Па прашина и камчиња рекоа дека нема при првиот визулен преглед. Така да тоа не е.
Не знам како поинаку да кажам дека е нова кола од салон земена. Стигна во Скопје почеток на годинава, ја земав 02.02.2023. И да стоела, стоела еден месец и тоа во нивниот магацин беше (барем како што ми рекоа од продажба), значи не на прашина.
Не сум ја перела ни еднаш. Повторно, почна да шкрипи по 3-4 дена возење. Ако одење до Сопиште и назад по асфалтиран пат е некој екстремен терен, што ли ќе биде кога ќе ја носам на вистинска планина или по патишта со песок близу плажи.
Не живеам во пустина за да има прашина на паркинг.
И како за среќа или несреќа, немаше тој период некое сериозно невреме со поплави за да се рече дека биле потопени тркалата во било што. Најчесто ми е паркирана под зграда, таму не ја ни фаќа дожд.
И секогаш ми е многу интересно како некој ќе се фати што ЈАС сум правела за да го имам овој проблем небаре било кој сака ваква непотребна драма. Јас си планирав веќе да одам на пат, ама наместо тоа си го трошам времето со неспособни што не знаат да комуницираат.
Не е потрошен материјал ако е доставен оштетен. Ако купиш нови патики со изеден ѓон, мислам дека ќе сакаш да ги вратиш. А ако ги носиш три години и ти се изеде ѓонот, тоа е нормално и твоја одговорност.
Никој што дава совети тврдам дека не би бил лабав и среќен ако ја има мојава ситуација со нова кола. Искрено и се надевам дека нема да ја има. Не се ситам на туѓи маки, баш напротив се надевам дека некој ќе спаси глава од овие нервози.
И не знам како да ви објаснам дека пред оваа Рено Каптур аутоматик возена под исти околности - не шкрипеше. Пред таа кола мануелна Киа Сид, возена под исти околности - не шкрипеше. По совет со пријатели што возат со години, никому не шкрипат без причина особено не неколку дена по купување на возилото. Така да вие што сте прифатиле како нормална работа, можеби треба да одите на сервис и можеби ако повеќе луѓе ги пријавуваат овие проблеми веднаш наместо да прифаќаат дека ете така се погодило, нема дилерите да се однесуваат вака несериозно.
Кога ќе купиш нешто ново, треба да е во беспрекорна состојба. Се да работи како што треба, без шкрипење, без гребење, без тропкање. Затоа и купува човек ново. Со кола на старо може и ќе се зезнеш, нешто непланирано ќе искочи. Ама кола на ново значи во топ состојба до прв сервис.
И повторно најбитното, сум пријавела веднаш кај нив, така? Нека кажат, однесете ја не перење, возете ја до Стража, кочете нагло, било што. А да кријат работи и да ги нема со денови, тоа е само нетранспарентно и непрофесионално однесување. А ВИП треман е да прво да се фини, второ да ме пуштат преку ред, трето можеби да ме частат нешто како извинување. Обично одговарање и информирање за производ купен пред неколку дена од кај нив не е ВИП третман, тоа им е должност.
И треба да разберете дека немам јас потреба да барам менаџер или директор. Ако вработената смета дека не е нејзин домен, треба да рече извинете ова не е мој домен ќе ве исконтактира претпоставениот. Тоа е професионален однос во професионално претпријатие. Јас можам и да барам познати и другарчиња да ми средат, јасно ми е како иде кај нас. Ама не сакам да го правам тоа зашто нивниот однос не е праведен. Јас направив доволно кога им пријавив еднаш и отидов до таму. Па пријавив втор пат и отидов до таму и чекав 3 саати.
„Извинете. Ќе провериме, ќе средиме, не се секирајте, за толку и толку денови очекувајте одговор.“ Тоа ќе беше доволна комуникација за да ги нема овие нервози. И никој не може да ги оправда зашто јас од првиот момент бев коректна и отворена за соработка, а од нивна страна не добив ништо. И мило ми е што не бев сама за да имам сведок за сите глупости што ги збореа токму за фаците што брзо и лесно заклучуваат како имало неоснован револт.
А за епилог ќе видиме, секако ќе пишам. И вие што сте многу чил ако сакате ќе ви ја продадам уште утре, возете си со шкрипење убава кола, уживајте во неа. Јас ќе си најдам некоја што не шкрипи.