Автор Тема: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки  (Прочитано 8337 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855

Вака откако се заврши се, мислам дека од самиот почеток да имаше подобра комуникација воопшто немаше да има волку нервози и веројатно побрзо ќе се решеше проблемот ако уште при првото одење сликаа откако заклучија дека не се камчиња и прашина. Ама може па без нервозите немаше ни да ги сменат. Не знам што да заклучам еве.

Токму тоа го спомнав претходно.

Проблемот не е со Шкода, туку проблемот е со Порше Скопје. Катастрофален однос имаат од кога ќе влезиш во салон да купиш возило, па се понатаму како те услужуваат како клиент.

Шкода за ништо никогаш не направила проблем доколку нешто треба да се смени, да се отвори протокол или слично. Веднаш одговараат и никогаш не одбиваат.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Se e super, ama sepak trebalo pisan dokument da si zemes

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Цитат
проблемот е со Порше Скопје. Катастрофален однос имаат од кога ќе влезиш во салон да купиш возило

Ова го потврдувам од лично искуство, а во истиот период во Шкода салонот сосема спротивно искуство.

Se e super, ama sepak trebalo pisan dokument da si zemes

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk


Според Јарето налогот е сеуште отворен ;D

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Значи Порше Скопје добија еден тон критики и негативен публицитет на единствениот форум за автомобили во Македонија за единствена ниска цена од 4 пара пакни?

Баш ме интересира што би рекол за ова главниот маркетинг менаџер на Порше Скопје, па и на Порше глобално.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Ги заболе с*апот, како и секој втор во државата. Ако некој се секираше, немаше да сме до ова дереџе дојдени.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Шо правите муабет...

Еден Аутоцентар.мк или МартинАуто од Струмица, засерва, толерирам некое време, па престанувам да толерирам, приговарам, не се извинува него се обидува да ми префрли вина, откажувам нарачка, по што ми се јавува и ми дава ЗАБРАНА ДА НАРАЧУВАМ од кај нив.

Ретко кој сфаќа дека потрошувачот му е еден од најбитните елементи за бизнисот.

Па Порше ќе не става на кур... Ќе му дојде (лупам) ЕВН со нарачка од 100 Поло возила, и се забораваат.

Ќе се секира за сет дискови и плочки? Не.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Како што ветив, еве информација за ситуацијата.

Денес бев и ги сменија задните дискови и плочки. Се беше коректно, стварно нема што да се жалам, сите беа супер и брзи, за пола саат можда средија зашто двајца работеа. Направивме и тест возење, засега изгледа океј. Планирам деновиве да ја извозам убаво да видам како ќе биде, ама се надевам дека проблемов е решен.

Ме викнаа да ги видам старите, ама искрено не се разбирам така да мене лично не ми смени. Верувам дека официјален сервис не би се зезал со такви работи, штом викаат ставиле нови за тоа им верувам. На крај не потпишав ништо, после тест возењето го оставивме вработениот и си продуживме само.

Вака откако се заврши се, мислам дека од самиот почеток да имаше подобра комуникација воопшто немаше да има волку нервози и веројатно побрзо ќе се решеше проблемот ако уште при првото одење сликаа откако заклучија дека не се камчиња и прашина. Ама може па без нервозите немаше ни да ги сменат. Не знам што да заклучам еве.

Како и да е, се надевам дека од моментов натаму ќе си уживам во колата без незгодни ситуации.
@micika Значи само уште една работа остана незавршена......да се претстави возилото во темата:Возила на членови :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Како што ветив, еве информација за ситуацијата.

Денес бев и ги сменија задните дискови и плочки. Се беше коректно, стварно нема што да се жалам, сите беа супер и брзи, за пола саат можда средија зашто двајца работеа. Направивме и тест возење, засега изгледа океј. Планирам деновиве да ја извозам убаво да видам како ќе биде, ама се надевам дека проблемов е решен.

