Автор Тема: Патарини - ТАГ уред  (Прочитано 110955 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7135
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1050 на: 09 Мај 2026, 06:20:00 am »
Во Хрватска, малтене на 1м од рампа ги отвара, за да не му титнеш на тој пред тебе кој нема таг. Скоро па се застанува.

Најлевата во Хрватска (fast) каде ја има работи побрзо, ама се жалеа дека МК/СРБ тагови не работат на неа. И да, на десните стандардни малтене застануеш Слично е и во Грција. Кај нас е мааалце подобро, читачите се поназад, а во Србија брате, на 50 метра им се читачите, ладно влагаш и со 30-40 проаѓаш.

Инаку папазјанија направија со таговиве, исто како и во Србија. Секој оператор своја апп ( веројатно една е а сите ја пресликале ) ЈПДП мораш припејд. Овде со срца онде на рати....

Ќе отиде преку ЈПДП во историја, кога преку оператериве си го бираш начинот на плаќање.
Нешто што ЈПДП требаше да го направи, а не го направија.

Вероватно вака им е и полесно.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7127
  • Бенве сие бенве
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1051 на: 12 Мај 2026, 06:07:18 am »
Имаат некој проблем во системот. Вчера минам на таа пред штип и ми пишува останата сума 50ден. Ден претходно дополнив 2000 на шалтер. Ајде назад на враќање отидов на кеш и вика инкасантот имаше пуштено известување никој да не дополнува од колегите, не знам зошто го направил тоа, чувај си ја фискалната и ако не се среди по долг период барај да ти ги вратат парите.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44987
  • Il Moderatore
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1052 на: 12 Мај 2026, 07:01:07 am »
Ако не ја чуваш фискалната - папала маца, а? И кој е тој „подолг период“, нешто као 6 месеци? :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7127
  • Бенве сие бенве
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1053 на: 12 Мај 2026, 07:09:07 am »
Не ја чувам, ја фрлив веднаш, ќе поминам денес/утре на друга наплатна да видам како ќе чита. Се надевам само на нивната станица има проблем.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8266
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1054 на: 12 Мај 2026, 08:14:00 am »
Глобален проблем е на двете наплатни накај штип. Во тој реон се менува оптика, па не се знае колку ќе трае проблемот. Се надевам дека ќе немаш проблем да ти ги вратат средствата.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2797
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1055 на: 12 Мај 2026, 10:57:09 am »
Чисто инфо за некој ако му затреба - поради реновирањето на едната лента (барем засега) во правец Скопје - Миладиновци, се прави гужва доста повеќе од ,,нормалната" гужва после работно време (~ 16 часот).
Фатив преку Петровец (па после се вратив накај Миладиновци/Свети Николе) - имаше 3 коли на 5 ленти во 16:15. Топ.
Не знам колку е разликата во километри, немам проверено. Минатата недела повеќе чекавме на патарината отколку што стигнавме од Водовод (под Кале) до патарината.

@Zile - Што е муабетов со тоа што снемува ленти за М-Кард? Се спремаат за фул М-ТАГ или како?
Конкретно вчера сабајлечки на Кадрифаково и на Преод немаше ленти за М-Кард, а имаше две ленти за М-ТАГ (никогаш не се случило на тие патарини, во тоа време). Исто беше и на Петровец и на Преод на враќање.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1470
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1056 на: 12 Мај 2026, 11:04:55 am »
На италиански се вика Cosa Nostra.
На македонски Наша работа.

Под претпоставка дека е некој сервер или клауд, ако софтверот издал фискална, логично е некаде таму горе да е запишана уплатата во системот на ЈПДП

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8266
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1057 на: 12 Мај 2026, 11:25:05 am »


Чисто инфо за некој ако му затреба - поради реновирањето на едната лента (барем засега) во правец Скопје - Миладиновци, се прави гужва доста повеќе од ,,нормалната" гужва после работно време (~ 16 часот).
Фатив преку Петровец (па после се вратив накај Миладиновци/Свети Николе) - имаше 3 коли на 5 ленти во 16:15. Топ.
Не знам колку е разликата во километри, немам проверено. Минатата недела повеќе чекавме на патарината отколку што стигнавме од Водовод (под Кале) до патарината.

@Zile - Што е муабетов со тоа што снемува ленти за М-Кард? Се спремаат за фул М-ТАГ или како?
Конкретно вчера сабајлечки на Кадрифаково и на Преод немаше ленти за М-Кард, а имаше две ленти за М-ТАГ (никогаш не се случило на тие патарини, во тоа време). Исто беше и на Петровец и на Преод на враќање.

Тоа е желба на одговорниот на станицата. Некои од нив повеќе сакаат да имаат 2 мтаг ленти наместо една мкард и една мтаг.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2797
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1058 на: 12 Мај 2026, 11:47:59 am »
Епа супер.

Ќе продолжиме да си тераме во М-ТАГ лента со М-Кард  :)

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1059 на: 12 Мај 2026, 12:20:05 pm »
Чисто инфо за некој ако му затреба - поради реновирањето на едната лента (барем засега) во правец Скопје - Миладиновци, се прави гужва доста повеќе од ,,нормалната" гужва после работно време (~ 16 часот).
Фатив преку Петровец (па после се вратив накај Миладиновци/Свети Николе) - имаше 3 коли на 5 ленти во 16:15. Топ.
Не знам колку е разликата во километри, немам проверено. Минатата недела повеќе чекавме на патарината отколку што стигнавме од Водовод (под Кале) до патарината.
Околу 5 км е разлика, а временски е пократко во гужва.... мене одамна ми е стандард процедура тоа за избегнување и на нормалната гужва кај Миладиновци...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8266
  • Плинаш!!!
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1060 на: 12 Мај 2026, 12:21:56 pm »
Исто и јас оддамна ја бегам миладиновци, а разликата е 5км.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 143
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1061 на: 14 Мај 2026, 19:42:55 pm »
Е како бе ЈПДП на наплатна станица Преод во еден правец цената на патарината е 100 денари, а во друг правец е 70???

Ајде што на наплатната станица Петровец не ви функционира крајната десна лента за таг уреди, ама па крадење од приближно 50% од цената е сепак многу?


Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 310
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1062 на: 14 Мај 2026, 20:53:27 pm »
Е како бе ЈПДП на наплатна станица Преод во еден правец цената на патарината е 100 денари, а во друг правец е 70???

Ајде што на наплатната станица Петровец не ви функционира крајната десна лента за таг уреди, ама па крадење од приближно 50% од цената е сепак многу?

Пиши мејл ако ти наплатиле повеќе ќе ти рефундираат, ажурни се со комуникацијата преку мејл.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2797
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1063 на: 14 Мај 2026, 21:04:34 pm »
Те има прочитано како друга категорија, мене ми се има десено со Леонот, плаќав со М-Кард.
Им пишав мејл, им објаснив, ми ја вратија разликата во пари на М-Кард сметката.

Отсутен flashgordon007

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 143
Одг: Патарини - ТАГ уред
« Одговори #1064 на: 14 Мај 2026, 21:37:20 pm »
Е како бе ЈПДП на наплатна станица Преод во еден правец цената на патарината е 100 денари, а во друг правец е 70???

Ајде што на наплатната станица Петровец не ви функционира крајната десна лента за таг уреди, ама па крадење од приближно 50% од цената е сепак многу?

Пиши мејл ако ти наплатиле повеќе ќе ти рефундираат, ажурни се со комуникацијата преку мејл.

На која емајл адреса? на онаа контакт формата на која никој не одговара?

@balanar Сите поминувања се регистрирани како возило од прва категорија