Па затоа и споделуваме. Сум спомнал и во друга тема, некој бараше мислење за нови возила, меѓу кои и Киа.
Како што кажав, некој надвор од форумот или некој шо не цепидлачи нема ни да примети за што зборувам.
Цепиллачењето можеби е благодарение од високите очекувања, а сепак се работи за ниска класа на возило

Тојота не ја зедов во предвид заради тој 1.5 трицилиндраш атмосферец. А и пластиките некако делуваат на ниво на играчки од Џамбо. Кај Киа се на повисоко ниво со квалитет (ќе се раскрцкаат 2 недели покасно

).
Спомнав некаде и на друго место, сега кога пак би требало да купвам кола, до тој ценовен ранг, околу 25 000, би ја зел ептен во предвид Мазда 3 со 2.5 атмосферец со рачен мењач.
Мазда од она што сум видел, ми делува подобро склопен производ, но не сум баш сигурен за последните серии после короната.
Сум спомнал и за споредбата со на брат ми Киата од 2018та, во глобала е пофино склопена, обрнале повеќе внимание и на некои места има поскапи пластики.
Со пониско ниво на опрема е таа, мануелна клима, ама за инает има ладење во делот за оставање на тракатајнци, да можи чоек пивото да го одржува поладно. Во мојата нема!
Подобро озвучување има во неговата, кога вртиш лево или десно се уклучуваат магленките во браникот...
Мислам дека после короната прилично опадна квалитетот на нештата во поќе сфери, иако многу поскапеа. Слично како кога беше светската криза пред 15 години (ваљда) кога Сони и Бош беа како од Али Експрес

ЕДИТ: Ми текна дека по рандом форуми имам прочитано дека Киа/Хјундаи со 1.5 (како кај мене) и рачен мењач, на ниски вртежи, пример на тргнување на семафор, малку биле тромави, често тие што ги поседуваат доаѓаат до ситуација или премногу гас да дадат на тргнување, па да има малку погрубо тргнување, или пак премалку гас па да има сецкање, трокирање... го опишуваат тоа како „возач почетник“ што не знај да ги синхронизира гаста со куплунгот
