Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60513 пати)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #300 на: 12 Април 2023, 21:04:16 pm »
Скапана е некаде, треба многу дупење за да најде каде е, никој освен он сам нема да се нафати да губи време да бара.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #301 на: 12 Април 2023, 21:33:04 pm »
Не е никаде скапана, дури подот е по-здрав него надворешно бојата и лимот што е.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #302 на: 12 Април 2023, 21:46:19 pm »
мора да е некаде кај што се согирале лисја ѓубре итн, на некое ќоше напред под маската што е под шофершајбна. Или тој што го пресадувал моторот има нешто заебано

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #303 на: 12 Април 2023, 21:48:29 pm »
Миљарда посто е под шофершајбна,  нешто што влегува внатре,  било кабли инсталација/осигурачи итн  има попуштено некоја гумица и си линее.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #304 на: 12 Април 2023, 21:54:02 pm »
Сите гумици се проверени, што можи да има заебано тој што го менувал моторот?
И летва и пумпа и не знам што сѐ е проверено, гледам шофершајбната дека е 1998, но бројките се различни, ја проверуваа странично, дали е можно да е до незе?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #305 на: 12 Април 2023, 22:22:14 pm »
Epa kako se provereno ama pak ima voda? 😂 Znaci mora nesto negde da zaebava. Ne se praj i ti sea tralala, site ti kazuvaat mora da ima nesto. Ti ne ne, se e provereno se e okej 😁

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #306 на: 13 Април 2023, 01:29:11 am »
Ја имаш извадено пластиката под бришачите?
Под неа ти се одводите за вода, види дали ти се затнати, другс работа таму ти е и решетката за надворешен воздух, да не ти влегува низ неа вода и да ти влегва низ парното?

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #307 на: 13 Април 2023, 06:34:19 am »
Ако и акумулаторот е таму како кај корса Б може и под него да е скапано. Знае тука да се собира ѓубре кое што долго останува влажно.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #308 на: 13 Април 2023, 07:59:54 am »
Ја имаш извадено пластиката под бришачите?
Под неа ти се одводите за вода, види дали ти се затнати, другс работа таму ти е и решетката за надворешен воздух, да не ти влегува низ неа вода и да ти влегва низ парното?
Прво од тука почнав тука нема ни скапано ни ништо, одводите ги чистев и уредно си излегува водата, го вадев и левото подкрило и тука е суво.
Ако и акумулаторот е таму како кај корса Б може и под него да е скапано. Знае тука да се собира ѓубре кое што долго останува влажно.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Поразлично е од корса Б и нема никаде скапано, подобро да беше скапано лимар да го санираше него вака да се дупам сѐ да вадам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #309 на: 13 Април 2023, 08:02:41 am »
Одвои време и извади го теписонот, тргни го на страна да се суши, и вози ја колата некое време без него.

Сигурно ќе најдеш од кај влага вода.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #310 на: 13 Април 2023, 08:54:04 am »
Еве утре пак ќе вадам, вчера извадов скоро сѐ и вратив на место бидејќи страв ми беше да не ми остани некое штрафче фазла, ама не остана.
Од клима фолии и полирање до кај стасав...
Маме опелско...
Златна астра г дизељ... и на масло 20-50 тераше и освен мал и голем сервис немаше проблем, шо малер сум не знам, татко ми 25 год опел вози и не му течели вода в кола...
« Последно менување: 13 Април 2023, 09:29:19 am nestor04 »

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2747
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #311 на: 13 Април 2023, 10:18:38 am »
Јас возев корса ц 1.5 години. Си пушташе вода некаде кај педалите. Не беше ништо претерано па не и се замарав ионака знаев дека ќе ја менам за брзо. Види таму некаде кај педалите или кај летвата од воланот мислам дека пушташе корсата. Генерациски се ист период па верувам многу од дизајнерските решенија се исти како во астрата.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #312 на: 13 Април 2023, 11:06:41 am »
Стигнав скоро до крај, како да го извадам теписонот кој е фатен со шалтерот?



Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #313 на: 13 Април 2023, 14:22:29 pm »
Со мака беше сѐ извадено, истурено преку 5л. Вода на горниот дел од шофершајбната, долу и кај левата страна кај крилото. Внатре ни капка. Дали е можно да е од претходно?
Остана само тој сунѓер горе, но не знам како да го исушам, другиот беше исто полн со вода но е изваден и оставен да се печи на сонце. Би ставал стари весници, би го поминал со правосмукалка колку што е возможно, ама исто како некој да истурил вода внатре толку е водено.
Исто така стигна и клучот од алиекспрес, кога ќе имам време ќе го однесам на клучар и ќе го кодирам со опком.




Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #314 на: 13 Април 2023, 18:24:57 pm »
Несторчееее, барај од каде влегува, а не каде излегува море еј! Напред извади ги пластиките под шофершајбната од таму некаде мора да влегува, ќе ме тераш да палам бенвено да појдам дури фприлеп проблемо да ти го решам.