Автор Тема: VW e‑up!  (Прочитано 7233 пати)

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1197
Одг: VW e‑up!
« Одговори #60 на: 24 Февруари 2025, 20:23:10 pm »
Со здравје да се вози. Убав избор. За низ град идеално.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5915
Одг: VW e‑up!
« Одговори #61 на: 24 Февруари 2025, 20:40:23 pm »
Ova Up i Skoda citigo mislam isti li se ?
Gledam kaj mene na patking se mota edno belo malo skodice kako tico e samo povisocko malce.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #62 на: 24 Февруари 2025, 20:49:00 pm »
Исти се, некои мали суптилни разлики има: Up има целосно задно стакло, citigo има лим помеѓу задните светла, различни браници, хауба и светла (предни и задни), внатре се идентични, само електричниот citigo има друга боја на инстурментите. Другото исто.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: VW e‑up!
« Одговори #63 на: 24 Февруари 2025, 21:18:48 pm »
Честитки, со здрвје да се вози.
Супер возило за низ град.

Прашање, ако добро разбрав, математиката оди дека ова количе троши еквивлент на 1л бензин на 100км ако се полни во домашни услови, нa ефтина струја.
Дали добро разбрав ?
Да, одлично си разбрал. Тоа е есапот.
Дополнително, сервис на филтри и уље е непостоечки, кочниците рѓосуваат, не се трошат, на 3 години е потребна проверка на разладна течност и кочници. Друго нема ништо за одржување. Кога станува збор за трошоци при експлоатација, малтене се сведуваат на регистрација и кабински филтер :)

Ти благодарам за одговорот. Конечно некој направи некој тип на математика, дека електрично возило троши 1л бензин на 100км, така да, ако дозволиш сакам да направам една мала пресметка за сам себе, која воопшто не е точна, само ме интересира до каде сме со исплатливоста на електричните возила во моментов.

Како прво, да се произнесам како фан на електрични возила, и едвај го чекам денот кога ке можам да си дозволам да купам електрично возило.

1. Цена
Земав Опел Корса за пример, иако претпоставувам разликата со другите производители нема да е драстично различна.
Електрична Корса, GS 0TAO, е 38.000 евра, со попуст 36.000 евра (https://www.opel.mk/content/dam/opel/macedonia/brochures/downloads/pricelists/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-Opel-Corsa-Electric.pdf)

Бензин Корса со исто ниво на опрема и автоматски менувач, GS 0TAO, е 23.000 евра (https://www.opel.mk/content/dam/opel/macedonia/brochures/downloads/pricelists/2024/June/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-Opel-Corsa-20240617.pdf)
Да, знам дека има поефтини модели, едноставно јас овие ги земав.

2. Потрошувачка
Бидејки ова е градско возило, за лична употреба, да речеме дека 10 години или 100.000 км е интервалот кој мене ме интересира.
Би ставил просечна потрошувачка на бензин 8л на 100 км. Ако се одземе 1л колку троши електричното, разликата е 7литри на 100км.
Цена на
7л на 100км = 560 денари
7л на 1.000км = 5.600 денари
7л на 10.000км = 56.000 денари
7л на 100.000км = 560.000 денари
Ова му доаѓа дека околу 9.000 евра повеќе ќе ме кошта возењето на бензин во споредба на струја.

3. Одржување
Мене сервисот на Мондео-то ме кошта околу 200 и несто евра мал, а голем околу 700 евра. За Корса бензинец да речеме 200 евра мал сервис, 500 голем.
10 мали сервиси по 200 евра == 2.000 евра за мал сервис за 10 години.
2 големи сервиси по 500 евра == 1.000 евра, со тоа што вторито голем сервис се прави на 10 години, и тогаш колата е спремна за наредни 5 години возење.
Друга ставка не ставам, и бензин и електричната имаат светла, и на двете ке им треба фреон за клима, кочници, на едната од користење на другата од рѓа, пак треба да се сменат.
Значи 3.000 евра за одржување на Бензин корса, без ниту еден денар за Електричната.

4. Пресметка.
Електрична Корса = 36.000 евра
Бензин Корса = 35.000 евра (цена 23.000 + бензин 9000 + одржување 3000 )
Сега за сега, Електрична Корса со никакво одржување ке ме кошта исто како Бензин Корса на 10 годишен интервал.

