Автор Тема: VW e‑up!  (Прочитано 10609 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44644
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #150 на: 12 Декември 2025, 08:47:12 am »
Симо како ја полниш? Преку ноќ? Дома? Колку време и треба да се наполни? Или практикуваш да полниш на полначите?
Едит: Мене ми е многу интересно количе.
Најчесто дома навечер, на ефтина струја. Ги користам и полначите низ град, има места каде што ми се згодни места за паркинг, на пример Зоо и Општина Скопје за во Дебар Маало, ако сум при крај со струја Дабл Три  или оној во Близина на Капитол, на 3 минути до работа ми се, Кај Интемецо/Дукат (мада овој најчесто има паркирани хибриди што немаат потреба од ЕВ станица), кога ќе се затекнам у кафана и така.
Некогаш ми е поефтино да закачам и полнам, или платам окјупанси тајм на чарџер, од паркинг да платам поготово на ПОЦ. Мада не сакам окјупанси да плаќам, ако сум ептен полн обично паркинг обичен бркам, пошто не е фер за другите електричари што имаат потреба од полнач.
Сега дома ќе изведам 3 фазен приклучок за полнење за малку побрзо да се полни. Полнењето сега е монофазно, и од 22.00 до 07.00 сабајле може да наполни околу 80% од капацитетот на батеријата, што е доволно за 2-3 зимски денови, или 3-4 летни денови, зависно од потребите и условите на возење.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1907
Одг: VW e‑up!
« Одговори #151 на: 12 Декември 2025, 09:25:52 am »
Го утепав од возење, а минатата недела и регистрација му удрив. Многу досадна кола за на форум, нема што да пишуваш за неа. Седиш возиш од А до Б и тоа е тоа.
13-14.000км градска вожња само. Минатата недела го регистрирав, регистрацијата џабе, некои 8000-8500 денари. Технички се рипна годинава (пошто на две години се прави), попуст дадоа некој у псс поради „блек фрајдерј“ од 1000-1500 денари, и државата нe` части нас електричарите, ослободување од двачката за јавни патишта (мислам за најниската кубикажа, до 750цц е 1050денари), па така, регистрацијата испадна околу 8000 наместо околу 10000 кога би бил бензинец у прашање.
Да го стаиме тоа у перспектива, За 2000 денари се поминуват околу 3500-4000 километри на ефтина струја.
После една година дружба со апчето, можам да кажам дека сум многу задоволен од неговите можности и тоа што го добив. Додуша тоа се сведува на ефтино и практично, без многу раскош и удобност, но главната цел си ја остварува - ефтин секојдневен превоз.

Од едногодишното општење со аутово, ќе издвојам неколку главни позитивни и негативни работи, кои се однесуваат на конкретново возило. Некои од нив веројатно и сум ги споменал претходно, ама еве сега собрани впечатоци:

Добри работи:
- Климатизирана внатрепност подесена на одредена температура во скано време со неделен распоред, може да се подеси само на кабел кога е да се климатизира или и на батерија, кај мене е ова второво, нека си арчи струја, битно ми е прозорите одмаглени сабајле во 8 и 15 и топла кабина на 24 степени. Само влегувам и тргнувам, никакви дополнителни мантрања околу кола насабајле.
- Пренос без брзини, Само драјв и парк те занима (и рикверц, чат-пат).
- Забрзувањето и инстант реакција на педалот за гас. Прецизноста на регулирање на силата на електромотоорот е неспоредлив со возилата со МВС.
- Возење со еден педал (педалот за гас). Поради регенеративното кочење, возможно е да се вози низ град само со педала за гас. Рекуперација на „брејк мод“ (4-ка мод), и само балансираш со педалот за гас. Треба еден краток период на усовршување на техниката, за да не биде убрзај-успори возењето, и треба да научиш со која брзина каде ќе застане возилото, но после неколку денови, веќе нема назад! Само така се вози.
- Ниското тежиште и рамномерниот распоред на тежината од батериите по патосот на возилото. Сигурно балансот е многу близок до 50/50. Иако не е  „залепена“ за земја, и иако има релативно тенки гуми, сосема солидно се маневрира во кривини, без голем бодирол.
- Бојата на колата. Ја немам испрано незнам од кога, неколку месеци се поминати. Си трпи прљавштина без мака. Не е дека многу ја сакам бојава, не ми е баш омилена оваа сина нијанса, ама е стварно промена после сите темни возила што ги имав последниве години :)
- Малите димензии и леснотијатана маневрирање во комбинација со погонската единица.
- Товарниот капацитет во однос на димензиите. Со спуштени задни седишта, коцкастиот облик на возилото овозможува сериозно товарање. неверојатни 250L багажен простор, скоро исто како неелекричната варијанта, и неверојатни 950L со спуштена задна клупа, која патем, е деллива 40/60, што е реткост во оваа класа.
- Аудио системот, одлично се „разбира“ со телефонот. И солиден звук. 6 солидни звучници не очекуваш да видиш у кола која нема електрични ретровизори :)

