Автор Тема: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017  (Прочитано 33791 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #180 на: 09 Април 2023, 18:37:45 pm »
Јас ако смеам да пишам у туѓа тема, не сум нешто воодушевен од тоа како лепат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ја сум па презадоволен од нив на Меганот, и доаѓаат до температура побрзо од Мишелините (имам PS4 и на Алфата и на БМВто)
« Последно менување: 09 Април 2023, 20:07:20 pm zeroSignal »

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #181 на: 09 Април 2023, 20:03:14 pm »
Јас ако смеам да пишам у туѓа тема, не сум нешто воодушевен од тоа како лепат.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ја сум па презадоволен од нив на Меганот, и доаѓаат до температура побрзо од Мишелините (имам PS4 и на Алфата и на БМВто)

Да зашто не можеш баш директно да ги споредиш, овие се со 5ката
« Последно менување: 09 Април 2023, 20:07:29 pm zeroSignal »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #182 на: 09 Април 2023, 21:19:38 pm »
Јас ако смеам да пишам у туѓа тема, не сум нешто воодушевен од тоа како лепат.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ја сум па презадоволен од нив на Меганот, и доаѓаат до температура побрзо од Мишелините (имам PS4 и на Алфата и на БМВто)

Да зашто не можеш баш директно да ги споредиш, овие се со 5ката

Да ама општо дури и да не ги споредуваш, не сум бил во ситуација да сум посакал да лепат повеќе, ја возев Стража со 100ка во кривина и гајле немаа. И тоа на некои 8-9 степени надворешна температура, не нешто топло време да речеш.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #183 на: 02 Мај 2023, 10:57:56 am »
Хммм ај пиши како ќе бидат баш ме интересира

свртев 1.000+км со гумиве и првичните впечатоци се доста позитивни

како за спортски настроен модел, најмногу ме изненадува колку се тивки, на брзини до 110 и мазен асфалт воопшто нема никаква бука од тркалата

ги пробав во секакви можни услови, автопат, региоанлни, кривини, нагоре/надоле, сонце, ситен дожд, обилен дожд итн.
накај Охрид одев преку Стража, се враќав преку Дебар, баш заради уживање во кривините

споредено со Бриџстон РФ што ги заменив, во ниеден момент не почувствував „гребење“ на предните гуми при нагла промена на правец и поагресивно влегување во кривина, го нема бучењето како ваљаци при нагло сопирање, а буката кај тие гуми едноставно сметаше, поготово на подолг пат

првично ги исполнуваат моите очекувања, а колку ќе ги задржат овие својства ќе видиме понатака
сега за сега, презадоволен


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #184 на: 02 Мај 2023, 15:58:11 pm »
Драго ми е што си презадоволен. Бар еднаш да се употреби зборот на соодветно место.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #185 на: 03 Мај 2023, 08:21:22 am »
Супер избор на гума.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #186 на: 03 Мај 2023, 10:53:18 am »
Добро ми работат значи колегите. Ќе ги пофалам :)

Ние работиме на iDrive-от :) Мусала.

не знам дали колегите имаат некаква врска со мапите, ама спомни им дека ни во последните мапи не се поместени патарините од Велес до Гевгелија, стојат старите позиции
и дел од новиор пат кај Демир Капија не е пренесен точно ;D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #187 на: 04 Мај 2023, 11:27:51 am »
Хммм ај пиши како ќе бидат баш ме интересира

свртев 1.000+км со гумиве и првичните впечатоци се доста позитивни

како за спортски настроен модел, најмногу ме изненадува колку се тивки, на брзини до 110 и мазен асфалт воопшто нема никаква бука од тркалата

ги пробав во секакви можни услови, автопат, региоанлни, кривини, нагоре/надоле, сонце, ситен дожд, обилен дожд итн.
накај Охрид одев преку Стража, се враќав преку Дебар, баш заради уживање во кривините

споредено со Бриџстон РФ што ги заменив, во ниеден момент не почувствував „гребење“ на предните гуми при нагла промена на правец и поагресивно влегување во кривина, го нема бучењето како ваљаци при нагло сопирање, а буката кај тие гуми едноставно сметаше, поготово на подолг пат

првично ги исполнуваат моите очекувања, а колку ќе ги задржат овие својства ќе видиме понатака
сега за сега, презадоволен

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Малце офтопик, каков е патот Скопје-Охрид преку Дебар? Треба да одам накај Струга за месец дена и не ми се оди баш преку Кичево...

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #188 на: 04 Мај 2023, 11:37:17 am »
Dobar e, slobodno teraj, pred nekolku dena go vozev.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #189 на: 04 Мај 2023, 11:41:27 am »
Од Маврово до раскрсница за Жировница е скроз нов, до излез на Национален парк кај раскрсница за Гари е солиден, од раскрсница за Гари до мост кај улив на Радика е како пресека од Кичевска страна, после се до Струга нема лоши делови, супер е.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #190 на: 04 Мај 2023, 12:30:10 pm »
Малце офтопик, каков е патот Скопје-Охрид преку Дебар? Треба да одам накај Струга за месец дена и не ми се оди баш преку Кичево...

објасни колегата погоре, со тоа што јас кога го возев на повеќе места имаше ситни одрони, си треба внимание
а патот како пат е супер

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #191 на: 04 Мај 2023, 13:09:56 pm »
Поспоро се вози и подолго ќе те фати патот ама барем нема толку многу камиони.

Во поглед на квалитет на асфалт, во моментов две класи подобар од тој преку Кичево.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #192 на: 04 Мај 2023, 14:01:44 pm »
Поспоро се вози и подолго ќе те фати патот ама барем нема толку многу камиони.

Во поглед на квалитет на асфалт, во моментов две класи подобар од тој преку Кичево.

Не ми менува дали ќе стигнам за 3 или за 4 саати, секако ако одев преку Кичево ќе возев поспоро Кичево-Охрид.

Фала ви на сите на инфото

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #193 на: 04 Јули 2023, 15:27:53 pm »
вчера на 75.506км бев на редовен сервис во М-Кар
по километража имав фазла, а временски е после година и месец, ама со оглед на тоа што планирам подолго патување, решив да го извршам сервисот сега



минатиот месец си набавив OBDLink, кој си доаѓа со Апликација каде може да се отчитаат сите податоци за возилото, грешки, кодови, во живо мерење разно-разни параметри, перформанси, забрзувања итн.





поголемиот дел од опциите беа отклучани кај мене, па дополнително средив неколку „ситници“ преку BimmerCode, како собирање/отварање ретровизори при заклуч/отклуч, исклучен старт-стоп систем на палење возило, затварање гепек на копче внатре и даљинско + предупредувачки сигнал (само отварање имаше), звучен сигнал заклучување/отклучување, корнер лајЦ, сменив временски сетинзи, интервали на бришачи, вклучување/исклучување на ПДЦ, дигитален брзиномер итн. итн.

има уште детали, интензитет на светење на позиција, активација на задни светла на позиција, опции за перење фарови, различни сликици за welcome screen ама тоа може понатака ќе видам  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW 430i Gran Coupe M Sport LCI (F36) 2017
« Одговори #194 на: 04 Јули 2023, 16:13:22 pm »
Чекај, чекај, чекај... 100е свекици, 50е промена на свекици?
Аууу, овие се бодат јако.
Среќа тестот што бил краток, за долг тест сигуно 100е земаат..
Штопната стара ти ја остаиле..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.