Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60495 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #285 на: 11 Април 2023, 15:55:25 pm »
Проверена е шофершајбната кај 6 автолакери.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #286 на: 11 Април 2023, 16:45:01 pm »
Тепихот е воден само во предниот дел од колата или исто и позади? Ако е само напред, провери дали пушта од предните врати вода према внатре, ако е и позади провери дали дихтуваат добро штоповите. Кај мене Фордот беше базен само поради штоповите, го решив со жива гума.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #287 на: 11 Април 2023, 16:58:32 pm »
Чудно е што сите одводи и се е проверено и пак е водено, дали е од претходно не знам.
Инаку кај педалите е суво, десно е суво кај менувачот, кај совозачот суво, назад суво, само кај сунѓерот кај нозете кај шоферот е водено.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #288 на: 11 Април 2023, 17:48:54 pm »
Гледам имаш сончев кров, сигурно испусните канали од кровот кај предните подкрила ти се чисти ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #289 на: 11 Април 2023, 19:13:36 pm »
Го изваде мајсторот цел тапацир од кровот, го изваде цревото и дувна и излезе воздух.
Инаку цревото не е кај подкрилото туку кај вратата и назад под браникот.
Сите одводи кои постојат се чистени под притисок.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #290 на: 11 Април 2023, 22:55:38 pm »
11.04.2023:
Порачана водна пумпа HEPU P317 конечно.
Симнав OPEL EPC каталог и преку внесување на број на мотор и број на шасија добив информација која водна пумпа одговара. Се одлучив за HEPU како најквалитетна од сите понудени (цените се тука некаде).
Трошоци: 26.48€ или по курс на НЛБ банка 1637 ден.
Едит:Цената е погрешна на скриншотот, кога пресметував излезе 26.48€, зошто не знам ама едно гиро разлика е 😉
** Во прилог последната слика е код кој може да се искористи пред плаќање на autodoc (без разлика дали порачувате во Германија, Бугарија, Грција или сл.) и кога ќе го внесете тој код добивате 10€ попуст на Вашата нарачка и јас исто така добивам 10€ за тоа што сте го искористиле кодот. 50/50  ;) **
Слики:


« Последно менување: 11 Април 2023, 23:19:03 pm nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #291 на: 12 Април 2023, 10:09:12 am »
Оставив калорифер во кола во гаража и на местото каде што е влажно(малку) ставив дебел слој сода бикарбона као демек ја впива влажноста и мирисите(за ова сум сигурен), ама ги оставив стаклата отворени да испарува и да циркулира воздухот, дали е правилно така?
Минатиот пат колата не сакаше да вергла од што оставив калорифер со затворени стакла да дува 30тина минути.
Изгледа има некоја заштита.
Едит:Бев и кај Малибро и кај Дарко(каде што учев) и креваат раменици...
« Последно менување: 12 Април 2023, 13:12:26 pm nestor04 »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7827
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #292 на: 12 Април 2023, 18:08:12 pm »
Не разбирам зашто не сакала да вергла...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #293 на: 12 Април 2023, 19:04:37 pm »
Сѐ расклопив, не можам да најдам од каде тече, сунѓерот што е кај централната конзола и нагоре накај педалите е скроз воден, подот е чист не е корозиран, тапите се добри.
Ве молам препорачајте мајстор инаку во отпад ќе замини...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #294 на: 12 Април 2023, 19:08:00 pm »
Да не е од казанчето за парното или некое црево шо води до него?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #295 на: 12 Април 2023, 19:08:25 pm »
Накај парното е повеќе водено, но не е мрсно.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6743
  • Бенве сие бенве
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #296 на: 12 Април 2023, 19:09:04 pm »
Ќе му губи антифриз и ќе му биде мрсна шофершајбната (нонстоп нечиста)


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #297 на: 12 Април 2023, 19:09:26 pm »
Па нормално дека немљ да биди мрсно,посни денови се сега пред Велигден. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #298 на: 12 Април 2023, 19:11:14 pm »
Плаќам колку што е потребно само да не оди во отпад, вложив околу 2500€ и не можам да ја дадам така лесно...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #299 на: 12 Април 2023, 19:40:25 pm »
Земи исуши прво се комплет, после пробај со црево со вода на секое место, шофершајбна, па кров, па спој нс врста едно по едно да видиш кај ќе се изводени прво, во денешно време знаеш дека тешко да најдиш поштен човек што ќе вложи време во наоѓање на проблемот.

И пробај исклучи го казанчето за парно, на двете црева под хаубата што одат во него  напрај му мост, спој ги едно со друго со трето црево, да не врти вода низ казанчето, па ќе видиш дали е до него или не.