5. Батеријата
После 10 години, батеријата на Електричната Корса ке деградира и најверојатно ке треба да зе замени.
Напредокот на батериите е бавен, колку и да има напредок, пак цената на батеријата нема да е испод 5.000 евра (од култура пишувам оваа цена, ама имаејки предвид дека батеријата е ахиловата пета на електричните коли, не верувам дека ке има ефтина цена. Искрено мислам дека цената ке е повисока).

6. Вредност после 10 години
После 10 години, јас треба да имам Бензин Корса, сервисирана во официјален сервис, спремна за наредни 5 години. Кој и да ја купи колата е пали вози.
После 10 години, јас ке имам Електрична Корса за продажба на која треба да се смени батерија. Кој ке ја купи, треба да вложи барем 5.000 евра за нова батерија.

7. Предности и недостатоци.
Електрична Корса Предност
Најголема предност гледам во тоа што кога ќе седнам во неа летно време ќе е климатизирана, а зимно време згреана.
Потивка.
Стартност, ок, не верувам дека ке е многу постартна од 1.2 бензинецот.
Субвенции, паркинг.

Електрична Корса Недостаток
 - Најголем недостаток е тоа што секое патување подалеку од дома ке бара планирање. Едноставно, не можеш да појдеш на пат со сигурноста која ја имаш со бензин кола. Не верувам дека многу ке се смени инфраструктурака кај нас. Да може ке има подобрување, но право пропорционално ке се зголеми бројот на електрични возила, и пак кога тогаш ке дремеш на некоја бензинска за електрични возила за да наполниш баретија и да можеш да продолжиш.
Доволно е еднаш да ти го уптопасти патувањето, особено ако си со деца, некој ке се налути.

Ако одиш на гости кај некој во друг град, можеби ке треба кај нив да ја наполниш колата за да можеш да се вратиш. Може и да е ке јадеш коментар ко на шала дека треба да ја поделите сметката за струја. Особено тие кој се греат на дрва, и имаат соларен болјер за топла вода се сензитивни на сметката за струја.

Звучи смешно, но ова е реален проблем кој народ по Америка го има. Ние уште не го перципираме.

 - Делови и евентуален сервис.
Што ако нешто треба да се поправи.
За Бензин кола ке се најдат половни делови, има различни мајстори, ке се најде решение. За Електрична ке биде малце потешко.
Колку и да нема што да се расипе, пак има жици, спојки, нешто ке се оплабави, нешто ке треба да се застегне, замени. Лимитиран си на официјален сервис, барем во блиска иднина. Мајсторите кај нас се зафатени со сервисирање на колите од увоз, ретко кој учи и работи со електрични возила за сега.

 - Друг пример
Пред 10 години при возење налетав на одрон на пат. Во кривина. Опции беа или да го закачам каменот или да излетам во провалија.
нормално го закачив каменот. И тоа баш на средина. Поминав со половна турбина од ужице, ламела, и колата се вози до ден денес. Трошок 1.000 евра.
Слично сценарио со електришно возило,  би било замена на нова батерија. 5 пати поскапо.
Ова, барем јас го гледам како потенцијален недостаток. Неможноста да се сервисира.

Сигурно испуштам многу работи и промашувам нешто. Ако некој му се шишува. ве молам поправете и додадете.
Али сега за сега, од гледна точна на исплатливост, не ми личи дека електричните возила се поисплатливи од возилата со мотори со внатрешно согорување.
Но се сложувам дека електричните возила се иднината, и едвај чекам да дојде денот кога ке си земам едно.

Поздрав и извинете за подолгиот пост.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW e‑up!
« Одговори #64 на: 24 Февруари 2025, 22:08:10 pm »
Сите го пропуштаме нај битниот момент во целата приказна,а тоа е дека какво и да возило произведат,фабриките ќе ни го наплатат како МВС возило инаку како тие би опстоиле.
Во ниту еден момент тие не помислиле НИЕ да поминиме поевтино,а и нема да поминиме.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #65 на: 24 Февруари 2025, 22:31:23 pm »
@draganamon само ќе те исправам кај „предностите“: стартноста е многу подобра, скоро нереална кај било кои електрични споредбено со мвс со слична/иста снага. Две причини: инстант респонс и многу мали загуби на снага од мотор до тркала.
Субвенции - никакви, паркинг не е бесплатен.
За другото си во право. Треба доста возење за да се исплати разликата во цена ново вс ново. Исто така, точно е дека си зависен од инфраструктурата за подолги патувања. Ако немаш модел за поседување на две возила едно електрично претежно за во град, и уште едно конвенционално за подолги патувања, тешко дека ќе најдеш рационале за набавка на нов EV во овој момент. Мооожеби некое поскапо лонг рејнџ способно возило, доколку имаш паричка, било што со над 80kWh батерија ќе биде сосема ок, но кога ќе бираш такво возило, не гледаш на долгорочна исплатливост, туку ќејфот си го гледаш.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: VW e‑up!
« Одговори #66 на: 24 Февруари 2025, 22:40:58 pm »

