Значи вака така, полначи има и функционираат. За полнење дома доаѓа исто како да полниш мобилен преку ноќ, мислам на замарање за полнење.
Да да, има за „недајбоже“ ако забораиш или си се запил вечерта па дома не си ја штекнал. Промафтај се саат време низ Сити Мол, со 7.5KW/h колку што прима апчето, ќе му бутнеш рејнџ за цел ден, околу 60-80км. Е сеа, овие киловати се поскапи, 25 денари е еден, за разлика од домашниот што е на ефтина струја 4.5 денари, ама тоа е тоа, ако дошло зорт, не е страшно да дадеш 150-тина денари да те истера низ денот.
А да, и да дополнам, секогаш полниш пред рејнџ да падне под околу 45-50км, така да резрва имаш за да истераш ден. Проблемот е што под 45-50км, веќе те форсира во „еко мод“, кој е прилично рестриктивен, ти гаси греење/клима и слични глупости. Ај тој еко мод не е така страшен, може оверрајд да му напраиш, ама кога ќе отиде под 20км рејнџ, веќе става во Еко+, кој не можеш да го прескокнеш на толку мал рејнџ, и налет кратењето на забрзување и крајна брзина, ама ако е ладно, не ти е пријатно да не можеш греење да си пуштиш.