Ме викнаа да ги видам старите, ама искрено не се разбирам така да мене лично не ми смени. Верувам дека официјален сервис не би се зезал со такви работи, штом викаат ставиле нови за тоа им верувам. На крај не потпишав ништо, после тест возењето го оставивме вработениот и си продуживме само.

Вака откако се заврши се, мислам дека од самиот почеток да имаше подобра комуникација воопшто немаше да има волку нервози и веројатно побрзо ќе се решеше проблемот ако уште при првото одење сликаа откако заклучија дека не се камчиња и прашина. Ама може па без нервозите немаше ни да ги сменат. Не знам што да заклучам еве.

Како и да е, се надевам дека од моментов натаму ќе си уживам во колата без незгодни ситуации.
@micika Значи само уште една работа остана незавршена......да се претстави возилото во темата:Возила на членови :)

Ете ја - https://forum.carclub.mk/index.php/topic,25810.0.html

Искрено мене колата многу битна ми е, си се поврзувам со неа. Плус преферирам возење, секаде низ Европа бев со Реното без проблем. Се надевам на иста убава приказна и со Шкодава. Утре баш планирам до Врање да ја извовам убаво да видам каква ќе биде ситуација, тоа и ќе и биде прва шетња надвор од државата.  :P

За другово не знам што да коментирам веќе искрено. Пак ќе кажам, само од почеток да имаше добра комуникација, убаво известување дека ќе се реши проблемот (да го признаеја како проблем исто така од старт), и сето тоа што не се случи немаше да има воопшто нервози и препирки. Ама како и да е, во моја корист се реши, па барем за тоа сум среќна.

Реков и кога ја отворив темава дека најмногу ми е за луѓето што тек ќе купуваат да бидат информирани. Можеби некој ќе го има проблемот, ќе ја најде темава, и ќе има повеќе елан да не се откаже и да прифати дека ете така шкрипат кочници на нова кола од салон земена.  :)

Отсутен micika

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #113 на: 04 Април 2023, 17:46:34 pm »
Не ми дава да ја сменам темава, па еве финален апдејт (се надевам  ;D )

Ги сменија задните, пак шкрипеше и на крај ги сменија и предните комплет и сега можам да кажам дека веќе не шкрипи поминаа еве две-три недели сигурно. Ја возев насекаде и по планини и до Солун и по дожд и немам слушнато проблем. Малку сум напната кога возам и само чекам да почнат да шкрипат или ако има кола до мене што шкрипи и ми дава нервен слом.

Ама тоа се на страна, колата засега си вози супер, комотна е, убава е и сум среќна со неа. Се надевам така и ќе остане.  :D

Апдејт - Задните дискови и плочки беа заменети со нови од страна на Порше, проблемот изгледаше дека е решен.
По неколку возење повторно шкрипат и тоа поприлично гласно. Најновото шкрипење по удолница во East Gate Mall.

Здраво на сите, нов член тука и за жал зашто си имам мака со Skoda Kamiq аутоматик, со највисоко ниво на операма и додатоци, платена 27.000 еур.

Ја отварам темава со две намени. Едната е искрено да ги предупредам сите што сакаат да купат Skoda Kamiq па и Skoda воопшто да размислат убаво и убаво да истражат онлајн. И да не земат возило без тест возење до средно Водно и назад и активно користење на сопирачки да видат дали ќе шкрипат. Возилото внатре е убаво и се тоа, ама кога вака се однесуваат при проблеми, за мене тоа е лош знак. Зашто никогаш не знаете дали баш вашето возило ќе има некаков дефект и после Порше ќе ве маткаат и ќе ве прават ненормални.

А втората ако успеам да најдам уште некој со истиов проблем, зашто открив дека од минатата година до сега покрај мене има уште два вакви случаи. Едниот е мануелен, мојата е аутоматик, за третиот немам повеќе инфо. Онлајн најдов и информации дека проблемот го имаат и низ Европа од сопственици на Шкоди што споделувале нивни искуства, и ми се чини дека можеби се работи за поголем и чест проблем, а не нешто инцидентно.

