Нормално. Зошто да платам ако можам да не платам?
Туку, шала на страна - VW групација има една работа која ја викаат Куланца (односно така ѝ е името во Германија, така ја викаат и нашите). Goodwill програма која се однесува на редовно-одржувани (кај нив, нормално) возила, итн. Бидејќи мојата кола е релативно нова и со ептен малку километри, добив ослободување од трошок. Нема врска со нашите тука, туку се пишува допис до VW и тие одобруваат ако воопшто одобрат. И кога одобруваат, не секогаш се одобрува целата сума туку може да одобрат делумно ослободување.
Иначе, јас барав дали има опција да си купам продолжена гаранција. За жал, нашите не нудат таква работа а би било одлично да нудат - макар и преку 3rd party компанија. Со задоволство би платил одредена сума годишно за да имам продолжена гаранција и мирна глава.