На 27.11. при стартување на колата ми се појави SOS call system failure.
Го прашав Гугал што мисли за проблемот и 2 работи беа како можни сценарија:
- цркната батерија на emergency модулот
- цркнат emergency модул
Го кликнав копчето да видам што му е улогата и дали има некаква кај нас и се поврза на 112. Им се извинив за повикот со оправдување дека по грешка сум се јавил.
Значи модулот е во функција, остана батеријата.
Батеријата е мала, 330мАч и е составен дел од модулот.
Зајебот е што џерман инџињеринг одлучил модулот да го постави на таван, под антената, над тапацирот, па за замена е потребно време и посветеност.
Дочитав на интернет дека имало и серии со фалични батерии кои ги заменувале во гарантен рок.
Грешката како грешка се избриша сама од себе на 2-3 пати, но повторно се појавуваше. Постојат луѓе на кои не им смета и си возат така, пошто е небитна. Ми беше предложено и софтверски да се отстрани, но без гаранција до кога.
Како и да е, ги посетив М-Кар, им објаснив каков проблем имам и знаеа веднаш за што се работи, со тоа што заради специфичноста на задачата, рекоа дека најдобро е колата да се остави наутро и да се сработи натенане. Па така минатата недела, закажав прв слободен термин, т.е. денес. Ја оставив во 9:00, ја земав во 15:30.
Да пишеме во китапот, на 70.933км заменета батерија на модул на телеметрија.