Мала дружба со стариот газда од астрата и наследникот на таа астра.
После подолг кафе муабет и вожња заклучив дека астрата сум ја спасил од преса.
Овој пат ми призна дека ја прегреал.
Story time:
Возел до Струмица и застанал да полни гориво на некоја бензинска Окта и девојка му забележала дека температурата е на максимум.
Чекал да излади 1ч и тргнал да вози до Струмица.
Ја возел така 40 илјади км.
Потоа си тргнал до Прилеп и во Прилеп замрзнала расплињачата(ако добро разбрав).
Мајсторот каде ја сервисирал му рекол да ја отвори капачката за антифриз и кога отворил внатре било кафено и густо(како маст) најверојатно измешала вода и масло.
Мајсторот ја испуштил течноста(маста), пуштил вода да врти и му рекол наредниот ден да тури пак нова вода и му покажал како да ја испушти.
Газдава го послушал и наредниот ден наполнил вода, проверил парното дали работи и наеднаш избило црево од кај ладњакот. Ја повозил низ град кратко и пак избило цревото. Се јавил кај другар да му донесе стеги и антифриз. Ставил стега и ја престегал да не може да избие. Турил антифриз и тргнал за Струмица. По пат пак прегреала и изгубила антифриз. Тој на жежок мотор турил ладна вода и иако бил исклучен моторот тој затресол. Пак извозил 30-40 илјади километри и изгубил парно на -10°C. Отишол кај друг мајстор и му рекол дека термостатот бил оставен отворен и не качувал повеќе од 80 степени. Газдава пак заминал кај легендава во Прилеп и тој му рекол дека моторот сака рамнење на глава и нов диктон и најверојатно поради тоа Маршер рече дека моторот бил пресно отворан.
Инаку тој ја купил во уште поочајна состојба и го молел Битолчанецот Иван (доста познат во Битола за препродажба на коли) да му ја спушти цената на 1750€ иако колата немала серво, резервен клуч(барал 1000 денари за обичен резервен клуч) и тресела на 60 км/ч. имала гуми колку да не вози на бандажи и не можеле никаде да откријат што е проблемот со тресењето и по промена на бандажи, гуми, амортизери итн.
Проблемот сам од себе се решил (така кажува тој).
Доста се толку детали, иако човекот 3ч ми кажуваше што сменил како сменил и дека ден без дефект немал додека ја одржувал. Кога престанал да ја одржува поминал 100.000км во 2 години без некој поголем дефект, односно не менувал дискови (иако плочките фаќале на 2мм и се исплашив кога видов иако колата перфектно кочеше) и ја оставил да треси на тргнување, како мене што ми тресеше кога ја купив(лош сет ламела).
Човеков рече дека можи подкаст да снима за астрата и нејзиното одржување (од лоши мајстори) и купена со измешано масло и вода, и тој како мене (имал 19 години кога ја купил) не отворил хауба кога ја купувал и изгледот го излажал, имала добра линија за годините (како и денес). Исто така мислел и дека има клима и кога дошло лето барал AC копче, но не нашол 😂
Инаку додека била кај него била со здрава гумица на волан (за свирка) шро значи дека или бил менуван или имала малку километри но не била добро механички одржувана.
И на крај една слика
Една слика од времето кога астрата била кај претходниот газда