Повеќето од луѓето онлајн што имаа пишувано на крај сами си ги смениле дисковите и проблемот исчезнал. Ама јас искрено немам намера тоа да го правам на нова скапа кола со продолжена гаранција. Пре ќе се тужакам со нив.

Така што, ако сте купиле нова Skoda и сопирачките веднаш ви шрипат и во сервис ме маткаат/маткале, ве молам пишете ми да се преброиме.

Инаку што е проблемот накратко.

- Возило купено и земено од салон на 02.02.2023.
- Речиси на првото подолго возење почнаа сопирачките да шркипат, веднаш пријавив.
- Таму глумеа изненадени, правеа некаков си визуелен преглед, не открија ништо, ме откачија.
- Проблемот продолжи и на 13.02.2023 им ја однесов да ја проверат убаво зашто ем немаше ни 15 денови поминато, ем под гаранција.
- Односот нула, нешто као сликаа, 3 саати во сервис седев, никаква информација не даваат што прават, што се случува. На крај само ми ги вратија клучевите, демек сликале, ќе ме побарале ама не знаат кога. Одбија да ми дадат некаков извештај од сработеното, буквално немам никаков доказ дека сум била таму ни дека нешто е направено. И они ќе решеле според нивните слики дали има дефект или не, а јас немам увид во сликите на пример?
- Ме прашаа дали кочам по удолници? Па после тврдеа дека сите нови коли шкрипеле. Арно ама јас возам 15 години, сум возела и мануелни и автоматици и буквално ниедна кола не ми шкрипела при кочење освен кога им било време на кочниците да се менуваат.

Вчера им пратив мејл дека ќе им ја вратам, не знам што ќе испадне зашто ги нема од 13.02.2023, ама искрено многу сум разочарана. Особено што си го продадов Каптурот што еден проблем немаше за да се нервирам со овие несериозни и нетранспарентни.

Им пишав и на Шкода во Чешка, од таму ми се извинуваа ама сепак Порше биле должни за решавање проблемот. Што кажува дека и они се несериозни, воопшто мува не ги лази како нова кола им е дефектна, а овие тука се однесуваат како тајни агенти не даваат ни информации ни извештаи. Тоа искрено и најмногу ме разочара.

Ако имате искуство со ова или знаете некој што имал би сакала да прочитам дали ги смениле или не сопирачките, што ви рекле, колку време им требало. Инаку според гаранцијата, они имаат 30 дена да го решат проблемот, а според закон нели потрошувачот има 15 дена да врати производ и тука малку контрадикторно. Затоа јас и им побарав враќање на парите, ама којзнае што ќе биде. Искрено после ова екстремно негативно исксутво не сакам никаков контакт да имам ни со Шкода ни со Порше никогаш повеќе.

Поздрав до сите!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #114 на: 04 Април 2023, 17:47:42 pm »
Ај сеа уживај во колата и да прочкрипи и да не. Доста со тоа веќе се замараш.


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #115 на: 05 Април 2023, 07:38:30 am »
@micika ти си прво женско што го знам што слуша што се случува со колата и прати (како што викаш напнато) за евентуален проблем. Камо среќа сопругата барем 10% така да се замара со звуци во колата, ќе имам многу помалку за објаснување  ;D.

Од сега само за убаво и уживање во колата.

Однапред се извинувам за евентуален нервен слом, моите нови задни плочки (Bilstein) шкрипат ама не планирам да ги менувам затоа што ќе треба со дискови комплет, се се надевам сами од себе ќе престанат.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен tisButAScratch

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #116 на: 05 Април 2023, 20:57:03 pm »
Апсолутно и на Шкода Ауто интернационалните им пишав и ги пријавив во Државен Пазарен Инспекторат. Конкретно денес не ми ги спомнаа ни едните ни другите, туку го спомнаа мојот мејл/барање за враќање на парите. А во тој мејл им реков ако не ми одговорат дека на 17.02 (денес) ќе им ја вратам колата. Ама од Шкода Ауто ми пишуваа неколку пати дека го ескалирале случајот и дека ќе ги конктактираат. Така да немам информации ама верувам дека биле во контакт.

