Батали тоа опциите, него сметката за струја за фебруари стигна ? Шо вели есапот
Незначителен ефект на сметката за струја.
Во моментов терам финални финеси околу изведбата за инсталација за полнење и најверојатно ќе ставам мерач на кабелот на кој е поврзан утикачот за полнење, па ќе имам и конкретни бројки.
Со досегашниот есап, просечната потрошувачка на вкупно (ситно над) 700 поминати километри досега е 1.4 литри бензин на 100 километри. За жал, долгорочното мерење ми се ресетираше бидејќи колата беше во Порше на софтверски апдејт и ситна корекција на заден браник кај што ме поткачи едно дете.
Сепак, забележувам дека како што растат температурите, расте и автономијата на струја. Во моментов наутро со полни батерии покажува автономија до 43 километри. Очекувам таа автономија да расте.
Следната недела ќе оди и првата објава на порталот за ова.