And yet, не значи дека не се продаваат. Во 2025 имаа грубо околу 10% удел на МК пазарот, годинава очекувам да бидат и повеќе.
И интересното е што (веќе) не се продаваат само евтините возила, него веќе се продаваат и (објективно) скапи возила. Гранд Моторс (по старо Мида) пред 10-тина дена донесоа и продадоа 12 комада Chery Tiggo 9 PHEV по цена од 50.000 Евра. Lynk & Co лани продаде (мислам, може да утињам за ситно) околу 18-20 комада од големиот 08 PHEV. По улици (јас барем) редовно гледам Dongfeng Mage и Forthing T5 Evo, коли што се по 25-27к+. И кога сме кај нив, лани продадоа ~190 возила во Македонија.
Кинезите разбраа дека опремата е евтина. Одлучи ти да ја купиш колата, опремата е евтина, еве ти све. А европскиве брендови го тупат со 300-500-800 евра доплати и за најситни работи.
Во следниве 3-4 месеци треба официјално да почне и продажбата на BYD, а до крајот на годината се чекаат уште еден или два брендови.