Денес и на едните и на другите им пишав за состанокот и наводното решавање на случајот зашто и јас сакам да бидам коректна. Факт е дека ме контактираа, беа океј, ветија решавање на проблемот и ми дадоа временска рамка кога ќе се среди.

Во врска со прашањата за налог, мислам дека имаше. Првиот пат имаше некаков плав лист, мислам тоа беше налогот. Кога рекоа дека нема прашина и камчиња (а денес па едниот спомна имало камче, се гледала линија цел круг, па после вика лошо кочење било во прашање и загревање, имало сменето боја, пак контрадикторни информации ама искрено веќе гајле ми е).

Со тоа што, на сервис ќе те примат, запишуваат во компјутер нешто (немам увид што), после бркаат работа, еве потпишете тука чао чао. И искрено првиот пат некако не ми ни светна што се случува. Вториот пат дека бев веќе така повнимателна, и викам дајте ми копија од налогов, не може, држ не дај. Јас го сликнав со телефон, ама не добив копија од него. Не смеел налогот да излезе од нивниот сервис. А од Рено секогаш ми даваа се, што е сработено како е сработено. Ама ајде да речеме можеби треба да се затвори скроз па да ми дадат НЕШТО (ма да изгледа дека нема). Ама наводно постои и печатена верзија и заведен е случајот во систем. А згора на тоа возачката книшка веќе не им била физички документ туку и таа била кај нив во систем. Значи пак немам увид што пишуваат, што прават, што заверуваат. И тоа не ми се допаѓа баш. Од сега четири очи отворени пред да потпишам нешто. Во Рено пак ќе кажам си имав и книшка и таму фино наведено кога бил сервис, што се правело и потпис и печат од сервисот.

Ја имам оваа апликацијата Шкода што дава инфо на пример кога треба на сервис, промена на уље, такви работи. Ама не гледам ништо поврзано на пример со отворени налози, такви работи. Планирам повеќе за ова да ги замарам кога ќе чекам за промената.

Пак ќе кажам на страна се ова што се случува, ако некој не ти дава убави информации за твоето возило па уште под гаранција и ново, и ти прави спрепки за добивање информации што треба да ги знаеш, не е во ред и праќа лоши сигнали. Ама ајде тоа проблем за друг ден, сега прво ова да се реши.
Во врска со немањето сервисна книшка, после секој сервис им барам да ми испринтаат извод од електронската сервисна книшка. Колку за некоја евиденција.

Oh...All right, we´ll call it a draw.


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #117 на: 05 Април 2023, 21:29:22 pm »
It's called ecology. ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #118 на: 06 Април 2023, 09:58:59 am »
Во врска со немањето сервисна книшка, после секој сервис им барам да ми испринтаат извод од електронската сервисна книшка. Колку за некоја евиденција.

Oh...All right, we´ll call it a draw.



Ова за лична сатисфакција. Иначе во последниве 15 години сите „сервисни книшки“ се во база и нема шо да се замараш. Ако те интересира си вадиш цела историја и то е то. Чиста работа.


Отсутен tisButAScratch

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Одг: Нова Skoda Kamiq со дефектни сопирачки
« Одговори #119 на: 06 Април 2023, 10:05:55 am »
Во врска со немањето сервисна книшка, после секој сервис им барам да ми испринтаат извод од електронската сервисна книшка. Колку за некоја евиденција.

Oh...All right, we´ll call it a draw.



Ова за лична сатисфакција. Иначе во последниве 15 години сите „сервисни книшки“ се во база и нема шо да се замараш. Ако те интересира си вадиш цела историја и то е то. Чиста работа.
Точно така, толку вредност и има тој испринтан извод, само за лична сатисфакција.

Oh...All right, we´ll call it a draw.