Автор Тема: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020  (Прочитано 43671 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4202
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #285 на: 07 Ноември 2024, 13:47:49 pm »
Интересни се куприве нема што.
Него, општо, како си задоволен од Октавијата, што е за истакнување и позитивно и негативно до сега, ако го имало? Сега да треба да ја купуваш, би ја избрал пак? Како моторот се покажува до сега? Задоволен од перформанси и потрошувачка?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #286 на: 07 Ноември 2024, 15:36:59 pm »

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 513
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #287 на: 11 Ноември 2024, 15:01:53 pm »
Интересни се куприве нема што.
Него, општо, како си задоволен од Октавијата, што е за истакнување и позитивно и негативно до сега, ако го имало? Сега да треба да ја купуваш, би ја избрал пак? Како моторот се покажува до сега? Задоволен од перформанси и потрошувачка?



На денешен ден, 11 Ноември 2019та година сум се одлучил за Октавиата, после гледањето во живо нејзиното преставување...

Инаку, да, кога би бирал повторно, повторно би го направил истиот избор. Задоволен од изборот на боја, опрема, мотор... Единствено што би сакал да има е и ДСГ менувач - ама за жал нема со 1.5 тси чист бензин, само со благата варијанта на хибрид спарен со 1.5 тси го имаат - а кога јас ја земав, незнае да ми кажат кога кај нас би била достапна, цена... и не ми се чекаше за неа....

Позитивно би ги издвоил се:
- добриот мотор тоа беше една од работите со кои го стеснав изборот, ~ 8с до 100, повеќе од доволно во сите ситуации, посебно што дојдов од 1.6 атмосферец... ама нареден избор дефинитивно би било нешто за околу 4с до 100, секако бензин :)
- удобна вожња и со 18ки тркала, тивка (мојата е и со предни акустични стакла)...
- матрикс светлата се нешто што ми го промени животот - од избегнување да возам во темница, сега уживам во тоа, посебно на регионални патишта каде што доааѓаат до целосен израз тие...
- багажник, 600л, кој исто ми го стесна изборот, исто така една од многу потребна работа за мене, бидејќи колата 90% се користи за патување надвор од градот, со 1, сега со 2 мали деца...
- и мал број на работи, кои го прават животот поедноставен со нивно користење, како - автоматски бришачи, side assistant (освен на пат што внимава на мртви агли, топ е и на паркинг), камерата со сензорите, автоматско затемнување на ретровизори (за разлика од "прекршување на ретровизорот" и намалена видливост на старите коли... со ова ем не ти сметаат свелата, ем све гледаш зад тебе), keyless, climatronic со 3 зони (многу пати се случило децата позади да сакаат повисока температура), лумбална регулација на седишта (повеќе од потребно, посебно за подолги патувања).... и многу други детали и опрема...

Негативно би издвоил:
- малку плива шасијата, ама тоа е компромис заради удобноста... се чуствувам сигурно и на поголеми брзини...
- однесување на матрикс светлата на автопат (најверојатно ќе отворам тема за тоа, ми треба мислење и од другите)...
- на почеток, пред да го испеглаат софтверот, доста често дел од системите не работеа, требаше да се пали/гаси за да проработат - се реши со апгрејди на софтверот...
- јас имав среќа со примерокот - ама гледам и слушам доста проблеми имаат некои со мењач, трошење на улје и слично...

Потрошувачката е топ, за последните 4164км сум имал комбинирана потрошувачка од 6.5л, главно возење на отворен пат...

П.С. На нова кола, посебно ако се вози 10-15.000км годишно, плус/минус неколку литри на 100км не менуваат ништо, кога најголем трошок е амортизацијата т.е. пад на вредноста на колата...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #288 на: 11 Ноември 2024, 16:22:10 pm »
Супер срочено.

Иначе 1.5TSI не сум слушнал да имале мака со трошење масло? Ниту тука ниту низ светов.

Да, имаше некои глупи glitches, ама ништо страшно, во основа се се средуваше со update.  Мене ме нервира само Порше Македонија што не се баш агилни кога ќе дојде нова верзија, да ме повикаат. Нејсе.

Она што ми фали мене е камера. Тоа ми е единствената мака што си ја имам. Друго плус минус супер си е. Таман си е колата за намената.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6452
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #289 на: 11 Ноември 2024, 17:11:22 pm »
1.5 тси општо земено како мотор на европски пазар се вградува во преку 30 модели од ваг групација. Ако додадеме фактот што возилата на ваг се редовно едно од најпродаваните возила во европа, нормално е дека највеќе ќе прочиташ на интернет за тси и плусеви и минуси и многу помалку за тце, гди, puretech итн. И 1.4 тси последна генерација и 1.5 се прекрасни мотори каде што вадат 10-15% подобри перфроманси од конкуренцијата и исто толку се поефикасни и имаат помала потрошувачка.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #290 на: 11 Ноември 2024, 18:26:09 pm »
Тука сме некаде со позитивни/негативни работи.
Пливањето највеќе ме нервира, следно возило, се надевам Суперб (ако не попуштам под домашниот притисок за тцип), ќе биде со Dynamic пакет само ради тоа пливање.
Матриксот претпоставувам те нервира со знаците и големите табли на автопат?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #291 на: 11 Ноември 2024, 20:29:34 pm »
1.5 тси општо земено како мотор на европски пазар се вградува во преку 30 модели од ваг групација. Ако додадеме фактот што возилата на ваг се редовно едно од најпродаваните возила во европа, нормално е дека највеќе ќе прочиташ на интернет за тси и плусеви и минуси и многу помалку за тце, гди, puretech итн. И 1.4 тси последна генерација и 1.5 се прекрасни мотори каде што вадат 10-15% подобри перфроманси од конкуренцијата и исто толку се поефикасни и имаат помала потрошувачка.

