Иако немам сеуште бројки од ОБД, сепак после 2 извозени резервоари со 100 октани од Макпетрол, каде со минатиот резервоар го имав ставено и адитивот, вчера бев до Струмица, Колешино, Смолари, а денес се вракавме преку Берово.
Со 4ца во кола плус ранци и торби во гепек, со клима над половина брзина пуштена, моторот во секој режим со 100 октани од Макпетрол ги полни вртежите без никаков проблем
Денес плус и од Струмица до Берово преку најтешкиот планински превој во Македонија, превојот Палазлија каде има постојано искачување со јак процент на нагорнина од околу 11 километри, и температура на усис сигурно 50+ степени, во ниту еден момент не се почувствува губење на силата.
После ремапов, дефинитивно 95ка бензин нема капацитет да испорача идеално работење на таа стејџ 1 мапа.