Автор Тема: Dacia Sandero Stepway 2021 автоматско предупредување и сопирање напред проблем  (Прочитано 9147 пати)

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Другари,

Ми треба инфо/помош очајно, затоа што при крај сум со нерви. Купивме нова кола Dacia Sandero Stepway 2021 пред 2 месеци. Системот за автоматско предупредување и сопирање напред - радар сензорот(ADAS/AEBS), не работи ! Покрај тоа што не работи во град или на автопат(со врзан појас секако, опцијата е пуштена), пробав и сам да го тестирам.
Со препрека од картон(повисока и поширока од возилото) со брзина од 7, 15, 20 и 40 км/ч ниту еднаш не ме предупреди ниту пак закочи.
Тестирав и со човек пред возило со брзина од 15 км/ч не закочи.
Тестирано на автопат со брзина од 120 км/ч(залепен на метар од друго возило), повторно немаше предупредување ниту автоматско сопирање.

Како само ме шутнаа од Аутомотив е дури страшно. Едноставно нивниот одговор е " Го ставивме возилото на компјутер се е во ред со сензорот ". Аха, ок а ова што не работи им велам ? Тоа не може да се тестира на друг начин. Сите тестови што сум ги направил се не валидни ! Толку беше.

Ќе ве замолам за инфо, аспект некој член да има има исто возило-за споредба да направиме, информација или што и да е друго поврзано со ова. Затоа што главата ме боли-купив ново возило да не одам на сервис.

Частам за била каква помош !
...And Justice For All

Отсутен martin_golf5

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Каков сервис, какви совети, какви глупости! Носење колата пак у овластен и оставање додека не ја направат. Ако не тогаш со инспекција и чао.

Sent from my SM-N920C using Tapatalk

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Каков сервис, какви совети, какви глупости! Носење колата пак у овластен и оставање додека не ја направат. Ако не тогаш со инспекција и чао.

Sent from my SM-N920C using Tapatalk

Здраво Мартин,

Значи тука е проблемот, тие викаат се е во ред ! Тие не ми викаат не ти ја правиме/проверуваме. А тоа што тебе колата во ниту една ситуација не ти кочи-е тоа не можеме да го провериме. Ние само на компјутер ја ставаме и тоа е тоа. Фала пријатно. Не сме овластени за друг метод на тестирање на тој сензор. Толку. Ако компјутерот вика нема грешки толку.
Јас им викам, ама луѓе, не сум глупав знам што зборам не работи. Ма јок. Ништо.
...And Justice For All

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Пиши директно во дирекција за балкан, во фабрика, во претставништво, пријави во заштита на потрошувачи, или наједноставно, најди пријател/врска кој ке ја прегледа, тие возила се под рено групација, пробај и во овластен рено сервис нешто,
хрватите се за македонија србија балкан одговорни за дачија/плачи ја...

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Чим нема грешки на компјутер замоли го некој од сервисерите да застани пред кола кога бегаш од сервис, ако е во ред ќе закочи.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Пиши му директ на Дачиа.
Објасни му го проблемот и реакцијата од сервис.

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Пиши директно во дирекција за балкан, во фабрика, во претставништво, пријави во заштита на потрошувачи, или наједноставно, најди пријател/врска кој ке ја прегледа, тие возила се под рено групација, пробај и во овластен рено сервис нешто,
хрватите се за македонија србија балкан одговорни за дачија/плачи ја...

Па од кај нив ја зедов, со нула километри :) Ќе се обидам да видам да пишам меил до некој друг, мада не ми се верува дека ќе има многу помош, како групација секоја држава си е засебна, не дека ќе направат ништо. Ние сме ставени во некој EMEA или CMEA регион на кој и баш не им е гајле за нас. Ама ќе пробам.

А за законот на потрошувачи си помилив, ама да не заборавиме каде живееме. Секогаш ќе имаат поголеми врски од нас и пак никому ништо на крај.

Си помислив и да тркнам до Бугарија или Србија во нивниот официјален сервис...
...And Justice For All

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Документирај видео запис и пушти му во Дачиа и пипи им за не осносот, ќе си регулираат тие со салонот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Чим нема грешки на компјутер замоли го некој од сервисерите да застани пред кола кога бегаш од сервис, ако е во ред ќе закочи.

Го понудив тоа, ама јас да застанам, а тие да возат. Не се нафатија.
...And Justice For All

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Документирај видео запис и пушти му во Дачиа.

Па и ова ќе го направам. Жално е што купуваме нова кола за да не одиме по сервиси и стигаме до ситуација каде официјалниот сервис не му гајле. Продажба топ, грижа за корисници нула !
...And Justice For All

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
https://www.whatcar.com/news/dacia-sandero-given-disappointing-two-star-safety-rating-by-euro-ncap/n22910

Explaining its rating, Euro NCAP said that while the Sandero’s radar-only automatic emergency braking system can detect other vehicles and avoid collisions with them, it doesn’t prevent crashes with pedestrians or cyclists.

Значи не работи да препознае пешаци и велосипедисти, а начинот на кој си го тестирал со друг автомобил и картон пред тебе мислам дека не е валиден. Треба со константна брзина да си возикаш и наеднаш да закочи автомобил пред тебе и тогаш да видиш дали работи. Ама веќе тоа е голем ризик.

Active between 4 and 106mph (6-170km/h), a radar sensor located at the front of the vehicle identifies the distance to the car in front. The sensor triggers an audible and visual warning if there is a risk of collision with the vehicle in front, followed by increased brake force if the driver has applied the brakes but there is still a risk of collision. If the driver fails to brake hard or soon enough, the brakes are automatically activated – or more forcefully – if required.

Здраво Влатко,

Фала на убавото објаснување и на линкот. Според ова си тотално во право. Иако е чудно, ако се залеташ пред друго возило пред тебе пример, барем очекуваш прво предупредување(затоа што реално многу се лепев и сам). На крај можно е и јас да сум грешка, не викам не. Очигледно најдобро ќе биде друго исто возило да најдам и ако се понаша исто тоа е тоа. Ама, според ова што го имаш пишано тоа е тоа. Не ми текна ич на NCAP извештајот да погледнам.
...And Justice For All

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 531
Front assistant-от за да се активира треба да исполни одредени специфични услови. Кај Дачиа незнам точно кои се, ама еве пример кај мене на Октавиата.
Во 10.000км, досега само 3 пати се активирал, од кои еднаш и со кочење.
- 1 ситуација - незнам зошто ме предупреди, се престројував во друга лента, во другата лента немаше кола....
- 2 ситуација - заобиколував кола на булевар, која се качуваше на тротоар, ама ја заобиколив без жмигавец, бидејќи зад мене немаше кола плус требаше само да ја згазнам линијата. Се активира line assistant-от кој проба да ме врати во лента, а со тоа и удар во колата пред мене.. автоматски се активира и звучно/визуелно предупредување на front assistant-от и самостојно кочење на колата...
- 3 ситација - на семафор, трепкачко зелено, забрзав, а после семафорот колите почнуваа да кочат, ме предупреди за коли пред мене....
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Front assistant-от за да се активира треба да исполни одредени специфични услови. Кај Дачиа незнам точно кои се, ама еве пример кај мене на Октавиата.
Во 10.000км, досега само 3 пати се активирал, од кои еднаш и со кочење.
- 1 ситуација - незнам зошто ме предупреди, се престројував во друга лента, во другата лента немаше кола....
- 2 ситуација - заобиколував кола на булевар, која се качуваше на тротоар, ама ја заобиколив без жмигавец, бидејќи зад мене немаше кола плус требаше само да ја згазнам линијата. Се активира line assistant-от кој проба да ме врати во лента, а со тоа и удар во колата пред мене.. автоматски се активира и звучно/визуелно предупредување на front assistant-от и самостојно кочење на колата...
- 3 ситација - на семафор, трепкачко зелено, забрзав, а после семафорот колите почнуваа да кочат, ме предупреди за коли пред мене....

Па да, генерално и ја очекувам вакво нешто. Ама сигурно другачије работи сензорот на Шкода и сензорот на Дачиа. А кажи ми, си пробал намерно да го тестираш, како ја на пример ?
...And Justice For All

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Кај мене ба камионот кога е уклучено Ацц,кога се лепам до некој и притоа држам на гаста  не реагира,ако ја пуштам тогаш одма реагира чим сум поблиску од предвидената далечина.
Види и некои видеа на Јутјуб.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D