Ќе те замолам да не просветлиш со статија, каде што кажува дека кршевите на Волксваген, кој патем затвора 3 фабрики и брка преку 11 000 вработени во Германија, затоа што продажбата очигледно им цути, се побрзи и поефикасни и до 15% од сите други  ::) Од што прогуглав набрзина, Калимеро 8 нит е побрз нит помалку троши од Фокус, Цид и Џулиета сите со 1.5/1.4/1.6 мотори. Само е погрд, тоа нема збор.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #292 на: 11 Ноември 2024, 20:43:09 pm »
Не беше цела ситуација поради намалена продажба на електрични возила? Колку што памтам тие фабрики низ Германија беа за електрични возила (е*и му матер).

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #293 на: 11 Ноември 2024, 20:44:52 pm »
Една е за електрични само, другите не. Цела продажба им е опадната. Цела среќа нивна што пола Германија вози службени Волксвагени, инаку ќе сонуваа за најпродавани.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #294 на: 11 Ноември 2024, 21:23:29 pm »
Ќе те замолам да не просветлиш со статија, каде што кажува дека кршевите на Волксваген, кој патем затвора 3 фабрики и брка преку 11 000 вработени во Германија, затоа што продажбата очигледно им цути, се побрзи и поефикасни и до 15% од сите други  ::) Од што прогуглав набрзина, Калимеро 8 нит е побрз нит помалку троши од Фокус, Цид и Џулиета сите со 1.5/1.4/1.6 мотори. Само е погрд, тоа нема збор.

Мислиш на Focus и Giulietta кои веќе не се произведуваат? :)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4202
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #295 на: 12 Ноември 2024, 07:29:37 am »
Имав возено од претходните модели на Октавија, 2014/2015та некаде, а може и покасно беше, на подолг пат, до Варна и до Охрид, службено ауто, дизел 1.9 и 2.0. Не го приметив тоа пливање што го спомнувате, ама памтам дека многу удобно беше за возење и не осетив замор ич до Варна, јес да застанавме во Софија на 3-4 саати на состанок, па после навечер возев. Ако е задржама таа комоција од претходниот модел(модели), тогаш би била сериозна опција за следно ауто.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6452
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #296 на: 12 Ноември 2024, 07:49:57 am »
1.5 тси општо земено како мотор на европски пазар се вградува во преку 30 модели од ваг групација. Ако додадеме фактот што возилата на ваг се редовно едно од најпродаваните возила во европа, нормално е дека највеќе ќе прочиташ на интернет за тси и плусеви и минуси и многу помалку за тце, гди, puretech итн. И 1.4 тси последна генерација и 1.5 се прекрасни мотори каде што вадат 10-15% подобри перфроманси од конкуренцијата и исто толку се поефикасни и имаат помала потрошувачка.

Ќе те замолам да не просветлиш со статија, каде што кажува дека кршевите на Волксваген, кој патем затвора 3 фабрики и брка преку 11 000 вработени во Германија, затоа што продажбата очигледно им цути, се побрзи и поефикасни и до 15% од сите други  ::) Од што прогуглав набрзина, Калимеро 8 нит е побрз нит помалку троши од Фокус, Цид и Џулиета сите со 1.5/1.4/1.6 мотори. Само е погрд, тоа нема збор.


додади вњ, шкода, ауди, купра, сеат тука доаѓаме од сериозна бројка на продадени 280.000 возила на ваг групација за 1 месец во Европа. Самиот факт што тоа е 4 пати повеќе од тојота, 3 пати од тојота/киа и да не ги редам сега еден по еден, многу е природно и нормално да има такви како тебе што ќе драпаат мадиња дека не чинат поради некакви си чудни субјективни причини што  навистина немам потреба да навлагам, ќе има на форуми 10 пати повеќе јадење трици како не чинеле трошеле уље незнам што. Нема мотор за кој што нема да најдеш некаква мана на интернет, така да пред се треба да бидеме објективни, да имаме долго искуство со што повеќе брендови да се едуцираме. И така, некој ден можеби ќе излезеш од мантрата дека тој и тој бренд е крш туку ќе правиме реални муабети.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 513
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #297 на: 12 Ноември 2024, 11:22:42 am »
...Иначе 1.5TSI не сум слушнал да имале мака со трошење масло? Ниту тука ниту низ светов.

