Клабери, искрено ве читам 5 страни и ..... ми делувате ко политичари. Не гледам толкава причина за топката да биде дигната толку високо ....
Работиве зошто како кој колку како се ептен ... Греота е да толку се пишува лошо за Опел небаре некој Кинески бренд е, секоја кола не е случајно така дизајнирана .... ама со вашево континуирано пишување колку не чинела ме потсетувате на политиката небаре во Северна Кореа.
Почит за Зеро, што го долови најважниот момент во прикаската „Зошто на Опел не му оди“. Менаџментот е одговорот. Дизајнери, истражувачи .... се безначајни ако нема кој да ги ангажира и да го зацрта патот на компанијата. Очигледно Опел се соочува со или моментот на лош менаџмент или тест-субјект на работи кои подоцна ќе се имплементираат во САД. Работите се многу повеќе отколку тоа како една кола изгледа и вози. Со светскава криза кај потрошувачот се променија навиките на купување. Прашање е кој од автомобилскиве концерни го сфатија тоа а кои не. Колку сакајте хејтате ... менаџментот во ВЊ групацијата и Корејциве си го сфатија тоа, и затоа денес имаат такви продажби и раст какви што имаат. Јапонците отсекогаш си го имале тој момент само што нив ги утепа скапиот јен. Денес масовно се оди во поглед на намалување на трошоците преку големи продажби и поголема компатибилност помеѓу моделите во групацијата а.к.а. на ти го дај ми го.
За жал, денес нема да има место за сите компании како пред 20 години, сведоци сте за опстанокот на Ровер, Волво (може сум грешка за овие појма нема шо се деси), Застава, Лада ... тешкотиите на Опел, Алфа Ромео, Ланчиа, Пежо/Цитроен ... Кој си го сфатил тоа и преземал дејствија добро, кој не ќе чека или некој Кинез/Индиец да го купи или надгобна плоча.
Парите се дефицитарни денес, тешко се наоѓаат а уште потешко се толерираат грешки.