Ајде како што е редот да ја покажам новата кола.
Kamiq Style 1.0 TSI | DSG | 110hp, аутоматик, бензинец.
Инаку, продадов Renault Captur дизел од 2016 од којшто бев многу задоволна ама сакав нешто ново. Одамна ми се свиѓаше Kamiq, пред некој месец начекав еден модел во салон на Шкода да го разгледам во живо и си порачав за мене.
И стандардна и дополнителна опрема има доста, вака што памтам:
- Lane Assis
- Front Assist
- Crew Protect Assist
- сензори и камера за паркирање
- греење на седишта и волан (прв пат имам ова и закон работа
)
- Сончев покрив (не се отвара, има опција да се „затвори“ да не смета сонце)
- Keyless entry + stop and start (Renault имаа кул опција сама да се заклучи кога ќе се тргнеш од возилото, тука го нема тоа и уште ми треба навика и проверувам дали сум заклучила
ама барем можам преку апликацијата да ја заклучам)
- Земав трокрак волан, стандард мислам им се двокрак
- Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла (исто прв пат имам, многу кул, вредеше за парите)
- Style Dynamic пакет спортски седишта ткаенина алкантара, алуминиумски педали, мулти функционален кожен спортски управувач, црн кров во внатрешноста, Black Dots декор, амбиентално осветлување
- Електрично отварање/затварање на багажникот (со копче)
- Wireless полнач за телефони, фаќа и со силиконска маска, пресреќна
- Навигациски систем AMUNDSEN со 9,2" екран осетлив на допир, 8 звучници, Web радио
- Smart Link поврзување (безжично за Apple)
- Full LED задни светла со анимиран трепкач
- Алуминиумски фелни PROPUS Aero black 6,5J х 17 со пневматици 205/55 R17
- SUNSET - длабоко затемнети странични и задно стакло
Колата ја земав на 02.02.2023, имам околу 300 километри поминато. Убаво вози, немам забелешки. Комотна е, внатре ми е преубава. Сончев покрив сакам од кога памтам за себе, така да тоа е преубав момент. Не сум ја носела на подолг пат и на автопат убаво да ја извозам, ама вака низ Скопје, до Водно, до Сопиште што бев немам замерки.
Еве слики, не се баш профи тие од внатрешноста, ама мислам се гледа. И ќе кажам дека внатре материјалите ми се свиѓаат, не е некако рандом пластика туку елегантен впечаток остава.