Она што ми фали мене е камера. Тоа ми е единствената мака што си ја имам...

Капаче ми беше на последниот сервис, дојде еден да пријави и да му дополнат улје - година и нешто стара кола, незнам точно што шкода беше - ама муабетот од таму, нормално е, голема кола тенко улје wtf... плус во самата гаранција/упатство си се заштитиле - до 0.5л на 1000км било нормално wtf...

За камерата, како што речиси ништо не гледаш низ централен ретровизор - мислам дека без неа не би можел да ја паркирам во рикверц како што треба...

П.С. од кога ја нарачав, после некој месец во опрема ја ставија и 360 камера... т.е. 4 камери за паркирање....

...Матриксот претпоставувам те нервира со знаците и големите табли на автопат?

Не, со нив добро функционира во главно, знае да ги пушти на нив и одма ги гаси тие сегменти... не ми е проблем тоа.
Проблем ми е на автопат што левиот фар долгото светло не ги уклучува сите сегменти, за разлика од регионален пат каде што двата фара сите сегменти осветлуваат добро... Снимав некои клипчиња, наредни денови ќе отворам нова тема и ќе продискутираме за тоа, ме интересира и други мислења за тоа..

Имав возено од претходните модели на Октавија, 2014/2015та некаде, а може и покасно беше, на подолг пат, до Варна и до Охрид, службено ауто, дизел 1.9 и 2.0. Не го приметив тоа пливање што го спомнувате, ама памтам дека многу удобно беше за возење и не осетив замор ич до Варна, јес да застанавме во Софија на 3-4 саати на состанок, па после навечер возев. Ако е задржама таа комоција од претходниот модел(модели), тогаш би била сериозна опција за следно ауто.

По муабетот на други што имаат искуство со постариот и поновиот модел, таа комоција не е задржана, туку е многу подобрена... ама направиле компромис со пливањето... не е толку страшно, не е премногу изразено... ама се осеќа при понагло вртење, вдлабнатина на патот... дава чуство на неугодност... тоа најверојатно компромисот што го направиле за удобност, колата и со 18ки тркала да е удобна, мека при возење... Динамик пакетот тогаш беше околу 1000 евра доплата, ама тогаш секако претарав и со друга опрема, не ми се даваша плус и за тоа пари...

1.5 тси општо земено како мотор на европски пазар се вградува во преку 30 модели од ваг групација. Ако додадеме фактот што возилата на ваг се редовно едно од најпродаваните возила во европа, нормално е дека највеќе ќе прочиташ на интернет за тси и плусеви и минуси и многу помалку за тце, гди, puretech итн. И 1.4 тси последна генерација и 1.5 се прекрасни мотори каде што вадат 10-15% подобри перфроманси од конкуренцијата и исто толку се поефикасни и имаат помала потрошувачка.

Кога гледав тогаш труги модели да, октавиата за парите со опремата, големината, багажникот ми немаше друг посоодветен избор, нови коли ама модели тогаш стари по 4-8 години не ги ни разгледував... Октавиата тогаш беше првиот модел од Шкода што излезе целосно дигитален, нов ентериер, што потоа другите шкоди почнаа тој дизајн јазик да го следат...

Без и спремен да направам и компромис за одредени работи, пример уште се вртам по мерцедес ц класа за која тогаш размислував да ја земам на старо, околу 5г и до 100.000км... тогаш увоз од Германија идеше околу 24.000 евра, колку што ја платив тогаш и Октавијата со цела опрема што е набројана на првата страна. Во потесен избор ми беше и БМВ 4ка... и двата модели тогаш дизели гледав (уште незнам зошто)... ама во време на корона, ризик со старо возило... победи кејфот за ново возило, со тоа што изгледот на Октавиата мене ми прави кејф (а за вкусови не се дискутира)...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 513
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #298 на: 15 Ноември 2024, 18:55:07 pm »
Монтиран денес зимскиот сет, со летниот поминати 6.000км.




Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3829
Одг: Skoda Octavia 1.5 TSI, Style, модел A8 2020
« Одговори #299 на: 15 Ноември 2024, 20:17:53 pm »

Не, со нив добро функционира во главно, знае да ги пушти на нив и одма ги гаси тие сегменти... не ми е проблем тоа.
Проблем ми е на автопат што левиот фар долгото светло не ги уклучува сите сегменти, за разлика од регионален пат каде што двата фара сите сегменти осветлуваат добро... Снимав некои клипчиња, наредни денови ќе отворам нова тема и ќе продискутираме за тоа, ме интересира и други мислења за тоа..


Да не може имаат некоја улога рефлектирачките налепници (мачкини очи) кој што се наоѓаат на банкините на автопатот па тие да ги регистрира како знаци?

Искрено немав приметено таква работа со А5 а ни сега со ова возило, но баш ќе чекам да отвориш тема и да ставиш клипчиња за да погледнам и да проверам подобро и кај мене.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA