Автор Тема: Dacia Sandero Stepway 2021 автоматско предупредување и сопирање напред проблем  (Прочитано 8906 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Сите сензори си имаат свои „моменти“. На Сузуки сензорите рецимо регираа на банкини, па ги поправаа нешто. Мене ми се случило рандом сензор да ми изреагира на кола што проаѓа под прав агол пред мене на семафор, на 20-30 метра од мене.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 496
@spike15_mk фронт асистентот го немам тестирано, баш заради специфичните услови за активирање. А треба да се активираат и на коли, пешаци, велосипеди... Сепак, ги третирам како системи за помош, а не оставање целосна доверба во нив.

Паркинг системите ги имам тестирано, за нив е лесно, бидејќи секое движење на коли, пешаци ми ги прикажува на дисплеј, плус одма сама кочи ако излезат во линија на движење, а сетоа тоа и со брзина од 1км/ч.

Провери на јутуб, кога се активираат на дачиа и пробај да ја повториш ситуацијата.

Друга работа, покриј го сензорот со фластер со нешто и пробај да возиш. Кај мене, во густа магла прекинува со работа и на дисплеј појавува дека е исклучен...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
@spike15_mk фронт асистентот го немам тестирано, баш заради специфичните услови за активирање. А треба да се активираат и на коли, пешаци, велосипеди... Сепак, ги третирам како системи за помош, а не оставање целосна доверба во нив.

Паркинг системите ги имам тестирано, за нив е лесно, бидејќи секое движење на коли, пешаци ми ги прикажува на дисплеј, плус одма сама кочи ако излезат во линија на движење, а сетоа тоа и со брзина од 1км/ч.

Провери на јутуб, кога се активираат на дачиа и пробај да ја повториш ситуацијата.

Друга работа, покриј го сензорот со фластер со нешто и пробај да возиш. Кај мене, во густа магла прекинува со работа и на дисплеј појавува дека е исклучен...

Ова со фластеров ти е ОК идеја и може да се проба. Тнх
...And Justice For All

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Јас на волвото кога го земав уште првиот ден тестирав фронт асист. Ме интересираше како работи. Ставив стиропор и тоа прилично мало парче, тргнав, и кога стигнав пред него колата се укопа (без да кочам воопшто). Дури и незгодно е чувството кога кочи сама.

Ама ме извади еднаш од онаа класична грешка, вртам на десно, ползиме неколку коли, се вртам на лево да видам дали доаѓа кола од таму, овие пред мене кочат, јас уште си гледам на лево и ме спаси колава. Викам, веќе се исплатеше системот :)

Е сега ми има и закочено неколку пати пред рампа на паркинзи и на патарини, кога возиш со 10-15км/х ама и се гледало ваљда дека нема да закочам и вади од памет.

Кај мене работи само до 50км/х системот. Сигурно се различни кај различни производители, па ете во случајот на Дачиата ако не кочи за пешаци и велосипеди не можеш да го репродуцираш лесно моментот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер

Да, на различни коли различно работи. Нормално дека на Волво ќе работи подобро сензорот отколку на Дачиа во секој случај.
...And Justice For All

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
https://youtu.be/whGnMvTyBfA

Дени, го имам гледано видеово, аспсолутно врска нема со Дачиата за жал. Ако се улетам накај друга кола чисто ќе ја слупам :)
...And Justice For All

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Шо вика упатството од колата, сигурно има дел за оваа работа, да не е исклучено пак кај тебе, да не се активира некако?

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Шо вика упатството од колата, сигурно има дел за оваа работа, да не е исклучено пак кај тебе, да не се активира некако?

Има дел секако. Тестовите се направени според упатството. Се активира/деактивира со клик на MediaNAV-от. Кога е исклучена опцијата на табла свети жолт знак што те предупредува дека Active braking is OFF.
...And Justice For All

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Џабе не рекле, земи Дачија па плачи ја. :)

Овластениве секаде се тапа да не мислиш поинаку. Ако компјутерот не им покаже проблем не се замараат ни 0.0000000001%, а ако им покаже проблем освен замена со нов дел за друго не ги бива. Кај тебе може е усер еррор или си имал преголеми очекувања, а реалноста на системот е друга. Ако стварно не ти чини системот (по изгледани 1000 видеа на јутуб и прочитани прирачници) најдобро ти е да им пишеш и тоа секој ден, директно во дачиа фабриката, зошто со нашиве нема да можеш да се разбереш никако.

Со лесно во решавањето на проблемот, ептен крши филм било каков проблем на нова кола. Тоа е што е

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Чудно ми е малку тоа да треба да се замараат да поправаат дел на кола под гаранција.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Се испостави дека нема никаков проблем, се читаме ли?!

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
@Mikius од овластен му рекле се е ок, на компјутер не покажува проблем. На овластен однеси им од отпад кола, ако на компјутер им покаже дека е ок, тие веќе понатака не се замараат.

Инаку најлесно им е да поправат дел под гаранција или не. Мене ретровизорот нешто ми се зезна не се отвараше, пријавив за недела две ме викнаа во сервис замена за нов дел и ајт. Нит се замара да поправа нит ништо. Стариов дел или го враќаат назад или го поправаат па продаваат во приватни гаражи што си работат по работно време и сите се среќни и задоволни.

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Се испостави дека нема никаков проблем, се читаме ли?!

Здраво Влатко,

Да секако дека те читам, веќе ти одговорив уште вчера, и ти се заблагодарив на убавото објаснување на прва страница(може го немаш прочитано).
...And Justice For All

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Чудно ми е малку тоа да треба да се замараат да поправаат дел на кола под гаранција.

Проблем е што викаат дека нема проблем(нема реален тест што може да се направи според нив). Претпоставувам да им покажеше на компјутер дека има проблем, ќе го сменеа без мака.
...And Justice For All