Автор Тема: Volkswagen Golf 8 GTE  (Прочитано 26213 пати)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1068
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #150 на: 08 Февруари 2024, 18:31:12 pm »
Иначе мислам и седиштата VAG ги произведуваат во Македонија. Имам барем така разбрано за Голф 8 и Октавија.

Електричната инсталација е на Кромберт и Шуберт од Битола.

Ме мрзи да барам жигови ама ќе проверам некој ден што пишува Made in.  Имам забележано метличлките се Made in Serbia.
Ако носи иста инсталација со ауди А4,А5,А6 или со мерцедес спринтер, вито и вијано тогаш можи да речиш дека е праена инсталацијата во Кромберг

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #151 на: 08 Февруари 2024, 18:35:20 pm »
Sedishtata ne, samo navlkite Golf, karoq, ateka, i mnogu drugi,

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1612
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #152 на: 09 Февруари 2024, 00:13:33 am »
Да се вратиме на Голфов. @zeroSignal да одговори дали сака повеќе бензин или струја?
Сака струја од бензин :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #153 на: 14 Февруари 2024, 23:20:07 pm »
Браво, со здравје да се вози! Има коли кои во бела боја мене ми изгледаат одлично. Голфот 8 е една од нив. МУ фали само дајмонд-кат фелна.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #154 на: 17 Февруари 2024, 23:24:04 pm »
И по Тито, Тито!

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Епа, ајде - да покажам!

Ова е мојот Obodin White Golf 8 GTE. Плаг-ин хибрид со 1.4-литарски TSI со 150 коњски сили, батерија со капацитет од 13 kWh (достапни 10.4 kWh) и електромотор со дополнителни 110 коњски сили. Вкупната, системска моќност е одлични 245 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. DSG6 автоматски менувач и погон на предните тркала, нормално. Стига до стотче за 6.7 секунди и до максимални (мислам) 225 километри на час. Првите впечатоци се многу, многу позитивни. ;)

Со едно полнење на батеријата проаѓа меѓу 40 и 50 километри. На ладново околу 40, ќе видиме понатаму. Секако, имам уште за учење.

Има работи кои ми се допаѓаат - седиштата, возачката позиција, воланот (и тие капацитативните копчиња на воланот стварно не се никаков проблем), прегледноста, сите тие работи. Има работи кои не ми се допаѓаат - на пример, задниот браник и веѓата меѓу фаровите. Ќе пробам да ја исклучам. Софтверот во колата е така-така и на моменти работи одлично, на моменти не баш толку одлично. Има некои апдејти кои треба да се напраат, ама тоа е тоа.

Од опрема, има еден куп ствари. Предни и задни сензори (нема камера), адаптивен темпомат, LED светла напред и назад, навигација, сите системи за асистенција, итн, итн. Дополнително, дојде со два комплета тркала - ова се зимските тркала и гуми (Pirelli Sottozero во димензија 205/55/17), а има и уште едни (според мене поубави) со Goodyear Eagle F1 Assy3 FP во димензија 225/45/17.

Е сега, зошто плаг-ин хибрид? Од неколку различни причини. Let me explain.

Прво, I decided to put my money where my mouth is и да видам како е да се живее со плаг-ин хибрид. Цело време трубам дека плаг-ин хибрид е идеалната комбинација, па ете, да видам дали стварно е така. Ја имам таа привилегија да живеам во куќа со двор, па имам каде да ја полнам колата. И сакам целото тоа да го споделам јавно - па следните 12-тина месеци на CARclub.mk ќе се објавуваат месечни статии во форма на супер-тест. Бројки, статистики, потрошиувачка, перформанси, а-у. Колку што можам повеќе да извлечам. Плус, давачките за увоз на PHEV се пониски бидејќи има 50% ослободување од данокот за возила (поранешната акциза) па и цената искочи привлечна.

