Минатиот викенд имав малку слободно време и малку си поиграв со играчки

Ја споредував вожњата на Киата со Шкода Камик 1.5 ТСИ ДСГ.
Повеќе ми беше обрнување внимание, споредба на мењачите.
Од тоа малку што сум ја повозил впечатокот ми беше дека е побучна, малку понеудобна и дека помазно менува брзини ДСГ.
Овој пат, во тишина, без радио, сам в кола, увидов дека уствари не е баш така, во поглед на ДСГ. На ниски брзини, втора-прва знај исто да подзатреси, пред скроз да застани, на семафор пример. Како што спомнав и за Киата, некој ако не е цепидлака, нема да го сети тој момент

Се слуша малку звук при менување на брзини на истите тие ниски брзини.
Изминатиот период одделив време за пребарување по интернет околу работата на ДЦТ/ДСГ и сите тракатајнци поврзани со тие мењачи.
И во една тема на форумов имаше некои објаснувања, ќе цитирам дел од објаснувањата, конкретно за ДСГ:
Е сега, звукот кој се јавува при промена најчесто од 2ра во 1ва брзина. Звукот е од хидрауличните вентили на актуаторите на двете ламели во мехатрониката. Најпросто кажано, на мехатрониката и е најтешко и и треба најмногу време да изведе промена од 2ра во 1ва брзина, а тоа да биде мазно. Поради тоа, вентилот за активација на К1 (спојката на 1ва, 3та, 5та и 7ма брзина) има доста работа да процесот го изведе мазно, без вибрации и го вади звукот кој е предмет на оваа тема. Втора најтешка промена за мазно изведување е 1ва-2ра, во екстемни случаеви знае и тогаш да се јави звукот. Кај сите други промени на брзина (промена на спојки, DSG не менува брзини туку спојки) промената е инстантна и вентилот нема време да го произвде звукот.
Како за споредба, пробајте на возило со рачен менувач да направите мазна промена од 2ра во 1ва брзина, па ќе видите колку напор ви треба на квачилото за се да биде мазно. Шалтајте од 3та во 4та, промената ја правите без речиси никаков напор...
...Едноставно, постојат механички делови кои не се бесшумни при нивната работа и тоа е предвидено така да биде.
Ко ќе ја продаам Киата, следната кола нема да ми е Шкода со ДСГ како што планиравме со Марјан, ќе биди или со рачен или со скроз, наповистински автоматик
