Читам и пробувам да сфатам и стварно не ми е јасно како може плин да ви е пред електрика за раст и ефикасно возење низ град. Прво, на веќе покомплициран систем од електрика додавате уште еден екстра систем за одржување и уште една потенцијална точка на откажување. Второ, 80 денари за 100км никогаш нема да вози плин. И трето плин никогаш нема да ја има леснотијата на возење низ град на електрика.
Јас сум од најголемите противници на електрични возила, ама тоа е затоа што ЕУ пробува да ги наметне како 1:1 замена за МВС, и производителите мораат да туркаат големи, неефикасни ЕВ на пазар, и со тоа не се искористува максимално потенцијалот на технологијата, во вакви мали градски возила, како и за транспорт на добра во внатрешноста на градот.