Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 41870 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #405 на: 13 Октомври 2024, 20:04:36 pm »
До душа имаше пуштено летово во двор еднаш, мирисаше на антифриз, баш реков кој ти ку*ац сега...
Ама проверив тогаш во експанзионо, ок си беше нивото. Цело лето немаше фрка ни со ниско ниво, ни со работна температура ни со повторно влажнење под кола.
Ќе направам подетално проверка од каде има пуштено.
Битно 100€ се спасени ако идев со нов вентил, имаше и сет за репарација на истиот, гумички е сетот и верувам дека поефтино ќе искочеше.
@Zile ѕвони, помини.

@andrejnaumovski и те како ми е битно после заебанциите со Пасатот.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7796
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #406 на: 13 Октомври 2024, 21:56:46 pm »
Битното прашање, каде отишол тој пола литар вода?
И може треба да поминам до кај тебе некој ден да орснеме од тоа клинерот кај треба, јас појма немам ни каде ни како
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Кај БМВ не се прашува кај отишла разладна течност или било што со системот за ладење.
Јас се извинувам ако некого навредив Не сум поседувал до сега бмв па не ви ги знам правилата

Зоц, ќе те барам некој ден.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #407 на: 14 Октомври 2024, 02:42:48 am »
На брат ми 530-та е на 230 ххх.
Вчера од Охрид према Битола,доби дување .Чади корни.Фап од 73-та не чади така.
Ама тоа е кога не се вози колата како шо треба.
Цела недела сум тука,така да,наредна сабота ќе биди Е39 530д еур6.

Феноменално возило.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #408 на: 14 Октомври 2024, 05:00:04 am »
Na tvoj stil na voznja benzinec kje go napravis :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #409 на: 18 Ноември 2024, 21:16:29 pm »
Денеска и направив сервисче. Масло и филтер, филтер за воздух и филтер за нафта. Овој сервис за разлика од прошлиот, респираторот за маслени пари го сменив заедно со куќиште, предходниот само филтер и дихтунзи.
Делови нарачани од @Prcot
Ликви молито ми се виде како океј масло, па и овој сервис ставив такво. Овој сервис не направив никаква беља 😂
Додека бев под кола, викам ај една проверка, извадив пластиките, манжетните од летвата, од едната страна усукана, од другата откачена, кој знае што правел тој кога менувал спони. Ги откачив и ги наместив како што треба. Една од пластиките имаше пукнатина, најверојатно кога лупнав желка на автопат, па ја лепев.
Ми застуде а и почна да стемнува, па утре ќе вратам пластики и шибаме.
За фаровите гледам нови проектори да земам, некако слабо ми светат и ми замара очи, а кога веќе ќе се отвараат ќе нарачам и Hella пластични капаци за фаровите, со полирање не ја бива веќе.
Зимските гуми ставени минатата недела, сум заборавил дека возам БМВ, разликата со 16ки наспроти18ки е огромна.
Друго нема ништо посебно, си чекам некој М преден браник да ми налета, и така, ставаме нафта и ја закачуваме Фтора.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #410 на: 19 Ноември 2024, 09:50:45 am »
8.25 литра и оваа собира така?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #411 на: 19 Ноември 2024, 14:35:59 pm »
6.5l, претпоставувам за масло прашуваш.