Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 71421 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #660 на: 10 Август 2023, 19:55:00 pm »
Мојот имаше луфта на плочата - ако го легнеш замаецот на земја и ја притискаш варијабилната плоча кон земјата, пропаѓаше по 10мм. Чувај си го твојот за резерва, зошто редовна цена во МК е околу 18-19 илјади :)

Нема кај мене таква луфта, ама лево десно за да го мрдам се чувствува отпор од федерите.
Иначе знам за цената, знам и јас бравото кога го земав за недај боже свесен бев дека има само два потенцијално скапи дефекти, сетот ламела и менувачот кој е 6 степениот М32.
Кај тебе истиот менувач е ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #661 на: 10 Август 2023, 21:26:24 pm »
Ааа, @MartinAlfista сакаше да избегне скапи дефекти, па не зема кола со M32 ;D ;D ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #662 на: 10 Август 2023, 22:48:57 pm »
Ааа, @MartinAlfista сакаше да избегне скапи дефекти, па не зема кола со M32 ;D ;D ;D

Кај ќе ми беше крајот да требаше и лагери (како тебе) и замаец да менувам... ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #663 на: 10 Август 2023, 23:27:59 pm »
Отиде ногата низ патос сега. Мајсторот вика Валео се познати по overassistance, односно појаки хидраулични друк лагери и послаби федери на потисна.
И така првите 5.000км, после камен! :D :D :D

После ќе менува master/slave цилиндар.
:)

Наздравје сервис.
Него.... како осети дека ламелата е за менување?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8585
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #664 на: 10 Август 2023, 23:31:30 pm »
Ааа, @MartinAlfista сакаше да избегне скапи дефекти, па не зема кола со M32 ;D ;D ;D

Чичо, мандарините поскапеа, турбината ја подмачкуваш ли против чести промени на временските услови? :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #665 на: 10 Август 2023, 23:56:27 pm »
Отиде ногата низ патос сега. Мајсторот вика Валео се познати по overassistance, односно појаки хидраулични друк лагери и послаби федери на потисна.
И така првите 5.000км, после камен! :D :D :D

После ќе менува master/slave цилиндар.
:)

Наздравје сервис.
Него.... како осети дека ламелата е за менување?

Фала ти :) Master cylinder кај овие мотори/менувачи е истиот дел со друк лагерот. Така го решиле итаљаните.

Да не се повторувам за причините што "чачкав мечку у п*чку", ќе се самоцитирам.

Слушнав минијатурно цивкање при влегување во тивката гаража, и звукот се менуваше на притискање/отпуштање куплунг.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #666 на: 11 Август 2023, 00:16:40 am »
Master cylinder се наоѓа кај педалата од куплунгот, slave cylinder е хидрауличниот друк лагер.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #667 на: 11 Август 2023, 06:54:04 am »
Ааа, @MartinAlfista сакаше да избегне скапи дефекти, па не зема кола со M32 ;D ;D ;D

Кај ќе ми беше крајот да требаше и лагери (како тебе) и замаец да менувам... ;D

Јас одма му сменив масло во менувач превентивно. Нема никакви звуци од менувач или било што.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #668 на: 06 Септември 2023, 09:09:03 am »
Славиме 2 години и 22.000 километри MiTo ownership во Лефкада 🥳

Патешествие во кое се вратив на единствениот бренд на автомобили што ми буди некаква емоција, си исполнив сон од детство, научив многу за фразата "пушти нозе колку што е долга чергата" и извозив до дестинации кои секогаш сум сакал да ги посетам.

Малце статистики:

- 22.000 поминати километри

- 8.6 литри на 100 км просечна потрошувачка
  - 5.7 литри на 100 километри како најниска (СК-ОХ-СК)
  - 11.3 литри на 100 километри како највисока (Скопје локал)

- 126.000 денари дадени на оправање дефекти
  - 5.260 месечно во просек
  - 36.000 денари најголем дефект
  - 200 денари најмал дефект ;D

Во моментов MiTo-то е во целосно исправна техничка состојба и вози малтене како нова кола (зошто и онака се од подвозје е ново). План е да се продолжи по таа насока додека колата е кај мене, без разлика колку ќе кошта тоа :)

Општ впечаток низ последните 24 месеци е како и за сите Алфи што ги имав до сега - кога работи како што мајка Италија намерила, ме прави среќен за изборот, наградува со возбуда при возење и секое седнување во седиштето...

...ама кога не работиии... преса ;D

Планови за следните 12 месеци немам некои преголеми, освен следните:

- мал сервис откако ќе се вратам од одмор
- регистрација
- paint touch up и полирање во домашни услови
- да го фарбам воланот пак бидејќи домашното фарбање траеше околу 18 месеци
- ремап во Струмица кај мајсторите што му ја ремапираа Giulia-та на @Borce-Fiat
- ако се десат некакви животни промени, може да оди на продажба или да се купи нешто поевтино, или да се купи нешто поново и поскапо

Фала на пажња, до следно читање,
Ваш @MartinAlfista

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6437
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #669 на: 06 Септември 2023, 09:15:17 am »
Лепота, браво како си ја одржуваш колата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #670 на: 06 Септември 2023, 09:31:39 am »
Една ставка ме орасположи многу. Супер! :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #671 на: 06 Септември 2023, 09:52:27 am »
Една ставка ме орасположи многу. Супер! :)
Ремапче? 3 пати подобро од плин :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #672 на: 06 Септември 2023, 09:53:36 am »
Со плин се скаравме, на почеток ми беше болна сумата за гориво ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #673 на: 06 Септември 2023, 18:57:33 pm »
...и извозив до дестинации кои секогаш сум сакал да ги посетам.

Важните моменти. Да си уживаш во колата. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #674 на: 06 Септември 2023, 19:02:48 pm »
...и извозив до дестинации кои секогаш сум сакал да ги посетам.

Важните моменти. Да си уживаш во колата. :)
Дестинациите: Мајстор за ламела, мајстор за ребраст, мајстор за подвозје, мајстор за клима, мајстор за електрика, центрирање... :D :D :D