Откако Симо реши да го продава МиТото, убаво опремено со кожни седишта, не можев да се помирам да нема МиТо со кожни седишта на CARclub, па си купив Pelle Frau кожни седишта со греачи и потпирач за раце
Горните две слики се во процес на чистење, иначе беа гнаснички па конечно се искористи средството што
@Diesel ми го испрати кога ми ги праќаше и патосниците. Излегоа џам.
Ова е возачкото, разбирливо најоштетено, ама ништо што Додо не може да среди - всушност веќе се договоривме да среди уште пред да ги купам.
Причата како ги најдов:
Како и секој муж, си скролав огласи викендов, и излезе овој оглас:
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=5242050Јас и мојата пажња на детали приметивме дека седиштата што ѕиркаат од внатре се невообичаено сјајни, па нормално веднаш пишав на продавачот дали се кожни. Ми потврди, и отидов да ги видам, секако дека беа малку оштетени, па одма си свртив кај Додо, му пратив слики, ми рече "се средува", ми кажа ориентациона цена, и отидов назад со понуда до продавачот, што испадна дека му одговараше, па си ја прифати.
Во процесот ми беше доста битно да ми ги даде и конекторите и за двете седишта, и за прекинувачите за греачите, зошто без нив ништо не правиме кога ќе дојде време да се врзат греачите.
Непозната во оваа равенка ми е уште греачите на седишта. Прашав неколку електричари, не се нафаќаат да пуштат инсталација и да поврзат, па ако имате некој кадарен и храбар, пуштајте контакти