Благодарение на људината која е
@Diesel, на 20 окромври 2023 и 167.100 километри, МиТо Бекријо си доби нови, новцати, OEM патосници од MiTo Facelift.
Карго Експрес Битола се осигура патосниците да патуваат 4 и пол дена од живеалиштето на клаберот Дизел на југот на Македонија до Скопје, а скоро идентично време беше потребно да стигнат од некој германски магацин до локацијата на Дизел во Германија, и потоа од Германија па сееее до домот на Дизел во Македонија. Клаберот е стварно внимателен и се гледа дека му било мерак да ми учини услуга по пакувањето на патосниците:
Стигнав дома, почнав да ги отпакувам, и сфатив дека
@Diesel нешто мути...
Поклонот за мене е Sonax MultiStar, а другото средство за нега на кожа ќе биде за MiTo-то на
@Simo - Carrier159 .
Цар од човек.
Продолжив со отпакување и сфатив дека ова е прво OEM нешто што го купувам ново. Многу ми е мерак:
И идеме да видиме што сум толерирал до сега, исклучиво зошто некој
стварно се потрудил машински да ги извезе патоснициве во Швајцарија:
Уредно спакувани за ако колата некогаш се продава и некој нов купувач сака да се ценка. Ќе му спуштам цена и ќе сиги добие старите патосници
И еве како си легнаа новите:
И бонус тизерче, еве зошто ми требаа знакчињата што ги подаруваше
@fuzzjaw, иако мислам дека нема да ги касапам бидејќи го сакам стариот беџ со златните детали:
Јас сум
презадоволен. Квалитетот на теписонот е класи и класи над она што може да се купи кај нас, опшивката е синтетичка кожа, шаблонот е OEM и го покрива цел простор за нозете совршено.
Меки се, теписонот е густ... Само суперлативи. Кој може да си дозволи, ОЕМ патосници се the shit.
Уште еднаш неизмерна благодарност до
@Diesel, тебе би ти дал и златни прачки на чување, а не па своја кола на дитејлинг. Се гледаме на југот наскоро