Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 56976 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #345 на: 18 Април 2023, 20:56:19 pm »
Деновиве имаше според мене јаки дождови кои траеја подолго време, дали можам да пресудам после тоа дали од некаде влегува вода или не?
Патосот на допир и на притискање е сув.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3798
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #346 на: 18 Април 2023, 20:58:15 pm »
Брату колку км минеш со колава месечно/годишно?
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #347 на: 18 Април 2023, 21:00:26 pm »
Возам ко баба само до продавница.
Имам поминато 200км после промената на маслото, во просек трошам еден резервоар плин месечно градска, околу 360км.
Лерин ќе одам петок/сабота по водната пумпа и другите делови малку да ја извозам на отворено.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #348 на: 21 Април 2023, 22:52:18 pm »
21.04.2023:
Поминати 178км од кои 10км низ Прилеп (пумпање гуми, перална, земање на луѓе и сл.) и другите релација Прилеп-Лерин(и тука има некој км градска додека го барав каргото) и назад.
Просечна потрошувачка 7.03l/100km.(Мерено со полнење на плин до крај на тргнување и на враќање) (Што според мене е супер потрошувачка споредено со чист бензинец со атмо мотор.)
Да ја освежам темата со некоја слика, земена е водната пумпа, понеделнички ќе се монтира и купен Liquid Car Wax od W5 од Лидл по цена од 2.79€≈170 ден за пакување од 375мл.
Слики:





Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #349 на: 22 Април 2023, 15:24:59 pm »
22.04.2023:
Однесена колата на механичар за промена на водната пумпа. Механичарот ми се јави пред 1ч. и ми рече дека пумпата која била ставена на моторот била поразлична и ми рече да се јавам во продавница за автоделови. Кога се јавив ми рекоја дека пумпата е таа (по број на мотор по каталог) и дека не може да ја сменам бидејќи е купена од Германија. Му реков на механичарот да ја смени без разлика што е различна (мала е разликата едната е со рамен пад на вода, другата е под косина). Исто така му кажав дека Маршер ми рече дека стариот каиш бил подолг за 1 заб и бил изместен. Механичарот ми тврди дека доколку каишот е подолг колата нема да запали. Го чувам стариот каиш дома па ќе му го покажам кога ќе ми ја донесе колата. Дали е можно стариот каиш да бил подолг или Маршер лаже со цел да заработи некоја илјадарка плус?
Инаку колата е несоодветно одржувана од претходните газди и се ставани несоодветни делови (најверојатно од друг тип на мотор - како нпр. мотор со ел. клапна) и поради тоа доста работи откажаа.
« Последно менување: 22 Април 2023, 17:16:14 pm nestor04 »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #350 на: 22 Април 2023, 15:54:31 pm »
Сега ми се враќа муабетот што го водеше @Busav за мајсторот...
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #351 на: 22 Април 2023, 15:59:52 pm »
Теоретски гледано, бројот на запци на ременот нема врска со тајмингот. Колата ќе си запали и работи. Должината и бројот на запци на ременот не го менува односот на ремениците, кој е битен за палењето. Во некои случаи се става подолг ремен заради разни додатни уреди (на пример суперчарџер или сл.). Некогаш подолг ремен (со забец-два повеќе) се става на ист мотор, друга генерација, која има различни затегачи, поголем ролер или сл. Единствен ризик е полесно да прескокне ременот и да го сје*е моторот, доколку затегачот поради должината не може да си ја врши работата, да го држи затегнат ременот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #352 на: 22 Април 2023, 16:10:29 pm »
Сега ми се враќа муабетот што го водеше @Busav за мајсторот...

Слаткар?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #353 на: 22 Април 2023, 16:43:44 pm »
22.04.2023:
*Поофицијално.*
Променета водната пумпа со Hepu P317
Трошоци:
1637 ден. водна пумпа Hepu P317
Работна рака:
2000 ден.
Вкупно:
3637 ден.
Забелешка:
Мајсторот ми рече дека Маршер ставил многу квалитетни делови (каиш и затегачи), но беше малку изгубен од телефонски повици и не запамтил која марка се деловите.
Ми рече дека каишот бил "заебан" поради водната пумпа, но дека има малку километри (6000км.) и една година старост и ми рече дека може да тера уште 2-3 години. Ваше мислење?
Да знаев дека е така ќе купев и каиш.
Едит:Мајсторот беше изгубен нешто прееска и сега се слушнав со него и ми рече дека малку бил истружен странично каишот од помпата и дека може слободно да возам 2 год и да не мислам сега засега на купување на сет со ребраст каиш.
Слики:


« Последно менување: 22 Април 2023, 17:42:01 pm nestor04 »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #354 на: 22 Април 2023, 18:24:34 pm »
Малце така рѓичка да не е полн моторот?

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #355 на: 22 Април 2023, 20:21:49 pm »
Пумпава има видено над 100 и нешто илјади км и е од стариот мотор.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2996
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #356 на: 22 Април 2023, 22:35:45 pm »
А зашо пумпава не ја смени додека моторот не беше ставен во кола?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5665
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #357 на: 22 Април 2023, 22:42:13 pm »
Сменет беше ребраст каиш и пумпата беше проверена од Маршер и ми рече дека е во ред. После толку фалби на форумов јас него му верував и новите делови ги ставив на новиот мотор. Механичарот ми рече дека кога сњ ставаат нови делови ја "затегаат" пумпата и таа почнува да пушта.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #358 на: 22 Април 2023, 22:53:58 pm »
Механичаров некако „гранапски“ муабети тера...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2996
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #359 на: 22 Април 2023, 22:54:55 pm »
 Абе може била добра кога ја проверил ама после почнала да пушта. Плус 100.000 км за водна пумпа се премногу. Афтермаркет водниве пумпи се мењаваат на 5 год или 50.000км