Ако некој е заинтересиран за Chery:
Јас имам Chery Tiggo 7 Pro, го имам скоро 2 години и имам извозено 20000 километри со него - до сега немам никакви замерки. Панорамскиот кров малку крцка кога возам по нерамен пат (што е нормално) и самата вожња не е спортска како на пример Sportage или Куга, но со оглед на цената супер се покажа до сега и на автопат и низ град.
Единствено нешто зошто би земал друг автомобил моментално е заради поголем багажник (475 литри) - собира доста, но со деца, куфери итн. може да дојде малку кнап.