Частам кафе некој ден во замена за кругче низ маало :)
Да ја осетиме стартноста.
А и ке се најдеме на муабет, за мене Giulia-та е најубавото возило некогаш направено.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Одг: VW e‑up!
« Одговори #67 на: 24 Февруари 2025, 22:42:43 pm »

Се дур не седнеш во неа.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: VW e‑up!
« Одговори #68 на: 24 Февруари 2025, 22:45:54 pm »

Ме ставија на диета сега.
Да ослабам 20кг, да се размрдам во теретана, и пак ке пробам да седнам во Giulia.
Тамн да му стаса на членот кој ја продаде Шкодата и чека да му стаса.
Знам на кој паркинг ке му стои )

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: VW e‑up!
« Одговори #69 на: 24 Февруари 2025, 22:45:57 pm »
@draganamon  Одличен пост за старт на нова тема, или приклучување на веќе постоечка.
Мој коментар е дека електричните возила се нереално поскапи од МВС, кои и така веќе се доста скапи после 2021ва.
Ако купуваш ново возило, разликата во цена треба одма да ја платиш, дали цела сума, дали месечна рата поголема ќе имаш сеедно.
Цената на струјата, па и на бензинот е променлива, може разликата ќе се намали, може ќе се зголеми. (Веројатно) Најдобро би било да се полни ел.возило со струја од сопствено производство.
Околу спореддбата со 1.2 турбо мотор, моето искуство и перцепција е дека од 0 до кај 70-80 км/ч делува како да има 150 бензински КС, ако не и повеќе. Стварно е доста стартно, фино лепи за седишта.
За подолги патувања си треба возило со поголема батерија, те доста поголеми возила од ова, кои се доста скапи. Не знам ни дали има логика да се земе такво возило, барем мене ми нема, имајќи ги во предвид условите каде што живеам, како цена на струја, субвенции и сл.
Како второ, мало возило, за низ град поготово низ гужви, само електрични е спасот од нервози, ваљда и од смрдеа од ауспуси, за екологија не станува збор, мислам дека не се еко електричниве.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #70 на: 24 Февруари 2025, 22:52:00 pm »
@draganamon само ќе те исправам кај „предностите“: стартноста е многу подобра, скоро нереална кај било кои електрични споредбено со мвс со слична/иста снага. Две причини: инстант респонс и многу мали загуби на снага од мотор до тркала.
Субвенции - никакви, паркинг не е бесплатен.
За другото си во право. Треба доста возење за да се исплати разликата во цена ново вс ново. Исто така, точно е дека си зависен од инфраструктурата за подолги патувања. Ако немаш модел за поседување на две возила едно електрично претежно за во град, и уште едно конвенционално за подолги патувања, тешко дека ќе најдеш рационале за набавка на нов EV во овој момент. Мооожеби некое поскапо лонг рејнџ способно возило, доколку имаш паричка, било што со над 80kWh батерија ќе биде сосема ок, но кога ќе бираш такво возило, не гледаш на долгорочна исплатливост, туку ќејфот си го гледаш.
Частам кафе некој ден во замена за кругче низ маало :)
Да ја осетиме стартноста.
А и ке се најдеме на муабет, за мене Giulia-та е најубавото возило некогаш направено.
Кога сакаш! Јас сум генрално слободен уметник, лесно можам да најдам време, пиши ПП кога ќе си расположен, ќе се договориме. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: VW e‑up!
« Одговори #71 на: 24 Февруари 2025, 22:55:11 pm »
Ако веќе навлегуваме во таа територија ќе дојдеме до заклучокот и зошто некој би дал 23к за корса со трицилиндраш кога за 25к има октавија..
Инаку да цената за нови мали електрични возила во европа е нереално висока. Но од друга страна ако почнат да стануваат достапни како во кина па еве и малку поскапи во рангот на 17-20к ќе имаат многу добра продажба.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 787
Одг: VW e‑up!
« Одговори #72 на: 24 Февруари 2025, 22:59:24 pm »
@draganamon  Одличен пост за старт на нова тема, или приклучување на веќе постоечка.
Мој коментар е дека електричните возила се нереално поскапи од МВС, кои и така веќе се доста скапи после 2021ва.
Ако купуваш ново возило, разликата во цена треба одма да ја платиш, дали цела сума, дали месечна рата поголема ќе имаш сеедно.
Цената на струјата, па и на бензинот е променлива, може разликата ќе се намали, може ќе се зголеми. (Веројатно) Најдобро би било да се полни ел.возило со струја од сопствено производство.
Околу спореддбата со 1.2 турбо мотор, моето искуство и перцепција е дека од 0 до кај 70-80 км/ч делува како да има 150 бензински КС, ако не и повеќе. Стварно е доста стартно, фино лепи за седишта.
За подолги патувања си треба возило со поголема батерија, те доста поголеми возила од ова, кои се доста скапи. Не знам ни дали има логика да се земе такво возило, барем мене ми нема, имајќи ги во предвид условите каде што живеам, како цена на струја, субвенции и сл.
Како второ, мало возило, за низ град поготово низ гужви, само електрични е спасот од нервози, ваљда и од смрдеа од ауспуси, за екологија не станува збор, мислам дека не се еко електричниве.

