Автор Тема: Хомологација - Единечно одобрување без COC за возила без ЕУ типско одобрување?  (Прочитано 16170 пати)

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Калакурница е ова сето. Овие викаат едно, кој и да прашаш од технички викаат не поминува ова. Ова само во Македонија ваков циркуз може да се приреди


Ужас. Кај кој технички се обрати? Јас ќе ги контактирам, или директно ќе одам во АМ Церт. Кај нив јасно е наведено дека вршат единечно одобрување на **прегледано** возило, кај некои други тоа воопшто не е наведено. (според институт за акредитација)

https://iarm.gov.mk/2021/02/19/%d0%b8%d1%82-023-%d0%b0%d0%bc-%d1%86%d0%b5%d1%80%d1%82-%d0%b4%d0%be%d0%be%d0%b5%d0%bb-%d1%81%d0%ba%d0%be%d0%bf%d1%98%d0%b5/

Ако треба ќе отидам и со овој сертификат за овластување...
https://iarm.gov.mk/wp-content/uploads/2024/06/OB-05-31-Prilog-kon-sertifikatot-za-IT_023-AM-CERT_24.06.2024.pdf

Отсутен Co9099

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 112
Еве одговор од дирекно од министерство

 Почитувани,

Во прилог се одговорите за прашањата:

    Дали моторно возило произведено за пазар надвор од Европската Унија (во конкретниот случај Република Кореја) може да биде регистрирано во Република Северна Македонија преку постапка за единично одобрување?

Одговор: Да, доколку ги поседува бараните документи во постапката за единечно одобрување. Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.

                Ако Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.

 

    Кои документи и техничка документација се потребни за спроведување на постапката за единично одобрување на вакво возило?

Одговор: Во член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) е пропишана потребна пропратна документација кон барањето за добивање на одобрение за единечно возило.

 

    Дали е потребен Certificate of Conformity (COC), или постапката може да се спроведе и со друга техничка документација (TÜV Datenblatt, технички спецификации од производителот или друг еквивалентен документ)?

Одговор: Согласно член 8 од Правилникот за единечно одобрување на возило („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/10, 62/10, 105/10, 13/11, 39/11, 169/11, 185/11, 84/12, 132/12, 153/12, 59/13, 138/13, 29/14, 35/14, 119/14, 168/14, 182/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.30/21 и 37/26) во постапката на единечно одобрување потребно е да се достави потврда за исполнување на техничките барања во оригинал издадена од производителот или од застапникот на производителот, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник или потврда за исполнување на техничките барања издадена од независна институција наведена во Договорот за донесување на униформни (еднообразни) технички прописи за возилата на тркала, опремата и деловите кои можат да се вградат и/или да се користат на возила на тркала, како и за условите за реципрочно признавање на одобрувањата издадени врз база на тие прописи (Спогодба од 1958) која ќе биде прифатена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, односно технички карактеристики и список на одобренија доделени за возилото, неговите системи, самостојните технички единици и составните делови, согласно барањата од Прилог II од овој правилник.

Преглед на независните институции кои ги прифаќа Министерството на следните линкови:

                - Листа на независни институции во статусот на Договорот од 1958 година на Обединетите нации, а прифатени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини:

                WP.29 - 1958 Agreement Status

                - Листа на независни институции-тековно овластени технички служби во секоја земја членка на Европската унија:

                https://ec.europa.eu/docsroom/documents?tags=technicalserviceauto&pageSize=30&sortCol=title&sortOrder=asc

 

    Кои правни лица или овластени технички служби се надлежни за спроведување на постапката за единично одобрување и издавање на потребната техничка документација?

Одговор: Постапката на одобрување на единечно возило се спроведува во овластени технички служби. Услов за добивање на овластување за техничка служба е правното лице да биде акретирано инспекциско тело од страна на Институтот за акредитација на РСМ. Пребарување на технички служби кои ја спроведуваат постапката на единечно одобрување на возила на следниот линк: https://iarm.gov.mk/category/akr_inspekciski/.

 

    Дали постојат законски или подзаконски ограничувања кои би спречиле регистрација на вакво возило доколку ги исполнува сите технички и безбедносни барања?

Одговор: Согласно член 17 став (8) од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/08, 53/11, 123/12, 153/12, 70/13, 164/13, 138/14, 154/15, 192/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19, 308/20, 87/23, 148/25, 160/25, 258/25, 58/26 и 145/26) доклку Органот за одобрување-Биро за метрологија утврди дека не се исполнети барањата, согласно со одредбите од овој закон, донесува решение во писмена форма за одбивање на барањето за издавање на одобрение за единечно возило.

Значи, се што треба е еден ТÜВ Датенблатт и возилото оди на одобрување... Сега прашањето е - што правиме со тоа што не издаваат сообраќајна дозвола од Кореја?

На страницата autowini пишува дека издаваат само копија од "Title Cancellation Certificate", а таква копија најверојатно нема да биде прифатена. Агент од autowini ме информираа дека постои можност да се издаде оригинален документ заверен со апостил, но само доколку продавачот на колата се согласи да го предаде оригиналниот документ. Ми кажаа дека оваа постапка веќе ја правеле за други држави кои имаат слични административни пречки како Македонија.

Дали би го прифатиле оригиналниот документ заверен со апостил наместо сообраќајна дозвола? Инаку, во документот ги пишува истите податоци како и во класичната сообраќајна дозвола и некои други дополнителни податоци кои може да послужат и како доказ за потекло.

