Сѐ се среди, ама влажниот тепих остана...
Од еден автолимар позајмив правосмукалка за вода и изгледаше суво, почнаа врнежите пак е водено.
Каде да ја носам, што да правам?
Се сомневам во левиот праг(кога се фарбаше и тој беше правен), дали е можно некаде да не е добро "затнато" и да течи од тука?
Дали да барам мајстор или некој сончев ден да го извадам тепихот?
Дали можам сам да го извадам тепихот со вадење на пластиките кај праговите, задната клупа, предните седишта и пластиката околу менувачот и рачната?
Прашања кои ме мачат...
Претходниот газда(кој ја имал до декември 2021) гарантира дека додека била кај него не течела воопшто, а и летото 2022 имаше јаки дождови па внатре беше суво?
Каде да го барам проблемот? Тапациран е кровот, санирано десно предно крило, менувани двете задни крила и чистено казанчето за парно.
Многу мајстори и автолимари велат дека е вода во прашање дека не е до казанчето за парно.