Тоа е интересното.
Електрично мало возило е најдобро како второ возило за низ град. Сите се согласуваме.
Но во реалноста, тоа значи за нормално функционирање на 4 члено семејство има потреба од 2 коли, или во превод 2 паркинг места.
Паркинг место е 10.000 евра во Аеродром.
За 1 стан денес најчесто не можеш да купиш 2 паркинг места.
Отпиши добар дел од Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош... т.е. пола Скопје, кој живее во постара зграда без гаража, кој има само едно паркинг место, бирај. Мслам на прсти ќе се бројат тие кој ке имаат можност за 2 паркинг места во една зграда.
Провинцијалци кој рентаат станови низ Скопје, тешко се доаѓа до паркинг место. А и тоа ке се студенти, или млади вработени. Веројатноста да имаат возило, па и електрично е минимална.
Народ кој патува до Скопје и назад и треба возило за да појдат на пат БЕЗ да бидат зависни од јавен полнач. Пример треба да одиш до државна болница. Ај што нема паркинг, нема полнач, па и да мислиш да не надминеш 4 саати.

Многу ке биде тешка и болна транзицијата кон електрични возила кај нас. Да не речам невозможна без функтионален јавен превоз.
А функционален јавен превоз нема со купување само на нови автобуси.
И така, ке си вртиме во круг.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: VW e‑up!
« Одговори #73 на: 24 Февруари 2025, 23:06:48 pm »
@draganamon  Одличен пост за старт на нова тема, или приклучување на веќе постоечка.
Нека се развие малце дискусијава, ќе отвориме една „живот и предизвици со електрични возила“ :)

Цитат
Како второ, мало возило, за низ град поготово низ гужви, само електрични е спасот од нервози, ваљда и од смрдеа од ауспуси, за екологија не станува збор, мислам дека не се еко електричниве.

Што се однесува до екологијата, во Македонија 20% од потрошената електрична енергија, а 27% од произведената енергија е од обновливи извори и трендот на раст е прилично висок. Рачунај дека реално загубите на енергија од производство на ел. енергија до потрошено за возење, се многукратно помали од производство на фосилно гориво, и исто така и потрошувачката, кај МВС искористеноста на енергијата е едвај до 30%, а кај EV e 80-90%, еколошките придобивки еден-на-еден се многукратни. Исто така битна работа е што EV-ата обично загадувањето го прават надвор од урбана средина (во местата на производство на електрика, кои што најчесто се надвор од населени места - Битола и Осломеј/Кичево настрана). Не дека Грета Тунберг ми е омилена личност, но реално има огромни придобивки за екологијата во населените места со користење на ЕВ-а. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4394
Одг: VW e‑up!
« Одговори #74 на: 24 Февруари 2025, 23:18:40 pm »
Околу екологијата, не мислев само на горивото, те струјата која ја користат за погон. Производството на самите батерии далеку е од еколошко, а за одлагањето на веќе мртвите батерии немам читано дека има некое безбедно решение за околината. Се надевам дека ќе се сменат работите и во тој дел од приказната со електричните возила, да не искочи дека на некој дел од Земјата се тера екологија, онаму каде што ќе се возат и струјата ќе биде еко, ама во друг дел од Земјата ќе биде гробница за батериите и за околината.