Не толку добри работи:
- Нема наслоњач за десна рака - уште чекам добра прилика за половен, новите се скапи.
- Лошиот дизајн на надворешните ретровизори. Секогаш на дожд се испрскани со капки и ништо не се гледа. А, да. Грејачи на ретровизори исто фалат, како и електрично подесување.
- Не баш доработената телефонска апликација за менаџирање на батерија, потрошувачка и погон.
- Неможноста за сетирање на параметрите за полнење и за батерија преку менито на возилото, приморан си со телефонска апликација да го работиш сето тоа.
- Кога ќе застанеш со one pedal driving на семафор, колата стои во место, и тоа е ок. Кога ќе почнеш со крипинг движејќи се полека низ гужва, не знае пак сама да застане во место, дури  и ако притиснеш кочница и застанеш, штом ја отпуштиш почнува со крипинг, без да стиснеш на гас. За повторно да може да застанеш и без крипинг да биде тоа, мора да забрзаш над 10км/ч, што не секогаш е возможно во сообраќај.
- Воланот не се подесува по длабочина, само по висина. Би сакал сантим-два да ми е поблиску до телото.
- Недостаток на изолација - секаде. Не е проблемот звукот додека се возиш, нема звук. Проблем е кога врне дожд и ги слушаш капките на покрив, проблем е што голите метални површини во внатрешноста по вратите, се поладни или потопли од останатите делови во ентериерот , „зрачат“ ладно или топло, во зависност од надворешната температура, затворањето на врати е како удрар во 250л празно металнобуре и слични работи
- Амортизацијата е превземена веројатно од Cargo Up!.
- Текстилот на седиштата многу лесно се прља, капка од обична вода се познава и останува флека. 
- Контролите за клима малце нервираат. Ако подесиш свои параметри, не ги памти наредниот пат кога ќе влезеш во кола, се ресетираат на дифолт 22 степени. Ова може да се стокми како што видов преку обд, веројатно ќе го стокмам наскоро.
- Нема предни магленки. Нема ни да се доплатат.

Што се однесува до автономијата, тука исто треба човек да го смени мајндсетот во однос на бензинци. На пример, на пролет/есен, кога температурите на воздухот се такви да не е потребна климатиација ниту греење, а воедно и идеална температура за батерискиот систем,  тоа е од околу 16-18 степени па до кај 24-5, тогаш има комотни 270-280км градска  автономија. Некогаш дури и повеќе, накај 300 ако нема гужва низ град.
Кога температурите се ниски, како што се деновиве, наутро околу 0 со смрзнати стакла и нискитемператури во текот на денот, па уште и ладен дождец ако врне, кога е потребно и греење и климата да работи, а и температурата на батеријата не е оптимална, тогаш рангот може да падне за 1/3 па дури и за 1/2 ако те фати опасна гужва низ град.

И да, до сега не се десило да ја „чекам“ колата да се наполни. Повеќе се чека на бензинска плин додека полниш. Со електрикава - ја закачуваш на струја, и си бркаш работа.


Ете, тоа се моите впечатоци од возење на струја по една година.
И да, ако не морам, никогаш нема да се вратам на МВС за дејли низ град, а веројатно ќе дојде време и за надовр од град да се има електрик. МВС само за ќејф и уживање :)


Оди објасни им го ова на некои батиња што возат а6, а4-ки и слични автомобили наменети за на автопат а 5 пати во живот излегле на автопат.
Скопје плаче за мали возила, скутери и велосипеди како начин на транспорт од А до Б.