Јас од што имам слушнато, ако возилото има сообраќајна дозвола од држава која Македонија нема директна комуникација и добра соработка (претежно надвор од ЕУ), МВР мора да добие потврда од таа држава преку интерпол допис (не проверка во база, туку допис) до властите на таа држава пред да го прифатат документот.

Проблемот е што Јужа Кореја не враќа на тие дописи, па никако не можеш да го регистрираш, дури и оригиналот да го имаш.

А држави како УАЕ враќаат после 4-5 месеци, па може да поминеш и пола година пред МВР да го регистрира возилото.

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
После одговорот од министерство контактирав дел од технички кои имаат лиценци, од кои последното делува најинтересно. Едни викаат TUV, други не може никако, и така стандард македонска работа
   

info@sv.mk

Законот за увоз на половни возила во Македониа е одобрен само за возила наменети за европско тло кои имаат европско одобрение, и возила од USA. За возила од неевропско потекло и без европско одобрение во моментов неможат да се увезат односно хомологираат.


zveurotest@yahoo.com

Почитувани, за да увезите возило кое нема еу одобрение или не произведено за европски пазар, треба да се обезбеди документ TUV со кое ке се докаже дека ги исполнува техничките барања а кое ке го прифака бирото за метрологија. Моментално  Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се нема изјаснато кој TUV го прифаќа, па затоа не може да се направи хомологација за овие возила.


amdbitola.com.mk

Почитувани,
Во постапка за единечно одобрение момонтално не се прифаќа никаков TUV затоа што Министерството е во постапка на издавање на лиценци за фирми кои ќе издаваат потврди за единечно одобрување на возила кои немаат Европско одобрение. Таа постапка не знам кога ќе заврши и кои TUV-ови ќе се прифаќаат во постапка за единечно одобрение. Моментално возило од Р.Кореја без европско одобрение не може да помине во постапка за единечно одобрение.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4190
А што возило сакаш да внесеш, марка и модел, ако не е тајна?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
А што возило сакаш да внесеш, марка и модел, ако не е тајна?

Не бе зошто тајна таман работа F30 330i 2018

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4190
Се работи за релативно честа кола низ Европа, така да предпоставувам разликата во цена треба да е над 3-5000 евра поефтина во Кореја за да се исплати целиов пинг-понг со државниве институции.
Провери на страната на ИАРМ во делот со инспекциски тела за одобрување на возила и види кој имаат имаат последно добиен сертификат, па види со нив. Верувам повеќе би се заангажирала нова фирма него ли стариве со веќе воспоставени клиенти и солиден обем на работа на кој што не им се замара со толку специфичен случај.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 938
  • Am386 DX/DXL-40
Да прашаш во Техничката служба за возила при Машинскиот факултет? https://www.vozila.mf.edu.mk/MK/homologacija.html

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Да прашаш во Техничката служба за возила при Машинскиот факултет? https://www.vozila.mf.edu.mk/MK/homologacija.html

Сите различни верзии си имаат. Абе види, не само за мене, еден куп луѓе има што сакаат да довлечкаат од таму нешто. Во моментов мислам дека е огромен ризик пошто сите си имаат некоја своја верзија. Не дека сум и јас нешто многу за брзање само ете ме заинтересира се распрашував и најинтересно е исто што во околинава имаш преплавено од овие автомобили, конкретно Албанија ете, никаде не е проблем, али што е тоа е.

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Се работи за релативно честа кола низ Европа, така да предпоставувам разликата во цена треба да е над 3-5000 евра поефтина во Кореја за да се исплати целиов пинг-понг со државниве институции.
Провери на страната на ИАРМ во делот со инспекциски тела за одобрување на возила и види кој имаат имаат последно добиен сертификат, па види со нив. Верувам повеќе би се заангажирала нова фирма него ли стариве со веќе воспоставени клиенти и солиден обем на работа на кој што не им се замара со толку специфичен случај.

Да тоа е и поентата околу цената и опремата. Да, таму и ги најдов некој од овие, али тоа е, пак да кажам секој си има некоја своја верзија кај нас и е огромен ризик ова барем во моментов.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4382
Албанија си има некоја стратегија, дозволен им е увоз од секаде особено на електрични возила. Затоа и топ 10 најпродавани нови возила им се електрични(дел од нив се директен увоз од Кина наменети за кинески пазар).

Од друга страна ние немаме никаква стратегија...

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Албанија си има некоја стратегија, дозволен им е увоз од секаде особено на електрични возила. Затоа и топ 10 најпродавани нови возила им се електрични(дел од нив се директен увоз од Кина наменети за кинески пазар).

Од друга страна ние немаме никаква стратегија...

Јас искрено не гледам никаква стратегија во ова, туку мислам дека едноставно на некому ова му пречи. Може не сум во право, не знам, али тоа е мое мислење.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3485
  • Хюндай Тюсон
Кај нас е така поставен увозот да ако надминеш бројката од 20к евра за буџет за возило нема поента да увезуваш и најдобро е да си купеш ново.

Отсутен y2k

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Кај нас е така поставен увозот да ако надминеш бројката од 20к евра за буџет за возило нема поента да увезуваш и најдобро е да си купеш ново.

Како и да е поставено е катастрофа жива.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30742
    • CARclub.mk
Сме го збореле ова и порано, ние немаме никаква долгорочна стратегија за обновување на возниот парк. И намерно кажувам обновување а не подмладување.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4190
Ние како држава немаме ништо, баш ништо :)

Како немало некој паметен да им објави војна на Америка или некоја од развиенине западни земји пред Букурешкиот договор, коа ќе дошле да не нападнат одма да сме се предаделе и оп.... да си бевме сеа некоја колонија на Америка на балканот :(
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA