Туранот ме заморуваше после 400км во еден здив, таква беше колата, тврда, бучна, над 140кмч веќе не можеш муабет нормално да правиш, мислиш 200кмч возиш.
Со Шкодава без проблем би ги извозел 1000км во еден здив со пауза за кафе и тоалет. До 160кмч колата е екстремно тивка внатре и не дава чувство дека се движиш со таа брзина.
На поголеми брзини на пат со кривини, пример планински превои, Туранот беше постабилен, поинтересен беше за возење, веројатно дека понизок. Шкодава е повеќе крстарица, не сака да ја запнуваш на такви делници.
И признавам малку ми фали вртежниот момент од Туранчето кој што беше 415Nm, а тука е 250Nm, DSGто си ја врши работата ама пак не е тоа тоа