Anyways.. да направиме ретроспектива на тоа што е направено:
- Исчистен кожниот ентериер
- исчистени пластиките на вратите и шалт табла, стакла и сл.
- спастрен гепекот колку може, прицврстен акумулаторот кој беше ризично лабав, ставени тапацири,
- спастрни тапацири на врати, звучници, puddle lights и останати орнаменти,
- Средени сигурносните појаси, беа откачени и недобро стокмени, на задните седишта беа измешани лев/десен/централен,
- Вратен самозатемнувачкиот внатрешен ретровизор (бил сменет со обичен),
- Наместен сензорот за дожд - треба да се провери функционалноста,
и уште куп пластичиња и копченца низ внатрешноста, за да личи што е можно попристојно.
- Поправени механизмите на предните прозори кои не работеа
- Поправена сувозачката врата која не се отвараше ни од надвор ни од внатре, и беше раскопан цел тапацир.
- Сменети чаури на горни виљушки
1. Да се смени хладњачето за парно, - done
2. да се измие системот за ладење, пошто течноста повеќе личи на мочуриште во алабама, а помалку на антифриз, - done
3. Да се смени уље и филтер за уље, евентуално уље во мењач. Филтерот за воздух, за разлика од овој у кабина беше неверојатно чист. - уље во мењач - done
4. Да се смени глицеринот во кочници, да се одзрачат пумпите за куплунг, - сменета пумпа на мењач - done
5. Да се сменат скинатите манжетни на летва и на осовини - done
6. Да се нарачаат амортизери и пружини од дојчланд (за да се монтираат евентуално на пролет)
7. Да се проверат свекици и сл.
Работи кои се на список за решавање, уствари список на работи кои сакам да ги средам до пролет:
- Да се средат фаровите, десниот ми е изгледа енглески, а и многу ниско удира. Исто така и ожичувањето треба да се среди кај фаровите
- Да се симне предниот браник, да видам што станува со инсталацијата за прскалки за вода на шофершајбна - done
- Да се проверат повеќе позиции на електричанта инсталација, поради метанската инсталација некои позиции се врзани со изолир и со лустер-клеми, мора да се преправат, да се залемат убаво и да се изолираат како што треба. - partly done
- Да се средат 17-ките бандаши, да бида спремни за летна сезона
- Да се најдат тапацири за гепек, оние што фалат и биле уништени поради метанската инсталација -done
- Да се купат ситници-делчиња од ентериер кои се искршени или недостасуваат како касетата на шалт табла, кожинка за менувач/рачна
- Да се набават штопови на гепек кои не се испукани. - done (мада и овие се ептен на граница)
- Да се најде заден десен катадиоптер - done
Останува да се средат следниве работи:
Сервис уље/филтер за уље, свеќици да се проверат
Течност за кочници заедно со црева за кочници, ми изгледаат спремни за менување
Амортизери и пружини
Термостат на мотор
Фарови - евентуално нови од Depo или стари со нови сочива
Да се доврши со електричната инсталација
Да се набави усисниот пленум што е оштетен поради метанскиот уред
Да се набави црево од клапна до маф сензор кое е оштетено поради метанскиот уред.
Мислам дека солидно се намали списоков на механички работи кои се неопходни за правилно функционирање. Ако ова го средам до август (кога треба да ја регистрирам), јас ќе бидам презадоволен.