А како стигнав до колава? Колата не е нова-нова. Произведена е во Август 2021 и има поминато 24.000 километри. Ми ја увезе Порше Македонија, мање-више по нарачка. Јас им дадов параметри, они по тие параметри ми најдоа возило. Возилото не ги исполни сите параметри (рецимо, сакав не-бела боја и сакав да ги има магленките во предниот браник, али јебига), но ги исполни (и надмина) повеќето од параметрите, вклучувајќи ја и цената. За возилото (уште пред да го потврдам) добив 18 страни документ од DEKRA со целосна инспекција. Сервисна историја - освен еден направен сервис во Германија - немаше. Возилото стигна, си истера уште една проверка тука, плус во цената беше вклучен и уште еден редовен сервис - и тоа е тоа. Цената (до регистрација) беше 26.300 Евра.

Процесот траеше месец и кусур (плус пропратните процедури кај нас, уште чекам таблички, во моментов е на пробни, а овие беа стаени само за сликање).

Планови? Ехеее, еден куп - ама за тоа, кога ќе дојде ред.

И нормално...


Ако ја немаш не плеј листа ни се Голфаш :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #155 на: 18 Февруари 2024, 08:53:35 am »
Оваа ми е аларм насабајле.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #156 на: 19 Февруари 2024, 17:43:50 pm »
Има ли нешто за количето? Секој ден ли се полни?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #157 на: 19 Февруари 2024, 17:47:30 pm »
Па не баш секој ден, зависи од поминатите километри. Еве денес ги завршив обврските, а батеријата е на околу 60%. За утре, нема да ја полнам. :)

Како што растат температурите, така расте иницијалниот досег кој колата го пријавува наутро - до пред некој ден наутро покажуваше 38-40 км со полни батерии, денес ми покажа 42. И потрошувачката на струја е осетно намалена. Интересно ми е да си ги следам работиве. :)

Инаку, денес поминав околу 17 километри. Во моментов покажува дека има уште 27 километри рејнџ и уште 61% батерија. Просечната потрошувачка е падната на 1.5 литри на 100 километри. ;D
« Последно менување: 19 Февруари 2024, 17:54:58 pm zeroSignal »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #158 на: 19 Февруари 2024, 20:02:04 pm »
Брзо ли е само на струја за во град? Или му треба моторот да го уклучи за помош?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #159 на: 20 Февруари 2024, 08:01:40 am »
Да бидам искрен, очекував моторот да се пушта многу почесто - ама дури и со бркање семафори не се пушта. Системот е калибриран да го преферира електромоторот што е можно повеќе, сè додека има доволно батерија.

Ќе те побарам да те свртам кругче викендов, ќе видиш и сам. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #160 на: 20 Февруари 2024, 08:34:45 am »
Да бидам искрен, очекував моторот да се пушта многу почесто - ама дури и со бркање семафори не се пушта. Системот е калибриран да го преферира електромоторот што е можно повеќе, сè додека има доволно батерија.

Ќе те побарам да те свртам кругче викендов, ќе видиш и сам. :)
Според узнавањето и трагата досега забележана, мислам дека погонот може и да се понуди со 1.0mpi во многу слична комбинација - како основен голф. На местото од 1.6тди. И така не се олонува на моторот многу често.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #161 на: 20 Февруари 2024, 13:49:38 pm »
Има уште една варијанта, со погонот од Golf 7 GTE - таа е 204 коња вкупно. И таа би требало да е океј. :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #162 на: 21 Февруари 2024, 20:30:01 pm »
Денес свечено падна и првото перење кај @Bu$aV MeGaNe во Градска Перална.

Нормално, малку ми заврна само што искочив од перење, ама све тоа фино се пребриша. :)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #163 на: 22 Февруари 2024, 15:31:24 pm »
Наместени летните тркала.



И летните тркала се 17ки. Моделот се вика Hitlerjugend Richmond. Гумите се GoodYear Eagle F1 Assymetric 3, произведени во 2021. Најверојатно ќе ја истерам сезонава со нив.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Volkswagen Golf 8 GTE
« Одговори #164 на: 22 Февруари 2024, 15:37:48 pm »
Наци бандажи.
Никогаш не вели никогаш.