Автор Тема: Peugeot 307 1.6HDI SW  (Прочитано 677 пати)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2778
  • Слобода или смрт
Одг: Peugeot 307 1.6HDI SW
« Одговори #15 на: 01 Февруари 2025, 16:46:40 pm »
Од се пишано може само да заклучиме дека испаѓа на кој како ќе му се погоди денот од мајсториве или како ќе ја удене у моментот работата на среќа. Друго нзс нема.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Peugeot 307 1.6HDI SW
« Одговори #16 на: 01 Февруари 2025, 17:17:40 pm »
Автоклима ВАМ во Маџари, повели локација: https://www.google.mk/maps/place/AVTO+KLIMA+VAM/@41.9996876,21.4869233,160m/data=!3m1!1e3!4m6!3m5!1s0x13543f45eff85703:0x33c7766bf0e74eed!8m2!3d41.999343!4d21.4868012!16s%2Fg%2F11h7f_hchl?hl=en&entry=ttu&g_ep=EgoyMDI1MDEyOC4wIKXMDSoASAFQAw%3D%3D

Овој еднаш проба поштено да ме заколе за фреон. Препорака за Авто клима Webasto (позади Американ) или Интерфриго Лепенец.

На 307 електриката знае да почне да зеза, претпоставувам дека изолацијата на каблите попушта после Х години од производство.

Иди кај некој што работи баш Цитроен/Пежо а не што ги работи сите брендови. Дац Лепенец избегавај го, мислам дека City car се коректни, провери си.

Моја препорака за Webasto. Од искуство ти кажувам. Сите мајстори низ Скопје ги пројдов само овие успееја да го решат проблемот. А беше толку едноставно

И кај мене беше едноставен проблем, резистор кој ја вклучува перката на хладњакот. Беше пробиен и поради тоа прва брзина не ми работела, туку втора, и заради тоа се набивал појак притисок на јаки горештини, не циркулирал одма воздух низ хладњакот бидејки кога ќе ја упалиш климата треба да почне одма перката да врти.

А фино културно му објаснив во Вебасто, кога е ептем жешко ми се случува гасење и палење постојано на компресорот, додека наутро и навечер немам проблеми.
Ме откачи со тој муабет, таков ти е компресорот, така е кај сите коли.
Му посочив дека тројца колеги, на ист паркинг се паркираме, во исто време ги вклучуваме климите, кај нив нема проблеми, кај мене има.

А најинтересно е што и немаше коли во моментот, само на една кола и полнеше фреон, други немаше да чекаат ред.