Попладнево направив други мерења и тестирања, односно како се однесува ремапот и 95ката бензин од Макпетрол при жешки услови.
Тестирано до Велес и назад.
Во текот на тестот, температурата на воздух надвор беше 35 степени, со уклучена клима постојано точно на пола, а резултатите се следни.
При крузање на рамно од 130 км/ч ги има следните бројки:
Притисок во усис 84 кPa, нема никаков буст
Температура на усис 46 степени
Агол на палење во моментот на сликањето е 24 пред TDC (ова генерално и варираше, ама бројките беа вакви, од 30 до 15 степени пред TDC)
Сега иде малку поинтересното.
За назад од патарина, педала до под за да се стаса до 130-140 км/ч најбрзо.
Аголот на палење отиде од -5 до -7, односно отиде после TDC, значи отиде во касние палење.
Веднаш штом стасав 130 и почнав по угорното да возам и се стабилизра бројките се:
Притисок во усис 137 kPa, односно 0.37 бари буст
Температура на усис 51 степен
Агол на палење 8 степени пред TDC
Потоа ја патосирав педалата и се осети дека моторот оди, ама ја загуби експлозивноста и така следните бројки беа:
Притисок во усис 233 kPa, односно 1.33 бари буст
Температура на усис 56 степени
Агол на палење отиде за почеток на 10 степени после TDC, за потоа да се стабилизира на 7 степени после TDC
Наредно е да истестирам со 98/100 октански бензин откако ке ја потрошам 95кава.
Денес го направив истиот тест, овој пат со Макпетрол 100 октански бензин.
Имав среќа повторно во моментот на тестирањето да биде 35 степени, резултатот е подобар отколку во цитираниов пост
Прво после она чистење на интеркулерот, средување на страничните насоки за директно да удира воздухот према интеркулерот, а не да бега наоколу бидејки тие верувам се затворале навнатре, плус и пред 500 км направив мал сервис, овој пат имам пониска температура на усис, држеше 51-53, наспроти 56-58 степени пред тоа.
Аголот на палење при давање полн гас на 130 км/ч во 6та и 5та брзина само на кратко го носи до -4 после ТДЦ за одма потоа да го врака на 0 и веке да го носи наназад пред ТДЦ
И моторот не се пресекува како да си му одзел 50 коња како на минатиот тест после ремапот со 95ка бензинот.
Да додадам дека пред 2000 км ставив и Wyns адитив за бензински дизни, и планирам пред секој мал сервис да му ставам, на секои 10 000 км да си добива по едно шишенце од тој адитив.
За оваа година уште да сменам глицерин и задни плочки а за наредна година здравје планот би идел некако по овој редослед:
1. Редовен мал сервис плус на нареден интервал и замена на свекици
2. Голем сервис сосе антифриз
3. Вероватно ке добие задни амортизери
4. Вероватно ке треба да се смени цела лева полуосовина, сосе надворешен зглоб и внатрешен сосе чашката. Потрошеноста на тој крстач во чашката дојде повеќе до израз сега после ремапот, повеке торк удира сега и ако не внимавам во прва и втора брзина со гаста, знае да прокрцка.