Јас на волвото кога го земав уште првиот ден тестирав фронт асист. Ме интересираше како работи. Ставив стиропор и тоа прилично мало парче, тргнав, и кога стигнав пред него колата се укопа (без да кочам воопшто). Дури и незгодно е чувството кога кочи сама.
Ама ме извади еднаш од онаа класична грешка, вртам на десно, ползиме неколку коли, се вртам на лево да видам дали доаѓа кола од таму, овие пред мене кочат, јас уште си гледам на лево и ме спаси колава. Викам, веќе се исплатеше системот
Е сега ми има и закочено неколку пати пред рампа на паркинзи и на патарини, кога возиш со 10-15км/х ама и се гледало ваљда дека нема да закочам и вади од памет.
Кај мене работи само до 50км/х системот. Сигурно се различни кај различни производители, па ете во случајот на Дачиата ако не кочи за пешаци и велосипеди не можеш да го репродуцираш лесно моментот.