Автор Тема: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet  (Прочитано 17930 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18097
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #120 на: 22 Јуни 2026, 00:31:30 am »
Чим вадиш и чистиш, испери од внатре кон надвор убаво со вода под притисок, особено во долниот дел на "пакетот" хладњаци :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7228
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #121 на: 22 Јуни 2026, 00:34:11 am »
Кога сум на самоуслужниве перални, не секогаш, ама пример на секое 3то или 4то перење, низ решетките прснувам со вапот према хладњакот и доле интеркулерот.


Иначе уште еден параметар не споделив од денешното тестирање, а тоа е дека во тоа оптеретување и тој буст од 1.33 бар, максимална температура на антифриз беше 86 степени.

А на рамно си држи 79 степени.
Затоа што новиот термостат Магнети Марели што го ставив отвора на 80 степени.


Иначе мислам дека за да го рокнам турбово, треба константно 4000+ вртежи да сум бидејки сега со оваа мапа сериозно повеке буст држи на 4000+, тогаш започна етапно да паѓа пикот од 1.35 бар, но и на 5000 вртежи во 4та сеуште имаше солиден буст како за мало турбо од 0.6 кај првата нагорнина што е кај Велес кај што се спојуваат автопативе.

Ама речиси никогаш константно над 4000 вртежи не сум.
« Последно менување: 22 Јуни 2026, 00:40:24 am FiLo »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7228
Одг: Fiat Bravo 2007 1.4 t-jet
« Одговори #122 на: 27 Јуни 2026, 18:10:25 pm »
Денес го искористив денот да го зачистам интеркулерот, премногу инсекти имаше налепено на него.

Чистено со четка површно и потоа со правосмукалка усисано. Друг метод во гаражни услови бидејки живеам во зграда немам.

Башка и на сликава со стрелките лево и десно што обележав, тие странични како гумена пластика не знам зошто беа навнатре и тоа поприлично, па вака со стеги ги затегнав и сега воздухот од напред целосно се насочува према интеркулерот.
Пус и таблицава беше неколку цм подоле, и нејзе ја кренав и сега целиот отвор е комплетно насочен да внесува воздух према интеркулерот




Плус го купив и овој адитив: https://www.wynns.eu/product/injector-cleaner-for-petrol-engines/#
Па следно кога ке наточам фулл резервоар 100ка од Макпетрол, ке го сипам и овој адитив.