Автор Тема: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS  (Прочитано 8961 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« на: 17 Ноември 2023, 19:13:54 pm »
Пред една недела така си читам написи наоколу како сѐ поскапело и уште ќе поскапувало... стварно?
Се консултирам со Зеро и ми вика стварно било. Ми даде неколку битни совети, фала му.
И си викам тоа е тоа, ги собрав парите од нивјето што ги продадов в село, ги бувнав во торбата шо ми е за на пазар, шиена на едната рачка и дирек во Киа онаму џенем.
Ме пречекаа, си поиграв низ колите.
Си велам да земам Ceed GT Line за да му се фалам на децата од улицата, ама ми ја врза жена ми една в тил:

- Во тоа малото ќе товараш дрва?!

Не дека сум папучар или ме болеше што ме втера в тил, не дека ја послушав неа... ама се помислив и ми текна дека не излегвам со децата од улица (пак ќе нагласам, не дека сум папучар, не дека ми забранува, туку дека не ме дружат, ме дриблаат дека сум колце, ме замочваат...) и дека нема на кој да му се фалам и се завртив на другата страна (малку ме заболе ко се вртев од оваа шо ме фукна в тил) и ме огреа некоја светлина.

Си викам тоа е тоа, 2 кубици дрва на едно товарање.











UNIKAT!!! FULLL! KAKO NOVO!!! CHCHCHCH!!!

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #1 на: 17 Ноември 2023, 19:16:09 pm »
Нека е за убаво чичин и само убавини да и видите

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #2 на: 17 Ноември 2023, 19:20:33 pm »
Предобар избор. Предобар. Сеа уште нешто видов, уф, уф, браво. Секоја чест, во денешно време да се направи ваков добар избор е за пофалба.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #3 на: 17 Ноември 2023, 19:23:33 pm »
Честитки, одличен избор.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #4 на: 17 Ноември 2023, 19:31:11 pm »
честито, со здравје да се вози

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #5 на: 17 Ноември 2023, 19:36:17 pm »
Таман за по ниви оваа, ама викаш ги даде нивите...ништо со здравје да си ја возиш низ то Скопјето :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #6 на: 17 Ноември 2023, 20:11:26 pm »
Super izbor so zdravje da se vozi, neznaev deka donele karavancinja edno vreme kao da gi snema

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #7 на: 17 Ноември 2023, 20:39:38 pm »
Е ова е кола а не ШКОДА! Респект за изборот со здравје да се тркала!
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #8 на: 17 Ноември 2023, 20:49:54 pm »
Одличен избор! Со здравје да се вози многу километри без проблеми, само на убави места да ве носи. :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2171
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #9 на: 17 Ноември 2023, 20:51:54 pm »
А дорчо!?!
Му откажа љубов :)

Со здравје да се вози, уба да му е среќата.

П.с ако решиш да се појавиш Битола ќе те чекаме со едно дете за ракија.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #10 на: 17 Ноември 2023, 21:03:40 pm »
Ме бендисва шо има калници, па по нивјето да не се валка 😀

Со здравје да се вози, караванот и поличен е од хечот.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #11 на: 17 Ноември 2023, 21:29:55 pm »
Ајде Ипкис, честито! :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #12 на: 17 Ноември 2023, 21:33:45 pm »
Со здравје да се вози, колку срчи раќија бери во гепеко? 🤔 😁
New blood of old school

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #13 на: 17 Ноември 2023, 21:49:29 pm »
Честита Ипкис!
Со здравје да си ја возите!

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Kia Ceed SW 1.5 T-GDi 160 KS
« Одговори #14 на: 17 Ноември 2023, 21:57:50 pm »
Честито, одлично изгледа!


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that