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 614
Одг: VW e‑up!
« Одговори #152 на: 12 Декември 2025, 10:11:14 am »
Си го видел ова?
https://share.temu.com/HDyPr9ajNnB

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Хюндай Тюсон
Одг: VW e‑up!
« Одговори #153 на: 12 Декември 2025, 10:24:22 am »

Оди објасни им го ова на некои батиња што возат а6, а4-ки и слични автомобили наменети за на автопат а 5 пати во живот излегле на автопат.
Скопје плаче за мали возила, скутери и велосипеди како начин на транспорт од А до Б.

Мерцедес Е класа од деведесетих не заборавај :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44644
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #154 на: 12 Декември 2025, 10:57:42 am »
Си го видел ова?
https://share.temu.com/HDyPr9ajNnB
Имаше коментари дека брка работа, ама е флимзи, не е како фабричкото. Ама за тие пари, може и да се проба...
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8154
  • Плинаш!!!
Одг: VW e‑up!
« Одговори #155 на: 12 Декември 2025, 13:39:29 pm »
Симо како ја полниш? Преку ноќ? Дома? Колку време и треба да се наполни? Или практикуваш да полниш на полначите?
Едит: Мене ми е многу интересно количе.
Најчесто дома навечер, на ефтина струја. Ги користам и полначите низ град, има места каде што ми се згодни места за паркинг, на пример Зоо и Општина Скопје за во Дебар Маало, ако сум при крај со струја Дабл Три  или оној во Близина на Капитол, на 3 минути до работа ми се, Кај Интемецо/Дукат (мада овој најчесто има паркирани хибриди што немаат потреба од ЕВ станица), кога ќе се затекнам у кафана и така.
Некогаш ми е поефтино да закачам и полнам, или платам окјупанси тајм на чарџер, од паркинг да платам поготово на ПОЦ. Мада не сакам окјупанси да плаќам, ако сум ептен полн обично паркинг обичен бркам, пошто не е фер за другите електричари што имаат потреба од полнач.
Сега дома ќе изведам 3 фазен приклучок за полнење за малку побрзо да се полни. Полнењето сега е монофазно, и од 22.00 до 07.00 сабајле може да наполни околу 80% од капацитетот на батеријата, што е доволно за 2-3 зимски денови, или 3-4 летни денови, зависно од потребите и условите на возење.
Значи вака така, полначи има и функционираат. За полнење дома доаѓа исто како да полниш мобилен преку ноќ, мислам на замарање за полнење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44644
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #156 на: 12 Декември 2025, 13:48:09 pm »
Значи вака така, полначи има и функционираат. За полнење дома доаѓа исто како да полниш мобилен преку ноќ, мислам на замарање за полнење.
Да да, има за „недајбоже“ ако забораиш или си се запил вечерта па дома не си ја штекнал. Промафтај се саат време низ Сити Мол, со 7.5KW/h колку што прима апчето, ќе му бутнеш рејнџ за цел ден, околу 60-80км. Е сеа, овие киловати се поскапи, 25 денари е еден, за разлика од домашниот што е на ефтина струја 4.5 денари, ама тоа е тоа, ако дошло зорт, не е страшно да дадеш 150-тина денари да те истера низ денот.

А да, и да дополнам, секогаш полниш пред рејнџ да падне под околу 45-50км, така да резрва имаш за да истераш ден. Проблемот е што под 45-50км, веќе те форсира во „еко мод“, кој е прилично рестриктивен, ти гаси греење/клима и слични глупости. Ај тој еко мод не е така страшен, може оверрајд да му напраиш, ама кога ќе отиде под 20км рејнџ, веќе става во Еко+, кој не можеш да го прескокнеш на толку мал рејнџ, и налет кратењето на забрзување и крајна брзина, ама ако е ладно, не ти е пријатно да не можеш греење да си пуштиш.
« Последно менување: 12 Декември 2025, 14:03:20 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8154
  • Плинаш!!!
Одг: VW e‑up!
« Одговори #157 на: 12 Декември 2025, 14:07:43 pm »
Џабе, стварно џабе е возењето, дури и да полниш на брзите полначи, а дома ако полниш е ептен џабе. Право количе за низ Скопје.

Присутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7311
Одг: VW e‑up!
« Одговори #158 на: 12 Декември 2025, 14:20:46 pm »
Еве уште една слика од службената:


Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3163
  • Хюндай Тюсон
Одг: VW e‑up!
« Одговори #159 на: 12 Декември 2025, 14:55:45 pm »
Џабе, стварно џабе е возењето, дури и да полниш на брзите полначи, а дома ако полниш е ептен џабе. Право количе за низ Скопје.

Па и инаку е џабе возењето во моментов да бидеме реални. Ене кај мене троши 10+ на 100 па градска за мои потреби ме фаќа околу 100 евра месечно. Споредено со другите трошоци за живот овие 100 евра се незначителна мала ставка што нема потреба од оптимизација.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30329
    • CARclub.mk
Одг: VW e‑up!
« Одговори #160 на: 12 Декември 2025, 14:59:43 pm »
Џабе, стварно џабе е возењето, дури и да полниш на брзите полначи, а дома ако полниш е ептен џабе. Право количе за низ Скопје.

Би се надоврзал на Симо - повеќето електрични возила имаат и систем да си правиш scheduling на полнење, за да полни само на евтина струја, односно во одредени временски интервали. Па дури и да стои колата уштекана на полнач, нема да почне да полни додека не дојде евтина струја.

Плус, рецимо можеш во Недела да ја пуштиш колата да се наполни на евтина струја фуларица, па во текот на работната недела преку ноќ да си дополнуваш. И да возиш за џабе.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6629
Одг: VW e‑up!
« Одговори #161 на: 12 Декември 2025, 19:09:53 pm »
Јас плаќам на берза и има денови особени викенди кога навечер цената е 0 центи по кв/ч или некогаш е во минуси. Тогаш плаќам само за пренос и дистрибуција на струја што мислам дека е околу  0.05 еур центи по кв/ч. Преку опел апликација му ставам да почне да полни кога цената е 0 во тие часови и фактички му искача дека 100км возење ако просек сега зимно време и е 20кв/ч искача отрпилика 1 евро. 2 евра ако цената во тие часови е 0.05 центи по кв/ч плус 0.05 за пренос на струја.

Истите километри поминати во град со голфот ќе ме чинат 9 евра. Сооднос 1:9. Место да фрлам 50 евра за гориво месечно наваму натаму низ град со опелот сето тоа ме чини 5-6 евра.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14913
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW e‑up!
« Одговори #162 на: 12 Декември 2025, 20:30:12 pm »
Ќе ја поскапат и струјата како шо ја поскапија на полначи и сл.Нека се рашират во поголем број па ќе им најдат чаре.Ако не струјата ќе ти земат пари преку сервис или некоја такса,пошо компаниите треба да си заработат милијардите кои си ги заработуваат сега.

Јас ќе чекам да излези електричен v8 па тогаш ќе земам. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44644
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #163 на: 12 Декември 2025, 20:48:03 pm »
Заота сад му је матер да се има електричар, додека не им текнало на државите озбилно да ги дерат електричарите (им текнало, ама уште не знаат како). А ќе почнат. Државата ќе сака да си го надокнади тоа што нема да може да го земе преку фосилно гориво. Сега државата (барем нашава) се накалемува со 45-50% давачки на секој продаден литар гориво. Преку 1 милијарда евра се собираат преку гориво годишно. Овие пари ќе си ги сака државата назад кога ќе преминеме сите на електричари.
« Последно менување: 12 Декември 2025, 21:01:04 pm Simo - Carrier159 »
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34382
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW e‑up!
« Одговори #164 на: 13 Декември 2025, 19:53:36 pm »
Заота сад му је матер да се има електричар, додека не им текнало на државите озбилно да ги дерат електричарите (им текнало, ама уште не знаат како). А ќе почнат. Државата ќе сака да си го надокнади тоа што нема да може да го земе преку фосилно гориво. Сега државата (барем нашава) се накалемува со 45-50% давачки на секој продаден литар гориво. Преку 1 милијарда евра се собираат преку гориво годишно. Овие пари ќе си ги сака државата назад кога ќе преминеме сите на електричари.
Нашата способна влада што ја донесе Македонија да се споредува со Данска ќе најде начин да си ги врати сретствата, без да ја поскапи струјата. Нели Мицко рече со закон дека ќе го регулираат тоа кога ќе дојдат на власС