Честитки, со здрвје да се вози.
Супер возило за низ град.
Прашање, ако добро разбрав, математиката оди дека ова количе троши еквивлент на 1л бензин на 100км ако се полни во домашни услови, нa ефтина струја.
Дали добро разбрав ?
Да, одлично си разбрал. Тоа е есапот.
Дополнително, сервис на филтри и уље е непостоечки, кочниците рѓосуваат, не се трошат, на 3 години е потребна проверка на разладна течност и кочници. Друго нема ништо за одржување. Кога станува збор за трошоци при експлоатација, малтене се сведуваат на регистрација и кабински филтер 
Ти благодарам за одговорот. Конечно некој направи некој тип на математика, дека електрично возило троши 1л бензин на 100км, така да, ако дозволиш сакам да направам една мала пресметка за сам себе, која воопшто не е точна, само ме интересира до каде сме со исплатливоста на електричните возила во моментов.
Како прво, да се произнесам како фан на електрични возила, и едвај го чекам денот кога ке можам да си дозволам да купам електрично возило.
1. Цена
Земав Опел Корса за пример, иако претпоставувам разликата со другите производители нема да е драстично различна.
Електрична Корса, GS 0TAO, е 38.000 евра, со попуст 36.000 евра (
https://www.opel.mk/content/dam/opel/macedonia/brochures/downloads/pricelists/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-Opel-Corsa-Electric.pdf)
Бензин Корса со исто ниво на опрема и автоматски менувач, GS 0TAO, е 23.000 евра (
https://www.opel.mk/content/dam/opel/macedonia/brochures/downloads/pricelists/2024/June/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-Opel-Corsa-20240617.pdf)
Да, знам дека има поефтини модели, едноставно јас овие ги земав.
2. Потрошувачка
Бидејки ова е градско возило, за лична употреба, да речеме дека 10 години или 100.000 км е интервалот кој мене ме интересира.
Би ставил просечна потрошувачка на бензин 8л на 100 км. Ако се одземе 1л колку троши електричното, разликата е 7литри на 100км.
Цена на
7л на 100км = 560 денари
7л на 1.000км = 5.600 денари
7л на 10.000км = 56.000 денари
7л на 100.000км = 560.000 денари
Ова му доаѓа дека околу 9.000 евра повеќе ќе ме кошта возењето на бензин во споредба на струја.
3. Одржување
Мене сервисот на Мондео-то ме кошта околу 200 и несто евра мал, а голем околу 700 евра. За Корса бензинец да речеме 200 евра мал сервис, 500 голем.
10 мали сервиси по 200 евра == 2.000 евра за мал сервис за 10 години.
2 големи сервиси по 500 евра == 1.000 евра, со тоа што вторито голем сервис се прави на 10 години, и тогаш колата е спремна за наредни 5 години возење.
Друга ставка не ставам, и бензин и електричната имаат светла, и на двете ке им треба фреон за клима, кочници, на едната од користење на другата од рѓа, пак треба да се сменат.
Значи 3.000 евра за одржување на Бензин корса, без ниту еден денар за Електричната.
4. Пресметка.
Електрична Корса = 36.000 евра
Бензин Корса = 35.000 евра (цена 23.000 + бензин 9000 + одржување 3000 )
Сега за сега, Електрична Корса со никакво одржување ке ме кошта исто како Бензин Корса на 10 годишен интервал.
5. Батеријата
После 10 години, батеријата на Електричната Корса ке деградира и најверојатно ке треба да зе замени.
Напредокот на батериите е бавен, колку и да има напредок, пак цената на батеријата нема да е испод 5.000 евра (од култура пишувам оваа цена, ама имаејки предвид дека батеријата е ахиловата пета на електричните коли, не верувам дека ке има ефтина цена. Искрено мислам дека цената ке е повисока).
6. Вредност после 10 години
После 10 години, јас треба да имам Бензин Корса, сервисирана во официјален сервис, спремна за наредни 5 години. Кој и да ја купи колата е пали вози.
После 10 години, јас ке имам Електрична Корса за продажба на која треба да се смени батерија. Кој ке ја купи, треба да вложи барем 5.000 евра за нова батерија.
7. Предности и недостатоци.
Електрична Корса Предност
Најголема предност гледам во тоа што кога ќе седнам во неа летно време ќе е климатизирана, а зимно време згреана.
Потивка.
Стартност, ок, не верувам дека ке е многу постартна од 1.2 бензинецот.
Субвенции, паркинг.
Електрична Корса Недостаток
- Најголем недостаток е тоа што секое патување подалеку од дома ке бара планирање. Едноставно, не можеш да појдеш на пат со сигурноста која ја имаш со бензин кола. Не верувам дека многу ке се смени инфраструктурака кај нас. Да може ке има подобрување, но право пропорционално ке се зголеми бројот на електрични возила, и пак кога тогаш ке дремеш на некоја бензинска за електрични возила за да наполниш баретија и да можеш да продолжиш.
Доволно е еднаш да ти го уптопасти патувањето, особено ако си со деца, некој ке се налути.
Ако одиш на гости кај некој во друг град, можеби ке треба кај нив да ја наполниш колата за да можеш да се вратиш. Може и да е ке јадеш коментар ко на шала дека треба да ја поделите сметката за струја. Особено тие кој се греат на дрва, и имаат соларен болјер за топла вода се сензитивни на сметката за струја.
Звучи смешно, но ова е реален проблем кој народ по Америка го има. Ние уште не го перципираме.
- Делови и евентуален сервис.
Што ако нешто треба да се поправи.
За Бензин кола ке се најдат половни делови, има различни мајстори, ке се најде решение. За Електрична ке биде малце потешко.
Колку и да нема што да се расипе, пак има жици, спојки, нешто ке се оплабави, нешто ке треба да се застегне, замени. Лимитиран си на официјален сервис, барем во блиска иднина. Мајсторите кај нас се зафатени со сервисирање на колите од увоз, ретко кој учи и работи со електрични возила за сега.
- Друг пример
Пред 10 години при возење налетав на одрон на пат. Во кривина. Опции беа или да го закачам каменот или да излетам во провалија.
нормално го закачив каменот. И тоа баш на средина. Поминав со половна турбина од ужице, ламела, и колата се вози до ден денес. Трошок 1.000 евра.
Слично сценарио со електришно возило, би било замена на нова батерија. 5 пати поскапо.
Ова, барем јас го гледам како потенцијален недостаток. Неможноста да се сервисира.
Сигурно испуштам многу работи и промашувам нешто. Ако некој му се шишува. ве молам поправете и додадете.
Али сега за сега, од гледна точна на исплатливост, не ми личи дека електричните возила се поисплатливи од возилата со мотори со внатрешно согорување.
Но се сложувам дека електричните возила се иднината, и едвај чекам да дојде денот кога ке си земам едно.
Поздрав и извинете за подолгиот пост.