Реално во Србија има нонстоп акции. Ако србинов ја земал со макс опрема 30.000 евра, а еуроимпекс 38.000 еу, тоа машала е добра маржа. Знаеме дека има разлика од 2000-2500 евра поскапи давачки споредено со Србија.
Ама повторно останува 4500 евра разлика во заработка, во однос на србите е премногу. А ако знаеме и дека србите ќаруваат, тоа е плус уште 1000-2000 евра. Што значи дека за Еуроимпекс доаѓа ќар од околу 6500 евра
Не е баш така како што мислиш, и есапот не е баш таков каков што го правиш.
Попустот кој е даден во Србија технички е одобрен од самиот производител. Се случува и тоа, обично го викаат „support“ и доаѓа од време на време од самите производители, од икс причини. Може да е чистење залиха, може да е пробивање пазар, може да е одговор на некакви субвенции, итн.
Еве на пример, BYD донесоа во Македонија 30-тина парчиња BYD Dolphin кои ги продаваа по цена од околу 21.000 Евра. Регуларна, малопродажна цена низ Европа на тие модели е над 30.000 Евра. Цената беше таква бидејќи BYD чистеше залихи од сега веќе стар модел. Примероците беа повлечени од Белгија, ако не се лажам. Нормално, сите се распродадоа за 10-тина дена.