Го утепав од возење, а минатата недела и регистрација му удрив. Многу досадна кола за на форум, нема што да пишуваш за неа. Седиш возиш од А до Б и тоа е тоа.
13-14.000км градска вожња само. Минатата недела го регистрирав, регистрацијата џабе, некои 8000-8500 денари. Технички се рипна годинава (пошто на две години се прави), попуст дадоа некој у псс поради „блек фрајдерј“ од 1000-1500 денари, и државата нe` части нас електричарите, ослободување од двачката за јавни патишта (мислам за најниската кубикажа, до 750цц е 1050денари), па така, регистрацијата испадна околу 8000 наместо околу 10000 кога би бил бензинец у прашање.
Да го стаиме тоа у перспектива, За 2000 денари се поминуват околу 3500-4000 километри на ефтина струја.
После една година дружба со апчето, можам да кажам дека сум многу задоволен од неговите можности и тоа што го добив. Додуша тоа се сведува на ефтино и практично, без многу раскош и удобност, но главната цел си ја остварува - ефтин секојдневен превоз.
Од едногодишното општење со аутово, ќе издвојам неколку главни позитивни и негативни работи, кои се однесуваат на конкретново возило. Некои од нив веројатно и сум ги споменал претходно, ама еве сега собрани впечатоци:
Добри работи:
- Климатизирана внатрепност подесена на одредена температура во скано време со неделен распоред, може да се подеси само на кабел кога е да се климатизира или и на батерија, кај мене е ова второво, нека си арчи струја, битно ми е прозорите одмаглени сабајле во 8 и 15 и топла кабина на 24 степени. Само влегувам и тргнувам, никакви дополнителни мантрања околу кола насабајле.
- Пренос без брзини, Само драјв и парк те занима (и рикверц, чат-пат).
- Забрзувањето и инстант реакција на педалот за гас. Прецизноста на регулирање на силата на електромотоорот е неспоредлив со возилата со МВС.
- Возење со еден педал (педалот за гас). Поради регенеративното кочење, возможно е да се вози низ град само со педала за гас. Рекуперација на „брејк мод“ (4-ка мод), и само балансираш со педалот за гас. Треба еден краток период на усовршување на техниката, за да не биде убрзај-успори возењето, и треба да научиш со која брзина каде ќе застане возилото, но после неколку денови, веќе нема назад! Само така се вози.
- Ниското тежиште и рамномерниот распоред на тежината од батериите по патосот на возилото. Сигурно балансот е многу близок до 50/50. Иако не е „залепена“ за земја, и иако има релативно тенки гуми, сосема солидно се маневрира во кривини, без голем бодирол.
- Бојата на колата. Ја немам испрано незнам од кога, неколку месеци се поминати. Си трпи прљавштина без мака. Не е дека многу ја сакам бојава, не ми е баш омилена оваа сина нијанса, ама е стварно промена после сите темни возила што ги имав последниве години

- Малите димензии и леснотијатана маневрирање во комбинација со погонската единица.
- Товарниот капацитет во однос на димензиите. Со спуштени задни седишта, коцкастиот облик на возилото овозможува сериозно товарање. неверојатни 250L багажен простор, скоро исто како неелекричната варијанта, и неверојатни 950L со спуштена задна клупа, која патем, е деллива 40/60, што е реткост во оваа класа.
- Аудио системот, одлично се „разбира“ со телефонот. И солиден звук. 6 солидни звучници не очекуваш да видиш у кола која нема електрични ретровизори

Не толку добри работи:
- Нема наслоњач за десна рака - уште чекам добра прилика за половен, новите се скапи.
- Лошиот дизајн на надворешните ретровизори. Секогаш на дожд се испрскани со капки и ништо не се гледа. А, да. Грејачи на ретровизори исто фалат, како и електрично подесување.
- Не баш доработената телефонска апликација за менаџирање на батерија, потрошувачка и погон.
- Неможноста за сетирање на параметрите за полнење и за батерија преку менито на возилото, приморан си со телефонска апликација да го работиш сето тоа.
- Кога ќе застанеш со one pedal driving на семафор, колата стои во место, и тоа е ок. Кога ќе почнеш со крипинг движејќи се полека низ гужва, не знае пак сама да застане во место, дури и ако притиснеш кочница и застанеш, штом ја отпуштиш почнува со крипинг, без да стиснеш на гас. За повторно да може да застанеш и без крипинг да биде тоа, мора да забрзаш над 10км/ч, што не секогаш е возможно во сообраќај.
- Воланот не се подесува по длабочина, само по висина. Би сакал сантим-два да ми е поблиску до телото.
- Недостаток на изолација - секаде. Не е проблемот звукот додека се возиш, нема звук. Проблем е кога врне дожд и ги слушаш капките на покрив, проблем е што голите метални површини во внатрешноста по вратите, се поладни или потопли од останатите делови во ентериерот , „зрачат“ ладно или топло, во зависност од надворешната температура, затворањето на врати е како удрар во 250л празно металнобуре и слични работи
- Амортизацијата е превземена веројатно од Cargo Up!.
- Текстилот на седиштата многу лесно се прља, капка од обична вода се познава и останува флека.
- Контролите за клима малце нервираат. Ако подесиш свои параметри, не ги памти наредниот пат кога ќе влезеш во кола, се ресетираат на дифолт 22 степени. Ова може да се стокми како што видов преку обд, веројатно ќе го стокмам наскоро.
- Нема предни магленки. Нема ни да се доплатат.
Што се однесува до автономијата, тука исто треба човек да го смени мајндсетот во однос на бензинци. На пример, на пролет/есен, кога температурите на воздухот се такви да не е потребна климатиација ниту греење, а воедно и идеална температура за батерискиот систем, тоа е од околу 16-18 степени па до кај 24-5, тогаш има комотни 270-280км градска автономија. Некогаш дури и повеќе, накај 300 ако нема гужва низ град.
Кога температурите се ниски, како што се деновиве, наутро околу 0 со смрзнати стакла и нискитемператури во текот на денот, па уште и ладен дождец ако врне, кога е потребно и греење и климата да работи, а и температурата на батеријата не е оптимална, тогаш рангот може да падне за 1/3 па дури и за 1/2 ако те фати опасна гужва низ град.
И да, до сега не се десило да ја „чекам“ колата да се наполни. Повеќе се чека на бензинска плин додека полниш. Со електрикава - ја закачуваш на струја, и си бркаш работа.
Ете, тоа се моите впечатоци од возење на струја по една година.
И да, ако не морам, никогаш нема да се вратам на МВС за дејли низ град, а веројатно ќе дојде време и за надовр од град да се има електрик. МВС само за ќејф и уживање
