тестирањето да биде 35 степени, резултатот е подобар отколку во цитираниов пост

Прво после она чистење на интеркулерот, средување на страничните насоки за директно да удира воздухот према интеркулерот, а не да бега наоколу бидејки тие верувам се затворале навнатре, плус и пред 500 км направив мал сервис, овој пат имам пониска температура на усис, држеше 51-53, наспроти 56-58 степени пред тоа.

Аголот на палење при давање полн гас на 130 км/ч во 6та и 5та брзина само на кратко го носи до -4 после ТДЦ за одма потоа да го врака на 0 и веке да го носи наназад пред ТДЦ

И моторот не се пресекува како да си му одзел 50 коња како на минатиот тест после ремапот со 95ка бензинот.

Да додадам дека пред 2000 км ставив и Wyns адитив за бензински дизни, и планирам пред секој мал сервис да му ставам, на секои 10 000 км да си добива по едно шишенце од тој адитив.



За оваа година уште да сменам глицерин и задни плочки а за наредна година здравје планот би идел некако по овој редослед:
1. Редовен мал сервис плус на нареден интервал и замена на свекици
2. Голем сервис сосе антифриз
3. Вероватно ке добие задни амортизери
4. Вероватно ке треба да се смени цела лева полуосовина, сосе надворешен зглоб и внатрешен сосе чашката. Потрошеноста на тој крстач во чашката дојде повеќе до израз сега после ремапот, повеке торк удира сега и ако не внимавам во прва и втора брзина со гаста, знае да прокрцка.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #130 на: 06 Август 2026, 16:15:53 pm »
Не верувам дека имаш автоматска кочница, ама со нејзе може да ги потроши побрзо задните од предните плочки. Барем така беше случајот кај мене, на технички не пројде ради задните плочки, додека предните беа потрошени, но имаа доволно за да пројде. Го прашав џемини, дали е ова можно кај мојата кола, ми пиша баш така, заради автоматската кочница, но и распределбата на силата при секое кочење (не како порано што беа ако стиснеш појако тогаш да кочи и со задни).

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #131 на: 06 Август 2026, 16:19:25 pm »
Нема автоматска кочница, но има една теорија последно што ја зборувавме со Симо, а тоа се задните амортизери.

Бидејки предните ми се 80 со 83%, а задните 70%, има шанси заради тоа да ми ги јаде побрзо, или пак да има некако чудна распределба на кочиониот потисок.

Затоа и ми се ставени на списокот и задните амортизери во блиска иднина да се сменат.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 944
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #132 на: 09 Август 2026, 12:06:20 pm »
Не е до автоматската сопирачка, туку до електронската дистрибуција на силата за сопирање (EBD). Бравото би требало да има EBD, кој во принцип при првото притискање на сопирачката, започнува со распределба на силата за сопирање 50/50, преку ABS/ESP системот. Затоа и во поновите автомобили има многу помалку изразено навалување нанапред при сопирање (brake dive). Во редистрбуирањето на силата потоа влијаат многу фактори.

Ова сепак не значи дека не треба на технички да си ја провериш исправноста на кочниците. :)

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7267
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #133 на: 09 Август 2026, 12:53:00 pm »
Според технички преглед, податоците што ги пишуваат се е во референтните вредности, нема отстапувања над дозволеноста. Иначе не се докрај потрошени, ама треба да се заменат пред да почнат да гребат, само никако да го начекам сега мајсторот во комшии за да ги заменам.
Плус и имам тестирано по автопат забрзано до 120-130 и потоа оставам самата кола да застане самата од себе, ниту едно тркало не е вжештено, не блокира ниту едно тркало.

Иначе 64 000 км имам поминато откако во мај 2023та ги заменив тогаш сите 4 дискови, комплет плочки и глицерин.