се прошетавме летово на апсолвентска, па да споделам некое инфо
прво околу точноста на Виа Мишелин

он прорачуна дека трошокот за гориво и патарини ќе биде околу 1.150 еур, очекував дека ќе биде препесимистички за горивото, ама очекував поголема точност за патните трошоци
иако се задржав до оваа рута, наместо предвидените 186еур, мене ми испадна 277, што е прилично големо промашување
ги има чекорите во рутата, ама ме мрзеше да барам и споредувам заради што се јавува разликата
од друга страна, трошокот за гориво го утна бајаги во плус и во реалност испадна скоро дупло пониско (ве сетинзи се внесени параметрите за возилото и некоја средна цена на гориво која ја пресметува)
Инаку гепекот собира голем куфер, среден куфер, неколку торби со потребштини, 2 столчиња на склапање, чадор за сонце итн.

на долг пат количето се покажа супер
возев во секакви услови и скоро сите годишни времиња не заредија

многу време изгубивме заради работа на пат и застои, а вреди да се напомене дека и во ЕУ има многу неписмени кои не разликуваат на патарина лента за кеш/картица/телепас


од патот, ќе го извојам оној покрај азурен брег и безбројните тунели, Монте Карло и Словенија
за потрошувачката пишав во другата тема, па тука ќе се само цитирам:
ЛукОил Автокоманда - Милано - Кан - Ница - Монте Карло - Чинкве Тере - Пунта Марина (Равена/Римини) - Селце - ЛукОил Автокоманда
на автопатите 130-150 на темпомат, во зависност од ограничување и сообраќај, регионалните по знаци или +10 од знаци
Милано-Кан премногу гужва и премногу работа на пат со застои, обратно исто, гужви по патарини
Монте Карло еден инсталациски и еден квалификациски круг 
границите натаму/наваму одземаа вкупно околу 1:30-1:40 мин.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
на дигитрон вели дека за 3.873км испило 284,63л бензин, што ќе рече дека борд не лаже 
и некое дополнително сликиче







презадоволен од последните 4.000км